И ние сега ќе почнуваме со вкусови.. Ако некој има веќе искуство нека сподели. И мене ме интересира грамажата што се дава, колку, што, како.. Вода исто колку?
Кога имам на Hipp не превривам, само може да ја стоплам а сега купив на Babylove и прочитав дека после прво отворање се врие.
Грамажа ќе даваш дури сака детето да јаде. Може на почетокот да бидат и две три лажици само, но со тек на време ќе зголемува. Лично за мојата ќе кажам кога почнав да и давам првите 3 дена јадеше по 3-4 лажички, 4 ден скоро пола тегла, 5 ден исто. Веќе од 6 ден почна да јаде по една мала тегла од готовите каши што се или околу 120-150гр. За почеток ќе дадеш : морков, јаболка, Круша, банана, батат, Слива, компир,брокула,тиква,тиквица, авокадо. Не мора од сите по 3 дена, можеш првиот ден од намирницата да ја дадеш чиста па вториот ден да ја мешеш со тоа што го имаш веќе воведено. Веќе од 6месеци ќе можеш даоп дадеш и ориз, палента па овошјето и зеленчукот да го мешеш еден ден палента, друг ден со ориз, трет ден компир. Ориз и палента можеш да ја комбинираш и со овошје и со зеленчук.
И ние поминавме биогаја, се задрживме на неонате но неможеше да се искака последно ни дадоа линекс за бебе и ок е сега за сега
Друго колку често миете, дезинфицирате играчки за бебе? Реално кај мене сеуште не става во уста. Тропалца и такви слични што повеќе ние ги држиме ги мијам/бришам секој ден. Поголеми музички што не ни ги допира, само ние ја пуштаме музиката, на неколку денови. Синтетички добивме многу. Сите ги спакував за во нејзината соба кога ќе е средена да ги наредиме. Не и се ни интересни, а и не верувам на 3+ или 4 месеци дека сака да држи и игра со нив. Е сега сум во план да земам Софи и таков тип гумени повеќе, па ако ги става во уста веројатно и повеќе пати во ден ќе ги миеме.
Софи не се мие. Ќе мувлоса внатре ако ја миеш. Се пребришува со влажна крпа, така си пишува и во упатството.
Секое будно време го оставаме на подлога и му даваме тропалки или меки играчки (мали) да ги држи со раце и веднаш ги носи до уста, така што пред секое легнување на подлога ги дезинфицирам
Има мини софи, таа нема отвор, јас ја мијам... Инаку класична Софи имав претходно за првото и не беше практична од овој аспект...
Мини Софи планирам за почеток. За тие за во уста што би ги ставала секако на секое играње. Сепак од една страна не сакам да е во толку стерилни услови кај што буквално трчам на секои 3 минути на чешма да мијам играчки, а од друга страна нормално нели и да е доволно хигиенски тоа што го фаќа и игра.
Сабајлево ја држев во жешка вода. Ама ич не ми текна да го прочитам упатството. Се мислам сега да ја фрлам. Со што ги дезинфицирате? Можам глодалките и тропалките со фрош да ги измијам?
Не ја фрлај, пробај исуши ја со фен за да се исуши внатрешноста. Јас ја пребришувам со влажна крпа. Глодалките ги мијам со Фрош, а плишаните играчки во машина ги перам. Јас ја имам и глодалката Софи мала што е како со прстени за да ја држи, но и на неа пишува да не се мие, туку да се пребришува.
Сакам да прашам за тие што доите, бебето ми е 3 месеци, јас немам менструација, до сега само два пати на ѓаките видов капка крв. Како е кај вас? Има некој ваков случај?
И јас немам добиено откако се породив. Исто дојам. Ми кажа матичниот дека ќе биде така поради пролактинот.
Мајки како ги облекувате бебињата сега кога беше потопло. Јас на пример тие комплетчиња што се боди и панталони и ги облекувам така без друго боди одоздоле, но не ми е јасно за тие што се блузиче и панталони облекувате ли боди одоздоле?