Менуваат, многу менуваат. Моето од раѓање спиеше убаво, до месеципол спиеше со 1 до 2 будења, па од месеципол до кај 3ипол преспивање цела ноќ со макс едно будење еднаш у неделата се дешаваше, имаше недела дена со будење на секој 2 саата, умрев ми се чини и сега е пак со 1 будење. Ама во 4 скок е. Е сака после првото будење да продолжи да спие до мене, не сака назад на креветче, па јас сум пак жива ненаспана бидејќи се плашам големото да не го удри, кичма ме боли од што сум стегната и лошо спијам, ама насабајле кога оди големото во школо ми е најслаткото спиење и тогаш се пружаме накосо и двајцата на спална и спиеме најубаво. Бебиња се, не знаат да кажат што ги мачи, сосема е нормално да стануваат и да се будат, читав скоро дека бебињата до 4тиот месец не перцепираат дека се одвоена личност, мислат дека се сеуште едно со мајката, после четвртиот скок почнуваат да се освестуваат и искрено тоа го забележувам и кај моето. Големото го чував под режим, со ова се опуштив и да бидам искрена полесно ми е.
Мислам дека е многу 120мл за бебе од месец дена. Моево е 5ипол и пие по 150. Може да му се рашири желудничето и да има прекумерна тежина. Можеби плаче од нешто друго, а не за храна.
Да, се согласувам дека има деца што помалку спијат и се ок со тоа. Но, кај моево не ќе да е тоа случај затоа што се буди и е кенкав, зева, се гледа дека не му е доволно сон. Му се спие а не презаспива после тие 45 минути. По се она што исчитав изгледа дека има проблем во сврзување од еден циклус во друг. Не знае како да ги спои во еден циклус од саат ипол и не е ресторативно тоа спиење, затоа е кенкав и плачлив. И затоа барам секојдневно секакви начини да му помогнам и нему а и себе
Толку ни препорачаа да пие, и на самата формула си пишува дека од 2-4 недели се дава 120мл на 5 оброка дневно. Моето е 4кг тоа толку треба да јаде. Не плаче за друго, за храна си плаче пошто штом јаде се смирува и си е буден дента, а вечерта си спие. Само може додека се навикне на толку му треба време. Инаку за 5ипол. толку треба 150мл, во ред си е, моето сега е во скок и бара повеќе храна.
Си пробала да смениш нешто? Атмосфера, светло, соба, звуци... моето спиеше така по пола саат кога спиеше во дневна, се префрливме во спална со спуштени ролетни и покриено тенко спие по подолго. Саат сигурно спие. Заспива со цице, ама знае и сам да заспие (во раце нормално) со бели звуци, на рамо го ставам, го тапкам по грпче и заспива.
@AngelOfArh дали уште бебето ти кака како слузаво? Ми имаше еднаш кажано дека и твоето така кака. Мојата е 3+ уште се така си кака. Денес и нешто потечно на два пати. Даваш пробиотик? Јас воопшто немам дадено, од болница не ми кажаа да давам, а и матичниот кога го прашував за какето ми рече нема потреба од пробиотик. И друго да прашам, кога да преминам на тројка памперси? Пред 2 недели 5кг беше беба.
Во однос на услови и промени нема што немам пробано. Од спиење во раце кај мене (тоа најмалку го сака), до спиење на нашиот кревет во спална, до мотање во swaddle, до пуштање звуци на мобилен, па уклучување фенови, спиење во темно, спиење во светло, спиење во количка, во кола, во релаксатор..и што ли уште не...ништо од ова не му продолжи дремка барем до 50 минути. 45 е максимумот и е скроз буден, не е ни поспан.
Да, дури језиво беше, ко желе жуто цела кака. Се среди. Давам пробиотик без престан јас. Царски сум и морам. И пелени 3ка носи од 5 кила, полесно ми е мене.
Мојот е 3 месеци и е скоро 6 кила. Не се гледа возраста се гледа тежината докторите имаат како пресметуваат.
Да според тежинат ми пресметаа и рекоа толку, вајда ми бљуцка додека да навикне, ама му дадов последните два обрка по 100 и мирен е, ако бара повеќе постепено ќе му давам.
И мојот спие толку. Од 30 до 45 мин му се дремките. Се пробав џабе. Мислев поголем повеќе ќе спие ама не, сега е мн активен на под се врти и стално е на меше, во џампер скока, и пак по толку спие. Се помирувам, такво си е детето
Чек малце, ти спие 45 мин по дремка или се на на се 45мин. Ако е 45 по дремка тоа воопшто не е малку сосема е ок. Од дремка до дремка колку проаѓа? Мојот спие макс 1ч, ретко продужува. Ама од спиење станува скоро секогаш свеж и насмеан, весел, спремен за игра и јас тоа го тумачам како знак дека му е доволно. Ако и твоето се буди весело за игра спремно, тогаш доста му е.
Мислам предвремено беше и твоето, ако не сум грешка. Која ви беше родилна тежина? Кај мене на скоро 4 месеци е блиску 6кг. За спиење некако се средува на 2-3 дремки по час и една од 2 часа. Малку ли е, многу ли е не знам. Ни дење, ни ноќе не ја разбудувам веќе. Спие кога сака и колку сака.
45 мин кај нас е премија ако дремне преку ден, освен надвор у количка шо спие и по 2 саати, некогаш и само пола саат дремнува дома. Вечер исто станува на саат два откако е роден. Иначе околу будењето навечер или ептен рано насабајле, јас тоа го решив со тоа што не станувам, он си гугаше саат време и повеќе у 4 сабајле и после пак ќе заспиеше и така го одложувавме станувањето за покасно и се навикна сега спие докај 8ипол. Исто така приметив дека ако покасно го успијам навечер (10,11) повеќе спие одсабајле, додека ако заспие у 7,8 вечерта, веќе у 6ипол сабајле е наспиен. Знам дека 10 е веќе касно зљ заспивање ама сега за сега така подобро функционкраме.. @Secret-Angel7
Супер битно да не се гладни бебушите и да се намирени, штом си бара нормално дека ке дадеш и јас би му дала. Збориш за дремка или за ноќно спиење? И на мојот дремките му се пола сат претежно, ретко сат, сат ипол. Не е страшно ако се работи за дремки, се тера и така се навикнав и ок ми е, тоа е што е. Туку одбиваат ли да јадат во пети скок? Во пети скок сме и со жив зор го пие цело млекото, на неколку пати го пие, по сат време и тоа со молење. Вака добар е, весел, не ми делува дека го боли нешто. А од глад дека плаче па ич. Што знам не сум паметна.
Моето бебе често враќаше млеко кога беше 1-2 месеци, пиеше 120мл на секои 3-3.5 часа, не е многу, следи го апетитот на бебето . Нормално е понекогаш да му се враќа млеко ако не плачи и ако ништо не го боли. После јадење ја држев исправена околу пола час и не ја легнував скроз рамно туку малку поткренато главчето како на косо да лежи дури да спадне јадењето, тоа ни помогна.
Сите скокови до сега најмногу ги осетив по јадењето. Пиеше млеко буквално со плачење. Го оставав и по 4 саати и пак едвај го пиеше. Единствено навечер во сон си пиеше убаво