https://dasboep.de/products/sonnencreme Јас ја нарачав оваа од германија, преубава крема, синко е 4+, го мачкам ако ептен останеме долго на сонце некаде, иначе не му ставам го пазам, после 6м се препорачува спф.
Ќе си ја дотрошиш кутијата на д3 со омега и ќе даваш капка д3 помалку од препорачаната (значи 3 капки), а потоа ќе земеш само омега на Babytol и ќе си даваш посебно д3 посебно омега.
Омега има на babytol посебни, без д3. Ние тек сега т.е пред некоја недела кога наполни 5 кг преминавме на 3ка пелени. По моја проценка сигурно уште месец, два ќе сме на 3ка памперс. Додека има време за едитирање - цела недела заспивањето ни е со плачки. Друго бебе неполни 4 месеци кога ја држам исправено пробува да се свитка како за во седечка положба.
Да, моето кога ќе врзе подолг сон навечер обично има сува пелена. Ако се разбуди да цица па да презаспие тогаш повеќе мокри.
Ај да си прашам и јас.. има некој што не дава омега? Денес прв пат му дадов бејбитол д3+омега ама по грозно нешто не сум видела Со првите две деца, едно пред 6г друго пред 3г немаше препорака за омега и давав само д3 исто на бејбитол. Си викам да ги потрошам овие и да земам само д3..
Јас не давам во моментов. Дадов една доза и многу суплементи му се насобраа, па ставив на пауза. Здравје, мислам молерс беше после 6месеци, планирам понатаму да има давам на двајцата тоа.
Јас не давам, ни рекоа не е задолжително како Д3 и прекинавме. Два месеца примаше омега. На почеток која се пораѓала во Чаир сигурно и дале список за суплементи, све купив 4000 сметка во аптека, витамини еден куп, кога ми поврати едни портокалови мултивитамини некои, а прв пат мајка и паника ме фати ги откажав. Порано без витамини сме израснале, со разредено (домашно) кравјо млеко па ништо не ни е, без паника.
Ќе смени. И мојот првиот месец додека се стабилизира така плачеше на расоблакање. Сега обожава да е разголен. Ме сретна тртка ми и прво што примети, а боси ноџиња. Одма се јавила кај мајка ми да и каже дека го шетаме со боси нозе Јас давам два пати дневно. Некако така ми е позгодно. Не гледам потреба почесто да давам. Вака и за првото дете ги давав. Отвораме цело време. Особено ќе внимаваш ако забележиш да се прават бели наслаги, да исчистиш убаво. Од 1-3 ка ги прелетавме. 4 користевме малку подолго и веќе одамна сме на 5. Куси му беа едвај го фаќаа 4. Сега и овие 5 ми е критично. Денски е ок, не е критично повеќе е исцртувањето, ама ноќната кога ќе му се преполни се смкнува многу ниско, а и многу се исцртуваат ластиците. Сега повеќе во должина е отиден. Не сум сигурна 66 или 68 го измерија на контрола пред два дена на точно 4 месеци. Само се мислам дали да пробувам 5+ или дирекно со 6 да пробам. Од секоја позиција веќе пробува. Кога го држам исправен, кај мене на меше, во релаксатор, во количка. Корпата веќе научна фантастика е да се користи (додуша и куса му е веќе). Активирав летна количка зошто сака да гледа, а таа е 0+ и е прилично со отворен видик.
Кога ги седнувате во количка, најстандард онаа? Не транспортер или корпа. Мојава исто се исправува за седење и тоа сама кога е во полулежечка и многу е среќна ама не смееме мала е уште тек сега 3 месеци прави.
Колку што се сеќавам со другиве почнав после прегледот на ортопед на полни 5 месеци. Не е скроз во седечка позиција ама може да се крева само бебето.. заврзано со каишите само доле за да вежба стомачни.. истото важи и за хранилка
Од 4 месеци почнавме на 45 степени, после 5 веќе во седечка пократко време. Сега 6+++ си е постојано во седечка. Мислам рано ти е, ама сепак и ортопед нека ти каже
На 3 месеци кога бевме на ортопед ми рече можи во количка под агол од 45 степени. Е сега нас ни е полесно во транспортер, стави во кола, па на количка и обратно и така тераме. И за кратки прошетки исто транспортерот ми е побрза опција. Плус ладни и врнежливи денови минатиов период и најбезбедно ни беше така во случај да фати невреме. Со кола до парк или во природа. Кратко таму на воздух. Па брзински назад. Ќе ја пробам баш деновиве и во другото седиште. Дали сака да лежи или да е поткрената. @Ano , не дека моево дете е нешто посебно ама дека прво плус прематурче се си мислам прерано некои работи прави. Ама може само јас да си имам така зацртано.
Докторите викаат дека не е страшно ако ги доцни фазите во зависност од тоа кога е родено, ама тоа не значи дека не може и редовно да си се развива. Не се секирај и следи го детето. Не треба да се форсираат, ама ако сами прават нешто не треба да се стопира.
Моево прошиша 68ца, беше 68 на 3м, долго бебе е, не знам на кого искрено, сите сме куси. 74ка носи лабаво, 68ца кнап некои а некои одамна собрани, зависи што се собрало во перење. Ние купивме летна преубава, ама само седечка е, нема за легнување и не го ставам. Еве денес ја перам спортската, да се исуши и одиме на таа сега, корпата одамна не ја сака, транспортерот му е кнап па ќе ги вадам веќе тие сунѓерите да му е полабаво за во кола и ќе го стационирам веќе транспортерот во кола, нема вадење, тоа е тоа. Ама 3ка пелени му се ок, има некои 6ипол кила ваљда. Од држење сите се исправаат треба да се исправат и седат подолго од 45 степени на подлога, така ми објасни ортопедката, тогаш се смета дека се спремни. Затоа се ставаат под 45 веќе од 3м за да вежбаат сами, ние кога ги држиме во раце не е исто. Моево од лежечка се крева, ама не станува нормално, ќе се крене малку и ќе се умори ќе падне. Се радувам се затоплува да може да го легнеме на земја да играме, веќе ни е тесно на гарнитура. Сеа ќе подберам маж и дете да одиме да купиме подлоги и ќе ги местиме.
Од држење сите се исправаат треба да се исправат и седат подолго од 45 степени на подлога, така ми објасни ортопедката, тогаш се смета дека се спремни. Затоа се ставаат под 45 веќе од 3м за да вежбаат сами, ние кога ги држиме во раце не е исто. Моево од лежечка се крева, ама не станува нормално, ќе се крене малку и ќе се умори ќе падне. Се радувам се затоплува да може да го легнеме на земја да играме, веќе ни е тесно на гарнитура. Сеа ќе подберам маж и дете да одиме да купиме подлоги и ќе ги местиме.[/QUOTE] Јас стварно не знам за какви кревања зборите сите. Мојов е 4месеци никакво кревање не прави. Што пропуштам? Само лежи доле на подлога и гледам да е помалку во раце да научи да се врти од грб на меше. Од меше на грб се врти...ама кревање?!? Дај ве молам објаснете ми да не грешам нешто
Јас стварно не знам за какви кревања зборите сите. Мојов е 4месеци никакво кревање не прави. Што пропуштам? Само лежи доле на подлога и гледам да е помалку во раце да научи да се врти од грб на меше. Од меше на грб се врти...ама кревање?!? Дај ве молам објаснете ми да не грешам нешто[/QUOTE] Кога ги држиме во раце тоа напрегање нанапред да "станат" божем. Тоа не е станување да се разбереме.