И ние планираме да одиме почеток на јули неколку дена, ама сигурно ќе го пројдеме одморот под сенка со 6месеци бебко..
Не се базирај на мене белким нема да ја имаш мојата судбина хахах, читав мн мајки кои се фалат дека после скокот се вратиле пак во нормала
Останува да видиме, уште една недела имаме до крај... Дури се чудам како ние мајките функционираме без спиење, еве веќе 4 месеци со константно будење на 2 саати (сега и почесто) а претходно не можев да се замислам без 7,8 саати сон... ееех времиња
Можеби е бебе во 4 скок. По датум на раѓање одговара, по краен датум не. Од 3 дремки во ден по 1 час и една подолга преминавме на многу дремки по 15 минути, спиење во раце, измеѓу плачки. Ноќе ако не е на кревет до мене или на мене спиење тешко. Па "обвинувачки погледи" зошто ви плачи детето. Па на крај и ние со маж нервозни. Ајде во една соба може ќе спие повеќе, ајде во друга. Па досадно и е. Па барај нови цуцли, па преместувај креветче уште по фенг шуи што не побаравме инфо како да биде наместено деновиве.
Јас па се префрлив на боди по прерамки, во тенка вреќичка, со тенки шпихозни нормално. Ќе го пробам во плишаната вреќичка со боди по долги и чорапчиња.
Ние одиме здравје јуни во Никити со 7 месечно бебе. Колку што читам искуства најлесно е таа возраст, догодина ќе е потешко Земав базентче и гума со покрив со 50 заштита. Планот е на плажа да сме од сабајле докај 11, па до 4 дома и после па на плажа. Бебе ми заспива 8-9 па после плажа вечера во град да тераме и пак дома А дали ќе е се по планот ќе видиме
Јас 5м бебе носев на одмор, топ пројдовме, мада јас имав мирно бебе пред 7г, ова сега не знам како ќе помине. Додуша еве според тоа апликацијата во скок сме и тоа околу тоа озлогласеното громче и ок сме, освен што почна да цица навечер почесто.
The wonder weeks. Се плаќа нешто ситно. Јас ја имав купено за првото и сега бесплатно ја инсталирав повторно. Убаво е покрај тоа што кажува кога е во скок бебето и кои се отприлика milestones што треба да ги достигне во тој период.
Мајки, дали некоја од вас се има соочено со ситуација каде бебето одбива да цица во 4ти скок? Штом тргнам да го ставам на града плаче до зајдување и никако не сака да цица...од 5 обиди еднаш ќе успее и тоа додека не се умори од плачење па да фати града...бебево седи без храна и по 5, 6 саати, а шише никако не прифаќа за да му дадам измолзено млеко. Ноќно време по колку време максимум ги оставате без млеко ако бебчо сам не се разбуди за јадење? Педијатарот ми вика максимум 4 саати и да го будам, но страв ми е да не го заучам со ноќно јадење па да не можам потоа да ги тргнам ноќните подои
Кај мене е на Ад, бидејќи супер си напредува педијатарот рече колку ќе спие, толку да не ја будиме. Веќе врзува и по 5-6 часа така да толку време останува гладна. Ова досега,сега скокови, чуда ќе видиме како ќе биде.
И нас не измести тој скок.. Еве синоќа прв пат спиевме убаво после 2 недели неспиење, будење со вриштење и плачење за што немав објаснување што се дешава. Секако се е индивидуално, еве и јас се молам да се врати се како претходно кога многу убаво си спиеше и си врзуваше саати.
Како ги чувате преку ден вашите малечки? Мојава е 3 месеци и сака само во раце, ретко малце во релаксатор
Таман се врати во нормала, почна 5ти скок и бетер е Ај што се буди секој саат, сега и журка прави од 2 до 3 сабајле. Претходно ќе цицнеше два пати и презаспиваше. Се буди официјално околу 5.30 наутро. Уште не е ни разденето како што треба, тој спремен е за новиот ден
3+++ месеци, на гарнитура со музика, детски песнички пуштаме и обавезно еден до неа, да пее, да изигрува кловн Во релаксатор - седи т.е лежи по 10тина минути Во baby gym - тука сака и подолго. @Lavica2602 , благодарам за идејата за играчки од страна. Ставивме и изгледа и се поблиску за вид и допир. Веднаш т.е уште следниот ден почна да ги фаќа и трга. На подлога tummy time ни е друга активност. Кога е убаво времето барем пола час или подолго надвор во количка. Така да многу време за во раце не останува. Освен на по некој ден кога цел ден плачи и јаде, спие, преспива, се во раце.
Мене ми се случуваше ова во трет скок, морав да го смирам прво да не плаче па после кога ќе биде весел ставање на цице, или евентуално во полузаспана состојба кога е.
И кај мене исто се однесуваше и во третиот скок, очигледно вака му се манифестираат сите промени кои ги доживува. Тешко е ама мора да се издржи. Ти благодарам за споделеното искуство и советите