Да,јас потрошив едно шишенце.Не знам дали е до маслото или природно лесно вади заби,ама навистина супер го помина тој процес.Вадеше по 3 наеднаш без плачки и без Т.Другата пак носеше килибардно герданче.И она лесно ги извади сите запчиња.За спиење ноќе и го вадев,а преку ден не го чепкаше воопшто на врат.
И големиот лесно вадеше заби. Не ни знаевме кога некој избива. Се надевам бар приближно лесно да ги вади и бебево, ама ќе видиме
За кивање и моево бебе кива често ама пак нема секрет во нос. Крвна слика мирна така да мислам нешто во просторијата може ја иритира ако не е премала за тоа. Имам неколку цвеќиња внатре ама кај да е ќе ги тргнам да видиме дали е од тоа. Пред некој ден и купував спреј за нос и добив лекција во аптека дека биле штетни, да не прскам на детето. Макар што јас чистам носе по потреба ако наутро кога се разбуди сетам дека има нешто засушено. Може и не секој ден За алишта ве читав во другата тема, моево е некаде отприлика 5.5 кг или нешто малку над тоа. 62ки носи и се таман. Преку 10тина комплети добивме 68ки со долги. Тие што се потенки претпоставувам на при крај на мај или ако е посвежо во јуни ќе може да и ставам. Јули/август не верувам многу. За од септември би требало да се веќе мали, така да ќе останат неискористени, барем од сегашен аспект.
И моево има дремка тој период. Дури дремка има и околу 20 или 21 часот. Не заспива пред 23 часот. Ама па и не ми смета и моментално не би го привикнувала поинаку. Секако и мама си поспива, затоа што не станува бебе пред 9 или 10 сабајле.
Малото на моменти ги исправува скроз нозете и како да ги кочи. Нормално ли е? Вака си е добар, освен што е нервозен ради жлебинките. И како да го препознам 5тиот скок?
Расте, викаат у мое село, кога така се тегне. Моето кога прави така се смее многу, интересно му е, ама па и ние го закачаме по машко го бацуваме.
Ги тегне нагоре, на тоа мислиш така? Ќе почне да се врти Многу ми беше интересен кога го правеше тоа. По некое време почна да ги тегне нагоре и оп ќе си се сврти на страна
Почна да се врти на стомак, само муте не знае да се врати на грб и веднаш писка, се нервира . А инаку мислев ги исправа надоле, кога лега во права линија со телото.
Јас го викам како штица, еве го штичето наше, и ржи обично. Мајтап си играме со детето ние, да бидам искрена, многу го гњавиме.
Нека мине со лесно. Мене ме убедуваше матичната дека бебиња не фаќаат бактерии и не ми даде брис за Конте.
Ние го викаме стап, кога ќе се оптегне нема шанси да го облечеш, во никој сличај неможам да му ја свиткам ногата.
За спиење мали од сабајле си спие мирно, веќе по активен е кога ќе стане и е мирен, али од 6 до 9 навечер не се трпи неќе да лежи неќе да го држиш, само на цице е мирен а немам баш млеко и ме боли и се нервирам. Заспива накај 10/11 спие до 3 јаде и денот го започнуваме во 5. И се јово на ново. Не сум баш запознаена со тие скокови поради тоа што е порано роден,
Моето така правеше кога се радуваше. Истовремено и пумпаше со дланките (како кога даваме крв,нели пумпаме за вена )
Има апликација The wonder weeks, каде ги пресметува скоковите според терминот за пораѓај, а не кога е детето родено. Интересна е, отприлика се добива осет што да очекуваш
Ја отворав не ми помогна, тие работи он ги правеше претходно, и неможам да го пронајдам. Испаѓа дека два пати поминува низ истото
Потполно исто. Особено кога ќе му соблечам пелена наутро од цела ноќ преполнета што го стискала. Иди па намести нова кога ќе ги згрчи нозете така исправени
Штичка бе, штичка. И интересно му е, пошто мојов е утрински тип чоек, не буди со песна. Мислам дека ти е рано. Не за друго, постои ризик од интолеранција понатака, јас на 8м воведов кај големото и не планирам порано и кај малиов.