Охх камо среќа да сакаше во количка, некогаш се буни и плаче многу, вчера во парк бевме, морав на клупа да си го држам во раце и да го нишкам па да го вратам во количка успано, ко некоја будала сум
И нас ни се случува, не си единствена. Некогаш еден од нас го држи в раце, другиот ја турка количката
Знае и бебе да се расплаче во количка особено ако е во фаза кога му се приспива, ама освен ако не почне да заоѓа не го земам. Му шшкам, пеам, зборувам додека не се потсмири и почне да се предава на заспивање.
И мојов само во раце се успива па го легнувам после во количка ако сме надвор. Кичма ми падна. Не знам како таа навика да ја смениме само.. Ако не го земеш вришти, урла, а му се спие, му се плаче.
Ве читам и ви завидувам што имате ноќно спиење. Дали знаете дека моето бебе никогаш откако е роден ја нема преспано ноќта (за преспивање на ноќта мислам на 6-8часа константен сон без будење). Ниту има рутина на легнување и станување. 4 месеци е, мене не ми се случило да спие повеќе од 4 ипол саати без да стане со кенкање или плачење. Конкретно вчера заспа во 8ипол, стана точно на полноќ. Јадеше, се искака, менувавме пелена, заспа точно во 1ч и се разбуди во 3ипол. Пак јадеше и заспа со тешки маки во 4ипол за во 5ипол веќе да си биде буден со гугање. Не можам да ви доловам како боли секој дел од телото како да ве тепал некој кога треба пак да почнете со денот а не сте сврзале повеќе од 2часа сон. А денот....е денот е 45мин дремки и ни минута повеќе па и на трепавици да одам. Затоа кажете си само фала што имате среќа да имате бебиња што ви спијат....без разлика кога легнуваат или стануваат. А да, на ад сме не на доење! П.С. и не, не е поради скокот во 4 месец. Вакво (не) спиење има од 6та недела живот. Живеам како во регресија со месеци
Лелее исто, од бебе што одма заспиваше во количка, абе само што ќе тргневме да го возиме ги затвораше очите, сега плаче дур не го кренеме, да го заспиеме во раце, па да го спуштиме назад во количка. Претешко ми е ко ќе сум сама. А си мислев само ние сме. @Secret-Angel7 дојди да си се гушниме. Имаше еден период, кратко, кога сврзуваше 6 часа и само џабе се израдував. Сега може да се случи да спие 4 часа ама тоа е најчесто првиот циклус на спиење и јас тогаш уште не сум легната. Се друго е 3,2 часа и сабајлето веќе на 1 час се буди. Среќа само што ми презаспива лесно. Денски исто не можам да легнам со него, кратки му се дремките. Повеќе време го успивам од што спие.
Скоро 8 месеци, уште не сака во количка, а сега не ни спие, па за да го вратам назад. Раат сум во маркет само, на металните колички. Има и полошо, пример јас
Пробај со шшкање и тапкање да го заспиваш во креветчето (нормално кога плаче го креваш го смируваш и одма назад во креветчето и пак шшкање и тапкање).. јас пробувам така да го научам па ќе видиме дали ќе функционира, не плаче освен ако е многу уморен.. се будеше секој саат, сега само 3 пати или 4 и лесно заспива со цицање а ако цицал па се разбуди за саат пак го тапкам и шшкам.. некогаш го слушам мрда и сам ќе се презаспие, ама имавме и ноќи кога се буди во 2 или 4 ококорен и сака да си игра..
Внуката беше ваква, уште е, ретко спие, 3 год има, а и јас сум била ваква и уште не спијам многу, ноќта ретко ја преспивам без будење, а дневно спиење ми е многу ретко пракса. Жалам што сте ненаспани ама детето си има таков циклус на спиење и веројатно ќе се навикнете и вие на тој ритам. Моево месец ќе полни неделава и греота е да се пожалам дека сум ненаспиена, ноќта не спие цела ама маж ми е ноќна птица, си игра на лаптоп, бебето до него во количка спие корни, ќе го нахрани еднаш околу 3 и еднаш околу 7 и ќе смени пелена, после ќе си легне и тој, а јас докај 9-10 зависно како тој спие се отспивам. Ретко овој месец да сум без 7-8 саата сон, после си функционирам цел ден, бебето константно спие во количка долу, многу сака, дури повеќе од кошницата ја сака, јас си терам работа по дома. Исто на шетање штом го ставиме во количка веќе е во длабок сон и не се буди дури ни да јаде ако сме надвор. Ваквата рутина ни е супер за сега и одлично функционираме, ама имаме мирно бебе и се надевам така ќе остане и натаму. Среќа што со маж ми имаме различен ритам на спиење, он е ноќна птица, а јас денски функционирам подобро па ептен се организиравме. Ќе смени сигурно натаму нешто ама де надевам ќе остане спанко. Него му накачив на 120мл формула и јаде на 3-4 часа кога ќе стане и редовно овие денови ми блуцнува по малце, како вишка да му е, а ако дадам помалце ми бара уште, дали додека да се навикне на повеќе му е маката или некаде грешам?
