Не треба скроз изладена, јас млакичка ја давам. Штом се почнува со храна обавезно мора вода са почне да се дава.
Уриаж спрејчето со цинк, одма смирува било какво цевенило а најдобро е што прскаш немора да размачкуваш
А после пробата колку време треба да помине па да му се даде да цица? Бидејки вкусов ми рекоа 2,3 часа после првото доење, па после ми доаѓа некако одма да му дадам да цица. Зборам за пробување, кога се нема сеуште цел оброк.
Кога е 16 степени надвор ама сончево и топло се чувствува како да го облечам за надвор детево? До сега се шеташе на боди, шпикозни и дебел ромпер ама последно во него испотен ми беше, се мислам со тенко ќебенце ама да не го измрзнам, капа да ставам?
Капа сум ставала само кога дува ветар. На 16 степени можеш да го покриеш со ќебенце,подобро отколку да се поти во ромперот.
Боди, шпихозни, дуксер и тенко ќебе. Ако пече и е топло не ставам дуксер. Вчера овде беше 15 ама ладно, облачно, не она топличко да е, па му облеков елече и покрив со ќебе, ставив и памучно тенко капче. Моево е поголемо и не седи покриено, па затоа кога беше мало лесно беше, седи покриено.
Се утепав од барање по сите продавници за бебе, во некои бледо ме гледаа не ни знаат што барам. Пишувај ако најдеш некаде, јас не успеав
Мојот критеруим за почнување на дополнителна исхрана беше бебе да покажува интерес за храна, да може да седи и да е свесен што се случува, а не само механички да му бутам јадење. Препораките се менувале и ќе се менуваат. Мене лично на 4 месеци не ми личеше на спремен. Супер си напредуваше и не гледав потреба да почне со цврста храна. Со педијатарот се поклопивме со мислењата. Почнав на 5 ипол месеци. Од ортопед добивме дозвола да седи во хранилка, се тегнеше по нашето јадење, имитираше џвакање. Тоа ми беа знаците дека е спремен. Сега само што го седнувам во хранилка знае дека ќе јаде. Ми граба лажица, сам ја става во уста. Дел го оставам сам, дел давам јас. Не форсирам ништо. Му доближувам само лажица, сам си зинува. Некогаш ми ја трга раката и сам сака со неговата да јаде. Јаде колку што сака. Не мерам. Дали јадел 5 лажички или 15, кога ќе одлучи дека му е доволно (престанува да отвара уста и ја фрла лажицата) оброкот завршува. Мое мислење е дека иако се бебиња знаат кога им е доста. Не може сите исто да јадат. Некогаш се повеќе гладни, некогаш па и не се. Не можам јас да знам во моментот колку му е доволно. Јас сум исто вака хранета, со тоа што од старт сум била на разредено кравјо млеко, дека не сум цицала, а адаптирано било мисловна именка. Тетка ми 15тина години подоцна ми кажува дека тогаш на 9 месеци почнувале, како што имаше пишано друга членка. Јас почнав со пасирано со вилушка од старт. Си прифати и така тераме. Само првите 3 вкуса беше мазна структура, дека од готовите кашички дадов. Инаку за цели парчиња ќе почека моево уште малце. Дадов банана соодветно сервирана, ама господинот лаком газ, откина парче, го голтна и се задави. Не зборам за гаг рефлекс, туку буквално давење. Ми се скрати мислам животот од тој стрес. Целиот поцрвене во фацата, пробуваше да го исфрли парчето но без глас, безуспешно. Вака го свртев и го тапкав не знам колку време додека излезе парчето. Како сакаш и како сака бебе. Нема правило. Вода се дава да. Јас давам после оброк од чаша. Јас давам кога ќе побара. Првите неколку дена нели сепак е мала количина бараше одма после јадење. Вчера побара после 2 саати.
Охоооо што убаво будно време си имате и плус бебуш расположен. Колку месеци е? Дај ми надеж дека сте поголеми од нас
Јас истото сакав да прашам. Користам на бекутан со цинк оксид, но сакам да ја сменам многу лошо се размачкува остануваат како грутки што тешко се отстрануваат. Дали другите креми повеќе упиваат?
I jas koristam Sudokrem I prezadovolna sum. Ova ja koristam koga ke sme izlezeni ili ako treba vo dnevna da ja preslecam nabrzina,vo ranecot mi stoi. Isto sum.prezadovolna, ubavo se macka I ima mnogu lesna struktura. Mislam.deka ima I na baza cink ama jas zedov bez.
