Мајки, на доење со силиконска брадавица сме и дохрана молзено, а добив после 8 недели. Нормално ли е? Да не ми влијае на намалување на млекото?
Луѓе дали ги стерилизирате шишенцата и пумпата после секое користење или ги миете само? Јас еднаш во денот ги стерилизирам ама така ми се трупаат и имам многу шишиња, сакам да намалам на 2-3 и да ги мијам преку ден и пак да ги користам, а само пред спиење да ги стерилизирам, безбедно е?
Жени препорачајте фактор за бебиња од кој сте задоволни. Битно ми е лесно да се аплицира, т.е. да не е многу густ и лесно да се размачкува, да не го тормозам. Ги мачкате на ова сонце или? @1209 јас за пумпата читав на еден сајт ако го најдам ќе едитирам, вели да се мие по секоја употреба со соодветно средство. Доволно било само еднаш да се стерилизира во текот на еден ден. Другото сѐ да е најобично миење. Edit: на сајтот на медела било @1209 https://www.medela.us/breastfeeding/articles/how-to-clean-your-breast-pump-and-accessories#text=You should wash your breast,after they've been washed.
До 6 месеци не се препорачува фактор. Обиди се да не излегувате кога е јако сонцето, а инаку гледај бебето да не е на директно сонце, да заштитено со капче и стреа од количката. Јас уште не го мачкам, чекам да наполни 6м.
Јас шишиња стерилизирам после секое користење, а пумпата ја мијам после секое пумпање и ја чувам во фрижидер и еднаш дневно ја стерилизирам.
Мајки со машки бебуши! Хигиена на куре како правите? На педијатар рекоа да почнеме да отвараме по малку кога ќе го бањаме. 4 месеци е до сега не сум го отворала
Нас матичнатата ни рече уште на еден месец дека можеме да почнеме ама мене ми беше рано. На еден српски сајт читав статија од уролог за хигиена на бебиња, препорачуваше од 6 месеци да се почне. Прашањето може ми е малку глупо ама не знам што треба да очекувам. Ви мократ бебињата помалку дур спијат?
Јас не знам моево кога мокри ама дефинитивно на секое пресоблачање има мокра пелена и плус обавезно моча штом го слечам, дури веќе се загрижувам, ми се чини дека цело време е со мокра пелена.Дефинитивно има повеќе од 6 мокри пелени, ми е страв некоја инфекција да не добил дека има проблем со бубрегот, ама на атб е за тоа… не знам дали може од него да мокри повеќе. Контрола е дури за 3 недели, ако продолжи вака ќе мора да ѕвонам на матичен.
Не е ни здраво нонстоп да се стерилизира. Бебе треба минимално да внесува вируси и бактерии за да гради имунитет, барем мене така ме советуваа.
3 месеци полни. 13та недела.Овие денови кенкава. Ја ставам на града цицнува, пушта, се распулува или пушта и плаче, 'ржи на града. Мирна е само кога е гола, ама не е лето .. Кратки дремки има, спие 15-30мин. кратко време е расположена и пак кенка. Ноќе барем спие станува за цицање, ама преморено се чувствувам. Кој дел од развој е ова? Некој скок е или што ли е?
До 6 месеци стерилизирав на 2-3 дена, преку ден миев со фрош, а секоја вечер ги миев во машина на 60 степени. Сега решив еднаш месечно да стерилизирам, останатото се исто правам
6 пелени? Ние под 9 не сме, нормално е да мочка, дури и препорачано. Од 6 сабајле до 12 имаме само 4 пелени, до вечерта уште најмалку 4-5. Не фул полни, ама така мочкани.
Па дека пишува минимум 6, а и мојов сигурно има околу 10, не се ептен тешки сите, некогаш помалце некогаш повеќе, ама дека е со хидронефроза на десен бубрег јас си направив филм да не има инфекција, прво дете се те плаши
Не бе на почеток бевме и бетер, под 12 пелени на ден не бевме пошто секое цицање, прднување му беше со кака, не можеш да го оставиш. Добри месец дена бевме така. Навечер мењавме по минимум 3 пати пелени, на секое станување. Проблем е ако нема мочкани пелени или ако има повеќе преполни, мислам дека ок сте со бројка. Инаку за стерилизирање, кога користев повеќе шишиња миев по потреба дека имав само 2, решена бев дека нема да давам шише и крај. Со баткото миев еднаш во денот, навечер, пумпата ја стерилизирав прво еднаш во денот, после на 3 дена, и на крај веќе и нога ќе ми текнеше. Ако секој оброк е молзено и ад, на 2 до 3 ч, би ти требале 6 до 8 шишиња, стварно е многу, организирај се на 2 пати, полесно е.
Не, еднаш на неколку дена, кога ќе ми текне. На почеток нонстоп стерилизирав и после педијатри ме искараа па се опуштив, мијам со врела вода и нема проблем. Сега почна да бега и од бејби џимот на паркет па и таму лиже, нема поента стерилизацијата веќе
Лелеее јас го мислам моево крупно, дебелко, а на 3че сме. И кај моево се оцртува ама не е страшно мислам... шо знам. Си го откри гласот твоево? Вика на цел глас моево, цика.
Мајки кои д3 ги давате? По посета на ортопед ни зголемија д3, те да ги давам d3 на пливит 4 капки на ден. Не прашав дали да ги прекинам d3 со Омега на Babytol што ги давам сега. Да не е многу и едни и други? А ако ги прекинам на babytol, омега како би давала?