Веќе недела дена на мојов му накачувам 120, му давам преку едно јадење 100. Може да му сврзам два пати ама третиот бљуцка. Треба време да се навикне
Па не би рекла дека треба да се помириме со будење на секој саат и до 3 години неспиење, него да се бара чаре и начин, ама ок сит на гладен не верува ваљда, и родителите се луѓе инаку
Скроз исто и ние. Освен вчера што имавме луда ноќ. Од 8 почна да кенка, за од 9 до 10 да плаче да заоѓа, не се смируваше ни со доење што никогаш до сега не ми се случило. Пробавме со думкање, со шетање, со возење во количка, со доење, со нишање ништо ништо. А бебево плаче се погласно и погласно почна да се дави На крај ја возевме со кола и така заспа во транспортер, ноќеска уште два пати се разбуди за цицање и си презаспа. Ама не знам што беше ова ...
Јас не реков дека не сме луѓе и дека не треба да барате чаре, имав и јас епизоди кај бебе кога стануваше и бараше храна на саат време и не презаспиваше никако, разбирам дека не е лесно и верувам ама само кажав пример дека има едноставно такви деца и дека можеби ќе остане така и ќе мора да се помирите. Се надевам дека нема да биде тоа сличај за вас, внуката не се буди веќе на саат време ама исто и не преспива цела ноќ, се буди и по неколку пати, а денски ретко дремнува, така да сакам да кажам дека будењето на еден саат ќе се смени, ама ако детето си е такво да не е по спањето ќе си остане такво.
И ќе се најдат советодавците да кажат спиј кога бебе спие. А јас цел ден го успивам, а кога ќе заспие не знаеш што попрво да направиш. 3 работи одеднаш фаќаш, 200 на саат се ставаш и ете го буден.
Ке успееш да му ја смениш само биди упорна, мачно е дур се навикне ама после рат ке си. Остави го кога не е заспиен уште, ама му се спие и е мирен и почни да го возиш. Ако почне да плаче не го земај одма и пак земи го смири и врати, за некое време би требало да прифати да спие во колица.
Пробано е се. Секоја можна техника, сите можни услови се задоволени ама не си менува. Чекам да помине 4 месец па да пробаме евентуално некој тренинг, Фербер или слични нему методи. Буквално опседната станав да најдам решение за да можам да функционирам дневно.
@Leanne .[/QUOTE]Освен вчера што имавме луда ноќ. Од 8 почна да кенка, за од 9 до 10 да плаче да заоѓа, не се смируваше ни со доење што никогаш до сега не ми се случило. Пробавме со думкање, со шетање, со возење во количка, со доење, со нишање ништо ништо. А бебево плаче се погласно и погласно почна да се дави На крај ја возевме со кола и така заспа во транспортер, ноќеска уште два пати се разбуди за цицање и си презаспа. Ама не знам што беше ова ...[/QUOTE] Пред некоја ден ни се деси така и нас вриштење без причина да откриеме, како си лежеше во количка почна да плаче ја зема мм зајде јас испаничена дај ми ја зајдува ја кренав во вис никако да престане плаче и зајдува на крај ја замив во вода и се смири потоа пуштивме песнички па се смееше гукаше ама јас сеуште сум потресена од тоа зајдување уплав имам. Кај мене бебушка е научена да заспива во количка постојано и дома ја служам, па потоа ја префрлам, ете во креветче неможам да ја заспијам јас ли грешам незнам? а во количка ја нишкам пополека напред назад држам раче бидејќи кога и се спие се чеша по лице вади цуцла плаче па вака е помирна и така заспива некогаш одма а некогаш и со вриштење додека не ме препоти и да обавезно цуце во муце