Вчера го купив. И се каам што порано не го земав и што ги слушав продавачките. Мислам дека тоа што излезе со ноското, никогаш немаше да го извлечеме со уста.
Тие кои пишувате дека сте почнале со вежбање, како сте породени? Има некоја со царски? Мене ми рекоа после 6 месеци, а активен вежбач пред и за време на бременоста..
Јас сум царски и ми рекоа се најнормално се да функционирам и вежбање може уште после првата контрола после 40 дена. Ама ова доктор откако ми виде како е зараснат резот. Инаку ако некој му е шубе со класичното носко, а има можност да му донесат, во Буагрија има носко со силиконско наместо пластично врвче.
Јас сум со царски. Пред 5 месеци породена. Докторката уште на прегледот на 40 дена дозволи да почнам со вежбање.
На бебево му се појавија некои пликчиња црвени/осип на гушичето. Педијатар рече биле од плунка+млеко и да мачкам павловичева. Мачкам ама нема промена. Вчера другарка ми рече да ставам мустела 1, 2, 3, помагало. Ја купив а во Зегин пробаа да ми увалат нешто слично на Фрезидерм, ама не прифатив. Некој да сподели вакво искуство со осипи на вратчето??
Се приклучувам во тимот на настинати бебиња. Од вчера е со секрет во нос, кива 6272738 пати, му солзат и црвенеат очињата, кенка и плаче без престан и секако спиење никакво. Се буди нон стоп од секретот. Освен аква марис капки ништо друго не сум дала. Што советувате?
Јас солени капки Синомарин му ставам (капки, не спреј) и чистам со извлекување. Почнав да го ставам на малце повисоко да спие затоа што се закашлува од секретот. И секако вторник преглед не ни бега..
Ништо и не можеш да дадеш... Моето имаше еден ден температура прошлата недела, ми рекоа само Бебивит витамини да давам. Во саботата правевме кс имаше малце покачено црп, двајца педијатри рекоа незначително е покачено и веројатно е вироза. Ме советуваа да продолжам со витамини. Вака бебуш е супер. Ќе пројдете со лесно
Мислам на 2+ месеци почна да следи со очи, сега веќе на 3+ и цела глава ја врти. За гласови по дома најмногу на мојот и на татко и реагира. Баба и дедо се на игнор. Ни се врти по нив, ни ги бара. Може пак неубави гласови имаат Нас со татко и не следи веќе буквално и кога се движиме низ соба или излегуваме низ врата.
@Miss_S @danichap Термински се вашите бебенца, нели? Моево е родено во 36та, па не знам дали тоа ќе прави некаква разлика, дали би пролонгирало и забавило некои процеси? Пример кај моево тие промени да се случат на трети месец од раѓање?
Мојот почна на 2ипол, до тогаш скоро и да му беа затворени од вриштење и ден и ноќ. Роден е 37ма недела. Паничев дека доцни со развој. Не знаев каква боја на очи има. Еве го сега е скоро 4 месеци, си следи се ок (иако вриштењето си трае) колку месеци сте вие? Без паника, секое бебе прича за себе! Ќе почне
Моето е предвремено 35та недела ама и педијатарот и ортопедот, развојот и го сметаат според тоа кој месец си е од како е родена. Без корегирана возраст.
Ако си за мустела, можеш маслената купка да е користиш сум слушала добри искуства за неа. Инаку Јекодерм има најмногу витамин А што за кожата можам да кажам нешто подобро нема, е сега некој не може мирисот да го поднесе кај нас Јекодерм најмногу ефект има за кожата на бебка и сум презадоволна од него. Препорачан од педијатар ми беше.
Еден месец е моево, значи рано му е ептен. Јас очекував сега да почне прикрај на прв месец. Додуша и така ја разбрав докторката негова па ме исплаши да ти кажам оти он едвај eye contact остварува од што е поспан, а не пак да следи. Фала женски
Никогаш немој да си правиш притисок за тоа што прави твоето, а што прават другите бебиња. Ќе си постигне сè. Некогаш верувај дека преку ноќ се менуваат и наеднаш ќе имаш ново бебе со ново усвоени вештини. Плус, твоето е премало, уживај си во мајчинството