Јас имам мало боциче инфузија, физиолошки, во неа забрзано игла и шприц и имам 2, по една за дете да не им ги мешам бубачките, за малото вадам по 0.3мл со шприц од 2мл и директ во носе, за големото повеќе вадам нормално. Откако чистиме вака нос многу полесно ми е, побрзо, дека не е спреј мали капки, туку баш капка голема иде се накиснува одма и влечам, се искача. Матичниот ми одобри. Се убив од пари давање за спреј за нос, за бебе еден, за бато друг по 400ден, па со расипани пумпици се погодија 2 пати по ред, и се изнервирав отидов земав физиолошки, мирна глава. Во фрижидер ги чувам, вадам, шприцам и влечам.
Јас имам плетенка и после една недела користење ја сменав со оградица. Многу го тесни просторот во креветчето, а и бебе само се пикаше со носот во неа и ми беше став.
И мојата исто. Кога ќе забележам и ги соблекувам чорапчињата ако носи шпихозни ики пантолончиња со стапалца. На неколку пати и во главчето ми се испоти. Намалувам температура исто кога ќе забележам. Сепак нека споделат и другите искуства. Дали ви се потат бебињата?
Знаете ли некој друг добар пробиотик за бебе над 3 месеци? Го користевме babytol neonate до 3, беше ок. После сменивме со биогаја, доби запек, па зедовме ваја и со него исто. На едното близначе вајата му одговара, и се среди столицата некако, ама на другово ич и не знам што да му земам.
Мојот многу се поти во транспортер во кола. Главчето жива вода, сигурно му е жешко, а и времево е топло. Му ставам тетри од доле и го соблакам, пример елече ако носи, за да не му дојде претопло. Инаку моево имаше многу мокри нозе кога беше помало и кога ќе беше босо, сега само ладни знае да му бидат и малце испотени. Но кога му е жешко топли му се и рацете и нозете..
Колку месеци сте? Исто во кола се испоти и моето. И вчера откако ја внесов дома после шетање на сонце. Рацете и нозете скоро секогаш и се ладни.
Скоро 5 месеци. Откако се стопли времево он се поти така. Дури мислам дека и од тоа постојано ми настинува. А ладни и се дури и кога ти е убаво облечена? И кога е жешко пример надвор?
Сменив и пробав многу пробиотици. Не можам да издвојам дека сум задоволна од некој. Може од биогајата да на почетокот, но потоа запек ни направи. Моментално сме на Диастоп, па ќе видам како ќе тераме со овој. Сега за сега е ок.
Мене ми рекоа тука да не правам со флаширана ради екстрате минерали кои ги содржи, само до вода од чешма провриена, не знам како се преопораките во МК ама што читав по нет тоа го вели.
Вода флаширана превриваме бидејќи после чувам во термос за 2-3 оброци. За потење немам забележано нешто екстремно да се поти. Стапалца утрово и беа после спиење ептен топли. Сега и се ладни, со истите чорапчиња. носеше пижамки без стапалца затоа чорапи. Да и е ладно не верувам, да се испотиле, па за тоа да се ладни можеби, баш ќе пазам на тоа повеќе деновиве. Дланките скоро па секогаш ладни. За крај комшивка едиција. Нова забелешка. Зошто детето секој ден е надвор, да се учи за така, кога за брзо пак ќе е ладно. Есен ќе стаса.
Боже со какво луѓе си имаш мака ти... Многу си зимаат за право еј, ја би отерала у 3 лепе, Што ти е гајле тебе, ти си мајка или јас на детево?
Не се замарам јас што ќе речи ама ми пресмешно што на секое излегување има забелешки. Не само за нас, општо за сите млади во улицата. Заборавив во претходниот пост да пишам искуство со бодите на George. Така фино набавивме големини од 3-6 , па се до 12-18. Памукот мек, убав ама некако како сите во пакувањето да се различен крој. Едно и е прешироко во раменцата. Друго веќе не и чини во должина. Трето делот околу бутчињата е превисоко засечен. Мислам до половината и фаќа. Некако не ми се допаднаа премногу од тој аспект. Ќе видиме други пакувања понатаму. Инаку сите исто и заедно перени, на иста температура.
Здраво, нова сум во ова па малку помош ако може или ако имате нешто слика или апликација да ми пратете за почеток на внес на цврста храна, со што се почнува, колку количество и по колку дена се дава и меша?
Да да и јас цело време превривам од чешма, ама моментално имаме некој дефект со цевките и мора флаширана да користам.
И јас сум нова, 4 месеци ми е бебуш. Се спремам за BLW со едукација од сега. А за почеток ја имам само оваа листа на намирници, можеш и да побараш по групите има баш такви теми за почнување со цврста храна