И пишав и на другата членка, од уриажот сум многу задоволна на мојот му се прави црвенило под вратчето само шприцам зошто многу мрда зошто нема шанси да го мачкаш.
Мајки вр молам за неколку совети млада мајка сум сами живееме бебето ми е 2+ месеци но јас мислам дека не сум добра мајка и дека не се снаоѓам во мајчинството сакам да му бидам совршена мајка на моето бебе но се мислам дека не сум прво немав доволно млеко др ми го прекинаа после 2 месеци до 2 месеци доев живееме во странство јас сум постојано сама со моето бебе и сега еден проблем е тоа што на бебо главчето од една страна му е поддигнато а на друга рамно тоа докторите рекоа дека е од порагај оти имав долг и тежок порагај додека фам ме осудува дека не сум го вртела во креветче а гп правев тоа сега одиме на физиотерапии друго не ставам шиток повој затоа што е машко и мислам дека нема потреба мое мислење ете ти уште една осуда деуго детето го успивам во раце во положба накај мене свртено исто како кога цицаше само со едно раче кај мене под мишка и целопт е свртен накај мене не сум смеела така едното ноже ке му било помало др поголемо офф.. е сега веќе не им се но јавувам оти неможам да издржам повеќе критики имам 22 години сама во странство и неискусна имам неколку прашања во болница ѓи покажаа дека пелена се менува со држење на бебето глуждови и го поткревам додека пак прочитав тоа ке било пречка кога ке проодува бебето кажете која положба е правилна друго ми кажаа бебето на рамо и да го тапкам посилно на грпчето да подригне но некако ми е сррав се мислам како да го боли како да го подригнувам друго кои активности треба да се прават на 2+ меееци јас само вежби со ножиња го вртам на страна и на меше бидејки детето ми спие после секој оброк е биден час тогаш малку играме незнам ни кои активности се правилни и како треба да изгледа еден ден како е правилно за бебетоза бебето незнам гледам се да стасам и дома и да готвам и со бебе и осудувањата од страна многу ми е тешко ве молам совет ви благодарам се извинувам на докгиот пост
Мое мислење е дека совршена мајка не можеш да бидеш, ни јас, ни ти, ни било кој. Најдобра мајка за своето дете во секој случај ќе си. Бидејќи сте во странство обиди се што помалку работи да споделуваш. Секако ќе имаш коментари или кога кажуваш заобиколено. На пример спиеше денес, одговор спиеше, ни колку, ни како, ни кога. Кратко и јасно. Јас сум далеку повозрасна од тебе и со искуство на чување на деца, па гледам дека за Х работи ме осудуваат или гледаат напреку и не ми е гајле реално. Доколку таму има бабици или како тука патронажна сестра која може да ти помогне повеќе побарај си совети и помош од истите. Нервози преку телефон не ти требаат воопшто. Имам и јас моменти каде што мислам дека веќе му сум досадна на бебето ама брзо ми поминува таа мисла.
Не знам каде си странство, но претпоставувам секаде има ресурси каде што може да се јавиш да прашаш доколку мислиш дека нешто правиш погрешно. Практикувај тоа што ти кажале во болница, и како што ти кажа членката, не споделувај се. Зошто побогу некој би ти дал коментар на позицијата за доење? Се вклучуваш со камера некој да те гледа и да ти коментира? На секое прашање зошто, само кажи дека така те советуваат стручните лица кај што живееш и крај на муабетот. Јас апсолутно ниеден совет не практикувам од домашните, не ги ни прашувам, а ако некој коментира враќам само во ред и толку. Не се сомневај во твоите способности како мајка, на интернет пишува се и свашта, следи совети од стручните лица таму и опушти се.
Абе кога престануваат да пикаат раце у уста, или сум заборавила или братчево не ставаше раце во уста, што е не знам. Жива вода е нон стоп. Тоа балончиња летаат, тоа лиги течат, тоа ракавите се утоп...
Леле па на моменти нервозно кога пробува цела тупаница да ја пикне. А тоа балончињата и лигите на сите страни да не ги коментирам А мене па ме прашуваат зошто шетам босо дете. Е како ќе си ги најде детето нозете да си ги јаде