Нормално дека може. Како би инаку? Да трчам во кујна за секое, не би. Си редам на натказна во спална се. Кутиичка со млеко и 3 шишиња полни со вода. Моето пие на собна температура па не греам вода. Само ставам дозерки, мешам и во уста на бебе е веќе шишето за 3 секунди. Мир у кучи
Секако дека можеш јас не грејам ни вода имам измерено колку дозерки ми требат, шишето наполнето со вода и одма правам и давам ние сме и на антирефлуксно но немам време да чекам да помине време затоа што мислам дека зградата се тресе од плачење хахах вака додека го осетам дека почне да мрда спремам млеко и веднаш давам и мир во куќа
И јас знам дека може ме убедуваат во фрижидер требало да стои. Си наредив во спална термос и шишиња со млеко па ке видиме како ке биде. Се одбива самиот, не сака да цица и за преку ноќ мора на дофат да имам млеко. Како ке биде кој знае, до пред нелој ден кога се будеше преку ноќ си презаспиваше со цице, ваљда ке презаспие и со шише. Вие што сте на формула како функционирате преку ноќ?
Мојот сам се одби, сега молзам некогаш ама претежно е на АД. Навечер ставам вода топла во термос, во дозерки ставам млеко и земам чисти шишиња до мене, кога ќе врисне го правам млекото и мирна глава.
Јас имам "кујна" до спалната, масичка од икеа и на нејзе ми е се. Водата во термос, дозерките спремни во шише. Кога ќе стане само вода додавам.
Секако дека можеш, да не кажам мораш за да чуваш сила. Јас дури нарачав и Baby Brezza од Америка за да поедноставам процес. Ако некоја членка го има апаратот нека пише искуства.
Бебето ми е многу немирно после 4-5 ноќта па се до пладне, не знам дали е грчеви, не плаче ама се витка како црвче, немирно спие, стенка, се напнува како да сака да кака, а не може, мада редовно си кака нема проблем, не сака да лежи во кревет, туку во раце и само во позиција како топка да држам. Испушта звуци како грчење и кога тргам да го земам кенка. Не знам што е проблемот, дали развој е, си јаде нормално, кака, моча, кога е буден си реагира убаво, ама ова жално ми е да го гледам и само сабајле се случува, 3 недели е утре. Совет?
Здраво мајки, ние имаме скоро 3 месеци и сме позитивни на корона. Ако имал некој некое искуство нека ми пише
Ние бевме така пошто во зимо се роди и немаше како да го носам на сонце плус немаше сила за цицање и побавно ни помина.
Ако не се лажам околу еден месец е бебето. Нормално е и моето беше така. Имаше гасови и покрај тоа што редовно какаше. Едноставно мора да помине тој период. Со гушкање најубаво се смируваше и најмирно спиеше.
Нека е живо и здраво мајка. Според симптомите се грчеви. И кај нас почнаа околу трета недела, за среќа траеа до 7ма. Жално е стварно да го гледаш така, ама уште пожално е да се дрецка од плачење. Мојата така ги манифестираше плачев со неа и цело тело ми се тресеше кога ќе плачеше без престан. Кај нас Колактаза капки помогнаа, уште ги давам. Период е ќе помине.
Двете деца ми беа така. Првото до 3 месеци, ова до 2 и пол сама се чистеше. За него правевме испитувања и на фототерапија одевме подолго, а сега лето/есен фативме и на сонце повеќе се исчисти.
@Lina-Detelina Фала ти @Ano три недели, да и јас мислам дека почнаа, мислев мора со плачење да се манифестираат ама изгледа не мора да значи. Јас му давам пробиотик со вит Д ама не и за грчеви, ќе набавам капки и за тоа , мада свесна сум дека мора да ги поминат. Јас се плашев нешто друго да не е , ама дека си е нормален поголем дел од денот и само тука неколку саати се кризни најверојатно е тоа. Фала мајки, белким лесно и брзо ќе ги помине.
Ние пролетни сме ама сонце месец дена не нѐ огреа. Кај мене чинам пожолт е сега од пред некој ден, а во прилог ми оди и што е многу повеќе успан. На цицање сме мислев ќе убрза процес тоа ама изгледа не. Се препорачува крв да се испита? Кога бевте на фототерапија и ти лежеше со него или еднаш дневно го носевте?
Во Плодност испитувавме преку крв од вена ензими на црн дроб, билирубин и уште некои вредности, ама дека беше многу продолжена жолтицата и многу висок билирубинот. Го носевме насабајле за фототерапија, лежев со него до вечер, не останувавме ноќе. Со биличек проверете од прилика колку е билирубинот, за да не го боцкаат ако не е висок. За ќерката така ја носев сега само на контрола за билирубинот и многу бавно паѓаше сам.
Ние имавме и кога одевме на контроли ја следеа. Преку ден кога спиеше ја стававме кај прозорец што има светлина. Беше почнала да е поспана доста ама бев упорна ја будев за цицање на 2 часа. И се повлече после скоро месец и половина.
Јас многу ми е поубаво сега кога го доев цела ноњ бев будна а сега кога почне да мрда давам млеко и продолжува по 4 5 саати без будење