Кога ги држиме во раце тоа напрегање нанапред да "станат" божем. Тоа не е станување да се разбереме.[/QUOTE] Аааааа ок. Малку така се потресов хаха. Па уште читам некои од 3 месеци. Си викам какви бебиња имаат луѓево. Или моево е некоја мрза. Така си прави. Фала
Аааааа ок. Малку така се потресов хаха. Па уште читам некои од 3 месеци. Си викам какви бебиња имаат луѓево. Или моево е некоја мрза. Така си прави. Фала[/QUOTE] Моево во раце кога е "се крева" кон напред. Баш Ангел како што опиша. Ама пак од вртење абер нема. Додуша и не ја оставаме многу на земја. На гарнитура си лежи ама редовно има некој до неа. Мислам дека веќе сме и "малку назад" во поглед на лежењето на стомак. Треба подолго да ја оставам на земја, т.е на подлога. Чекам деновиве дали некаде ќе има како подлогата од Нама, бидејќи најмногу таа ми се допадна и да земеме и таква.
Моево во раце кога е "се крева" кон напред. Баш Ангел како што опиша. Ама пак од вртење абер нема. Додуша и не ја оставаме многу на земја. На гарнитура си лежи ама редовно има некој до неа. Мислам дека веќе сме и "малку назад" во поглед на лежењето на стомак. Треба подолго да ја оставам на земја, т.е на подлога. Чекам деновиве дали некаде ќе има како подлогата од Нама, бидејќи најмногу таа ми се допадна и да земеме и таква.[/QUOTE] Ако си од Скопје барај во Галакси тојс, многу убави има. Таа од Нама многу се лизга да знаеш, ако мислиш на таа двостраната со улица од едната страна и животинки од другата.
Се најде ли денес мајка јунак да соблече на жешково бебе по кратки? Јас чорапи симнав само и имав опасни погледи. Не дека ми беше битно... Кога планирате да ги соблакате по кратки? Ние денес боси на тенко најтенко боди по долги и тенки пантолончиња. Некако ми е топло.
Ако си од Скопје барај во Галакси тојс, многу убави има. Таа од Нама многу се лизга да знаеш, ако мислиш на таа двостраната со улица од едната страна и животинки од другата.[/QUOTE] Не сум од Скопје. Ќе разбарам и коцки или други типови. Инаку на таа двостраната мислам, околу 1800-1900 денари што беше. Веројатно е истата. Моево дете босо нема прошетано. Кај нас и денес со јак ветер. Куси не сме облекле и не знам кога ќе дојдат на ред. Или е со дукс при шетање, или со тенка јакничка ако носи и тенка блузичка долу, или елек. Бар од пред некое време скафандери, подебели јакнички собравме. Стварно не знам како да ја облекувам посебно зошто во мојов град, па и населба ветрот ни е скоро па постојан, бар овие месеци со неа што забележувам. Проверувам обавезно после шетање не е ни испотена, а ни нервозна при шетање за да речам дека и е жешко. Еве денес пример носи боди на кратки, тенки хулахопки, памучно фустанче за дома. Над истото за надвор ставивме и една тенка памучна јакна бидејќи имаше појак ветер. Обавезно во количка имаме и муслин ќебенце за ако заспие додека шетаме. До пред некоја недела беше и подебело ќебенце во комбинација.
Јас денес по тенко боди на кратки и блуза и тенки тренерчиња долу. Со чорапи излеговме, без нив се вративме. Инаку на муабетот од прееска. 68 ние одамна се спакувавме, се му е 74 (овие веќе исто полека ги складирсме) и 80 во употреба. Значи се зависи од конструкција дефинитивно. 5ка пелени како мрда и се полни му се спушта многу ниско. Она држи за држење, ама ластиците му се обавезно исцртсни и тоа убаво па жал ми е. Ќе пробам 6 па ќе видам. Ако не бива ќе се вратам на 5ка.
Е ќе си пукнам значи од теориите на свекрва. Бебе со прстите во уста цело време, рековме нормално за скоро 4 месеци е. Е бидејќи ги ставало и странично во устата секој ден проверува да не случајно излегле катниците прво. Можеби моево некој феномен е
Дојдов денес кај свекрвата, тек сум 5 саати овде и веќе добив 10 совети Ќе се издржи недела дена. Луѓе, само јас ли имам потреба да вратам на глупи муабети ?
Како чистите соор кај бебе? Како да брцнам и чистам на јазикот, страв ми е да не ја повредам .. Мислев е млекце ама не било,и на образите има Се лути кога цица, а и мене едната града почна да ме боли..
И моето има. Ставам газа на прстот и капам нистатин и чистам. 5 секунди е цела работа, ќе плаче ама мора.
Здраво мамички, се консултирав со педијатар и ни кажа додека бебето не почне да се буде само во ноќта за јадење да не почнуваме со кашички до 6ти месец (уште малку 5месеци ќе напунеме), си спиеше цела ноќ се беше како што си тераше е сега оваа недела секој ден се буде вриште и траже млеко (пробав и повеќе мл му давам во текот на денот ама не го пие) дали е скок во развој или ќе мора да си почнеме со кашички (секако во понеделник ќе се консултирам пак) сепак ваше искуство и совет?
Вакво нешто никој не ни кажал. Кај мене од кога е родена станува ноќе така да по оваа теорија не можеме да се водиме. Нас ни спомена педијатарот бидејќи е помало и предвремено родено да не почнуваме веднаш со почеток на 4 месец, туку да почекаме веројатно до кај 5. Во зависност од тоа колку млеко ќе пие до тогаш и како ќе напредува. На мојата пријателка и кажа да почнат веднаш од 4 месеци бидејќи детето ставаше премногу на тежина и пиеше голема количина на млеко во 24 часа. Повеќе од 1 литар што била максимална граница. Така да мислам нема некое унифицирано правило дека мора да се почне од одреден момент ист за сите.
Се' уште не по кратки. Вчера ја шетавме во количка и спиеше непокриена а дувкаше некое ветренце и имаше некои чудни погледи од околу. Од утре пак ќе има врнежи и пад на температурите така што ќе си останеме изгледа со долгиве.
Женски, бевме на доктор мали вади заби, затоа се сапуњал во устата. Непцата му се жар црвени и ни дадоа да ги мачкаме гел. @Miss_S мојов е многу по прематурче од твоето па види заби, провери може свекрвица има право