Ако облакам втор слој со боди по прерамки, ако облакам боди и пантолони само така и едно дуксерче за одозгора. И јас се мислев за викендов, претопло беше, па по тенко боди по долги и пантолонки беше. Денес со едни фротирни жешко му беше, ќе ги спакувам веќе. Прв пат по 4м бебе заспа само, преташе, преташе и заспа во креветче само. Исвире бели звуци ежето 2 пати и заспа, а во раце со цуцла не сакаше цел саат. Имало и за мене спас. Го оставив со тате на 2ч да носам големо дете на роденден и кренал узбуна. Мене не ми се јасни домашниве, сакаат мирен да им седи да им лежи до нив они да оправаат криви дрини, е не може така. И мм и остали, они мислат бате беше мирен и овој мирен ќе седи, е нема. За 4м ќе се оди на работа, како ќе се одвојам од ова бебе не знам, дуплофанче мое, чичак трака. Бев убедена дека мајка ми ќе го чува ама нешто ми стои дека нема да сака, баш тогаш имала најмногу работа, ќе пропуштела многу... ако, си памтам јас, се врти тркалото. Не ми се верува, освен јас и маж ми, чат пат сестра ми, детево никој во раце не го зима, да не им се налути големото. И после ќе биде не не сака, не сака да седи со нас, не не знае, ама ако. Бебе 4м нит повојница некој му донел нешто, нит дошол некој, ништо, едни роднини дојдоа само, моите од доле пратија и толку, ко да немаме бебе. Не ми е ич фер, ама добро, ќе знам како да враќам и јас.
@AngelOfArh , ко за моиве да читам. Добро, кај мене многу се дојдени со подарок. Повеќето носат алишта за година, две ама бар за од есен сме комплетно обезбедени. Сега може нема некое сезонски да се поклопи ама во глобала имаме. Е сега пред два дена роднини за бебе од скоро 4 месеци донесоа алишта 0-3, 56 и 62 големина. Логика на нештата предвремено е родено значи носи помали алишта. Од старт ги спакував ама пак за некаде можеби ќе се најдат. За чување 90+ % од времето си ја чувам сама. Маж во 3 смени на работа ретко кога останува сам со неа. Пред да се роди сите ќе помагаа сега па и не многу. Или плачело бебе или мајка барало или не ги сакало, било нервозно. Смени деновиве бебе ред, порано заспивање и околу 6 веќе будна. Ќе мора и јас да легнувам со неа ако продолжи вака. Да не сум ненаспана цел ден.
Самиот материјал впива. Ама јас не гледам проблем кратко под проточен млаз и убаво сушење дека е проблем. За првото така ја одржував, така планирам и сега. Инаку јас не дезинфицирам со ред. Само ако падне долу кај што газиме одмивам и од време на време (1 неделно обично) со топла вода и сјај. За првото не се сеќава како праев, ама и за него не чистев опсесивно, сега за ова уште поопуштено. Исто и пумпата (шишиња уште многу ретко користиме, а лажливка да не види) одма после употреба ја ставам во топла вода со сјај и измивам, стерилизирам еднаш на две-три недели.
Иста сум. Маж ми повеќе паничи и сака нонстоп да му ги одмива работите ама навистина нема потреба. Во еден момент една докторка ми кажа дека количината на вируси и бактерии што ја внесува преку играчки, цуцли итн не е доволна да се разболи, но е доволна за да го поттикне организмот да се бори и имунитетот да се јакне.
Ние сме 4м. Заспиваме во 22ч некогаш и во 22и30 не наоѓа. Имаме 5 дремки. 2 подолги и 3 кратки од кои што повеќе време ја успивам одколку што спие. Наутро станува во 8 или 9ч а навечер само еднаш станува за млеко. На ад сме.
Здраво мајки. Бебе е 5 и пол месеци. Од пред недела дена воведуваме ла кашички. Докторот ни рече неколку лажички па пауза...и пак исто. По три дена од вкус. Прашањето ми е ,сега веќе да заменам цел оброк од млеко со кашичка? Само тој момент не го сфатив...
И ние ја имаме мини софи со прстени и пуштам еден млаз жешка вода па ја бришам одма.. Исто другите што паднат ги премијувам со млаз жешка вода или со фрош, кога како. Првиот пат секако со фрош, после кога како. Плишаните ги перам.
Заспива накај 22.30 - 23.00. Денски има 4 до 5 дремки и тоа кратки, по пола саат. Некогаш надвор знае и поише да врзе. Станува накај 10 сабајле.
Кога ќе изеде цела кашичка од 120гр се рачуна дека заменувате еден оброк со млеко. Моето и твоето се нецела недела разлика, мене ми рекоа 2 дена да воведувам една намирница па сега мешам, нови со веќе воведени намирници и јаде веќе цела кашичка. Секој ден зголемував по неколку лажички кашичка кога почнавме и многу брзо стасавме до цела тегличка, си има апетит машала
И мојот тоа време е веќе во кревет. За сега супер му е редот. Дури и да го легнам подоцна тој пак ќе е станат 6-7, па не се ни обидувам да му го реметам.
Исто, не ми смета нека си спика, само дека ќе затопли за скоро па многу рано ќе си легнуваме, не знам како ќе украдеме некоја шетња, ама може дотогаш и ќе смени распоред