Биодерма атопи маслена купка Бањав бебе со Уриаж а мачкав со хип лосион ама џабе, Биодермата со две бањања и ја светна кожата
Kolku vreme posle vadenje zab smee da se doi? Dali da odmolzam odma i da frlam ili kako? Stomatologot nema poim, ginekologot mi e na odmor
Од кој месец почнуваат да фаќаат играчки со раце? 3 месеци ќе наполниме за 3 дена, само ги следи играчките, се врти по нив ама не фаќа сеуште.
Моето некаде на 2 месеци и 20 дена почна да ги фаќа. Не се оптеретувај со тоа, секое дете своја приказна. Доближувај му играчки што ќе му се згодни за фаќање, ќе почне да ги фаќа полека.
Мојов ега пред некој ден почна, а утре е 4 месеци и тоа страничните од бејби џимот. Нагоре уште слабо посегнува. Убаво ти вика @Iris-1234 секое бебе своја приказна. Вежбајте и ќе добие осет.
Не знам мила за други, јас немам мака со овие не притискај додека вртиш на долниот дел лесно фати го и врти,а горе чувај или ете со ножички можеш и директ во уста не на лажичка, затоа што ќе остане по лажичката пола.
Женски малиов веќе неколку дена го вади јазикот надвор и како балончиња од сапиница му искаЧа од уста, можно да се заби. Исто вчера приметив косичката мокра до сега не се потел
Како бе така стоматологот нема поим . Јас вадев заб кога бебето имаше 2-3м. Кажав дека дојам и стоматологот ми рече дека смеам веднаш да продолжам со доење со таа анестезија која ми ја стави. Мислам дека треба без адреналин да биди анестезијата. Ако тој нема поим барем прашај каква анестезија ти ставил.
Мојот се тушира и сам и нас со тие балончиња Нормално е, научил вештина. А за потење да не зборам. Изгледа склетџија на татко му. Посебно во транспортерот во кола жива вода се праи. Башка топло е времево, сметам дека е нормално
Можно е да е започнат процесот за вадење запчиња..истото и кај нас..ова од педијатар..и жлездите поврзани со заби беа отечени. Не значи дека веднаш ке излезат...
Не се заби, како што ти кажа @Tiny Love. Започнува оралната фаза, нонстоп ќе се лигави и ќе става сè во уста.
3 и пол месеци е. Ако и ставам во рака помала играчка мислам неосетно лево десно ја врти. Во baby gym и релаксатор сеуште не посегнува или на количка што се играчките. А ги следи внимателно. Максимум што сме забележале цуцлата да ја фати и фрли од уста или веќе шишето да го допира и си игра со него.
Земи му таква гумена топка со дупки. Најлесни се за држење. Моето таква почна да фаќа на 2ипол месеци ама само неколку секунди, веќе на 3 ја држеше постабилно