Исто. Станат е од 06:30 до сега само една дремка од пола саат имаше . Земав да јадам и почна да цвили. Го ставив во релакстор еве се бори со играчките што висат. Откри дека може да ги дофати, ама без осет кога ќе ја плесне со раче па еве сега им се скара дека многу му мрдаат и почна да плаче. Среќа се најадов да го земам.
Мајки бебе еве го од средата пие Алмацин за стрептококата, секретот се избистри, ама многу е, како влечам така тоа си кркори во позадина. Иста сум и јас, чистам нос и пак позадински осеќам ми се собира. Легнат скроз нема шанси да спие, се дави, малку поткренат мора. Како да му помогнам? Кромид не делува, зошто он не е затнат, носот му е слободен, позади е секретот што кркори.
Ни кенкавите фази не му се погодени? Мојов е 39та роден, ама каснеше 2 недели па 37ма го водат. Според due date, сега е во скок, баш онака му се приметува дека се нешто не му е по кејф
Мојот е 32 недела на почетокот имаше симтоми како за скок, кога ќе му ја напишев родилната дата одговараше за скокот. Сега одкако му помина датата на која требаше да се роди ја пишувам таа и пак е во скок. Очигледно цело време е во истиот скок
Бебе 3++ мислам пречесто е со прстите во уста. До пред месец тоа беше знак дека е гладна. Сега веќе и веднаш после јадење е со прстите во уста. Дали и е малку храна,а не верувам тоа, ќе видиме деновиве.
Орална фаза, ништо страшно. Моево ако не се неговите раце во уста или нашите или ќебе или ракавче, нешто џвака нон стоп. Ако е гладно ќе има суви пелени.
Регресија е што ли е? Бебево е 4 +++, значи фазава трае повеќе од 2 недели, само што ќе го успијам навечер за пола саат почнува вриштењето со затворени очи. Кога ќе го кренам или ќе се смири или ќе отвори очи и продолжува плачот и најчесто спас ми е да му дадам да цицне за да се смири.. И така цела ноќ на секој 2 саати будење со плач.. Не знам веќе дали го боли нешто, дали е уплашено, дали е фаза само.. А претходно се си беше ок, си се будеше само за цицање. Се случува ли на некој истово?
Јас слично вака, само што некои вечери се расонува скроз во 2 или во 4 саат и гука, си се врти од грб на меше и обратно, па после некој пола саат саат заспива(т.е. го заспивам).. има ли некоја од мајкиве со поголеми бебиња? И кога ке престане ова кенкање кога нешто не му е по ќеф?
Мајки, мојава е скоро 4 месеци и не знам дали е рано непца да ја болат. Си ги трља очињата и образите.Не можам да познаам дали се отечени. Помош
Уффф едвај се откачивме од секретот и сеуште понекогаш знае да му закркори носот. Бактерија нема, вирусот одамна му помина. Што да се прави ни јас не сум паметна. Навечер го ставам на јастуче да спие. И моето се буди навечер со плач на два сата и со цицање се смирува само. Др вика жлебинките го болат. Се си мислам дали го боли уште нешто што ли му е. И денски е многу нервозен. Ваљда и комбинација од некој скок и регресија. Не знам се на се катастрофа сме. Молам бога што побрзо да поминува.
Колку месеци сте за непцата што го болат? И кај мене многу нервозно гриза, ужива со глодалка кога ја масирам а немаме ни три и пол месеци
И јас мислев жлебинките ама веќе не знам што да мислам.. Згора и ние сме со секрет од нос постојано, може и тоа да го нервира. Исто почнав на малце повисоко да го ставам затоа што му се слева и се закашлува и се буди. Аман веќе.
Колку време отприлика трае еден подој кај месец и пол старо бебе? Ќе можи да ми кажите како изгледа едно доење кај вас за оваа возраст, дали менувате на двете гради на подој и по колку временски? Исто ме интересира и на колку часа доите и дали е океј за толку мало бебе да спие по 4-5 часа врзано или треба да будам?
Истово ќе прашував. Нема полни три месеци, а од пред две недели ја малтретира раката до максимум, цела ја бута во уста, ракавите нонстоп мокри. Подметнувам цуцла, или ќе ја избута, или покрај неа уште два прста ќе пикне во уста. И цело време е така, пред јадење, по јадење, кога си игра најмногу. Ме нервира само што е мокра цело време, инаку не е проблем, нека и помине фазата.
@Tess36 , кај мене од постарите кој и да ја види вика чекајте за брзо заб ќе и излези. Така си чекаме ние, сега дали тоа брзото ќе е по 3 месеци тоа е друга работа.
На месец ипол почна да цица побргу и само од една града, ама не беше под 20мин. До месеципол цицаше по 20мин од двете гради со дремкање, некаде после месец се осоколи, а после месеципол стана профи цицач.
Мајки дали има некоја од вас што вежба и пие протеин и топачи на масти и дои бебе? Ме интересира дали се излачува во млекото