Немаат запишано во книшката? Кај нас со моливче имаа напишано датумите и кои вакцини ќе ги прима тогаш. Првиот пат на 11 недели примаше рота и шестовалентна, а на 19 недели примаше рота, петтовалентна и превенар.
Може да ми кажете за што зборувате или да ставите слика? Барав погоре не можам да најдам, а очајно ми треба помош.
Запишано ни е за 5 недели после првите. Прво ги прими сите 3 оддеднаш. Според коментарите од други членови рано е за следни вакцини бидејќи ќе е 3,5 месеци, на пишаниот датум.
Спојлер Може кај мене брзо има резултат зашто ставам од серумот и овие багабонтите не ме оставаат да се избањам, па ја мијам дури утредента Мрсна си седам два дена, маж ми пред некој ден ми рече ‘Избањај се те молам’
По она што имам читано рано е растојанието, ај за возраста ете и други пишале дека пред 4м ги вакцинирале. Јас би почекал до 4 месеци или бар да помине уште една недела. Датумит што го запишуваат не е обврзувачки туку најрано кога може, а сепак имаш доволно рок и за ротата да не се доцни. Сепак твое дете, ти одлучуваш.
Пак се враќаме на она секој вакцинален пункт, своја политика. Ама добро е бар рота ви дале, па за другите има време ќе ги прими. Големото од одредени здравсвени причини го вакцинирав после година, па до 4 години се влечкавме додека ги прими сите вакцини. Тргна во градинка од 1,5година и после тешко се фаќаше период здрав за да може да прими. Затоа за ова фатив ред одма, додека е дома и додека цица да завршиме со поголем дел од вакцините.
Може поголемо е бепче, моево е 6 кила, не е крупно. И јас конечно да осетам што е бебе да се буди навечер. Арно вика мајка не се фали многу многу да не те урочат. Не дека верувам де... ама синоќа спиеше од кај 6ипол-7 до 2 без да стане, јас го дрмав да цица, да го преслечам, и од 2 до сабајле до 7ипол стануваше на точно саатипол. Ама мака има сирото, носот му е полн секрет, вадиме со аспиратор, чистиме, ама џабе, се полни. На цицање кркори од носот. Сега заспа па да испијам кафе и да направам појадок и кога ќе стане ќе се спремиме да одиме на шетање, кај 11ипол ќе искачаме ако не дува.
Како ви заспиваат деца во 6-7 попладне и до сабајле? Макар и со станување. Моево може да има само дремка тој период. Па после тоа да се натегаме до полноќ за заспивање. Е сега спие и до 8-9 наутро со едно станување во главно ама во секој случај не се случило пред 22:00 да заспие. На две мои пријателки исто едното спие од 19:00-07:00 наутро Другото од 21:00-08:00 наутро
Штом се стемни гасам светло и намалувам тон, разладувам дневна и тука најчесто заспива, па го префрлам, ако го заспијам и оставам одма во спална се буди, сака галама тивка и да бидеме до него, така цел ден спие. Се тргнеш ли од него одма очи отвара. Е сеа кога ќе успие цврсто сакаш од прозор џитни го нема око да му трепне. Јас дека навикната од 9 до 8 сабајле со 1 будење или 2 макс, тешкичко ми е денес, се ме боли.
Ништо не направив, сам така си темпира. 19:00-20:00 најкасно до 6.30-7:00 сабајле. Освен на сред скок кога е, како сега, па со изгрејсонцето станува спремен за лудување. Вчера во 19:00 точно заспа, уште ден беше, тој комиран. Првиот месец заспиваше во 22:00, вториот во 21:00, третиот месец 20:00, четвртиот почна во 19:00, ама нели се помести саатот и пак во 20:00 испаѓаше. Сега исфрли последна дремка и зависи кога станал последно, заспива 19-20ч.
Ротата ја пропуштивме бидејќи бебе беше болно тогаш. Шестовалентната ја ставивме покасно, а петовалентната ни ја закажаа за еден месец од примената шестовалентна. Сега ве читам за растојаниево од мин 45 дена и се збунив малце.. Да не е дека покасно ја ставивме шестовалентната па толку брзо?
Настинати сте? И мојатс од сабакјле почна да кива постојано имко да и се растекува носето Каков аспиратор користиш?
Мајки спремете ме што да правсм со растечено носе кај бебе? Мислам ќе и се растече.. А и ја сум па сега како настината исто со кивање и нос чешма Што гаден вирус ќе беше ова
Чистење на носето со аспиратор Фрида од Зегин и прскај му на бебе морски спреј. Јас Марисол за бебе и прскам на мојата.
Ја бањаме (преку еден ден) па даваме млеко. Гасиме се', работи само ТВ, пуштаме песни или бели звуци, ја легнуваме во количка, вртиме неколку круга низ стан и така ќе се успие. Некогаш и во раце маж ми ја заспива ама исто со песни во позадина. После тоа се буди накај полноќ за млеко, па пак уште еднаш накај 3-4. Се буди во 6 најчесто. Си мислев како да правам да не се буди за млеко, ама тешка работа тоа. Прво, ќе вришти плаче дури да ја презаспијам, второ напредува според мене некако минимално со килажа иако педијатар вели дека се' си е во ред и има напредок како што треба, но ете нејќам да ги кратам тие два оброка иако пие малку млекце и заспива за неколку минути.