Мајки денес на ортопед малку ме загрижи тоа што ни кажа да се вратиме на контрола за месец дена. Пробуваше да го исправи од грб во седечка фатен за раце и не ја креваше главата, му висеше надоле. После проба од 45 седнат ортопедот со него, вика не се исправа сам, мора да му се вежба торзото. Да седам со него во раце под 45 степени и да му ги држам бутчињата. Имате некоја друга вежба за ова? За месец дена ќе почнуваме со храна, а он не дава знаци за исправаење на тело.
Не се грижи, мама. Има помрзливи бебиња, вежбајте и ќе се среди. Стимулирај го со играчки за да почне да се исправа.
Има мајка што дои и пали по некоја цигара? Пушев пред да забременам по 2-3 цигари во денот, некогаш повеќе а некогаш ич. Овие денови ми се напнати, нервозни.. Запалив неколку овие денови, ама не повеќе од 2 во денот.
Нас ни кажаа исто од 4 месеци да го седнуваме малце под 45 степени, го држам во скут или во хранилка седи некои 10 мин додека јадам и му давам една по една играчка. И tummy time колку што сака со играчки пред него.
Сега направивме 5 месеци. Баш имаме будно време, а и цело време е захтевен, си бара пажња, бара да сум околу него и брзо му се здосадува се. Башка деновиве не не послужи времево и збеснавме дома, веќе не знам што да му сменам хаха. А куќава ќе прооди мислам пошо поголем дел сум цело време сама со него и не можам ништо да пофатам.
Ги надминавме пред некое време "животинските" звуци, сега врисоци на цел глас. Мислам во цела улица се слушаме. Од каде вади дете од 5-6 кг ваков силен глас, не знам и јас .
И ние денес цел ден си пиштиме . Поздрав од регресијата во четврти месец, бебуш се буди навечер на секои два саати да цица. А убаво си ја преспиваше цела ноќ. Дневни дремки само јас ако ја возам со количка низ стан, веќе не знае сама да си заспива. А и супер времево "се погоди" да не можеме ни надвор да си шетаме, мама во куќен притвор. Поклопувањето со четврти скок траеше три дена, ама извозивме 60 км со кола. Ајде да видам колку време ќе трае периодов се надевам нема 6 недели.
Мајки, со која грамажа почнавте кога воведовте проба на вкусови? Јасно дека прв ден лажичка, две, но педијатарот ми пиша грамажа доколку сака детето која по мене е премногу и мислам дека нема шанси да ја воведам од старт.
Јас со првите две давав првиот ден две три лажички, вториот ако сакаа пола тегличе и третиот ден ако јадеа и цела ќе им ја дадев.. јадачи ми беа и двајцата како мали и имав дозвола од педијатар и немав проблем со двете, и со ова исто планирам здравје за некои два месеци
Мајки како се справивте со бебешки акни? Ќерка ми е на 18 дена, многу се исфрли на лицето со ситни бубулички цело лиценце особено околу очињата. Цела е црвена грев ми е да ја гледам Педијатар вика да не јадам млечни производи и треба да се смири, плус козметиката и ја смени со А дерма за чувствителна кожа. Ваши искуства?
Мајки,бебе ќе ми се одбива од доење 40 дена е, неќе да повлече и неќе. Ја џвака чудно брадавката, ич неубаво фаќа. Ми се испапчија вените на градиве, ме болат дури. Одмолзив сабајле и го испи 100мл, нудев града ама не, заспива на неа а не цица. Цел ден е на ад денес. ^Само чај од жалфија намалува лактација? Малку ми е жал искрено, ама решив да не се депремирам туку да го сфатам нормално ова, само да е сита и весела. Ќе си порасне секако. Првпат после 4дена се искака два пати денес, што е добро, ама па многу повраќа од Аптамилот. И грчеви има. Пие по 60,максимум 80мл. Немам искуства со ад млека, не знам си кое да продолжам. Кое би го предложиле? И дали без таблети би прекинало млекото во оваа фаза на воспоставување лактација? Речиси и да не пијам течности денес па сеуште не ми се преполнети.
Јас ќе ти предложам нешто. 10мин пред оброк молзи колку ќе измолзиш и дај и го тоа, ако е малку ќе дополниш. Така најбезболно ќе намалиш млеко. Нема да имаш сигнал дека на телото му треба повеќе млеко туку обратно, бебе ќе пие мајчино уште некое време и ќе се намали млекото пополека. За максимум 1м ќе намали скроз, па ќе можеш да престанеш со молзење. Ако сакаш, ако не пробај со чај од жалфија, со одмолзување колку да ти олесни малку и тесен градник.
Многу молзам,100-150 и прекинувам, ама несакам да стимулирам повеќе зашто еве ме читаш се изнамачив доволно овие месец дена.. Вака само ад и готово, немам нерва ни една останата, се наполнив нервози.
Мами жива и здрава да е момата.Секогаш да ве прави горди. Значи мами 3 деца сите се различни.Ти имаш искуство и со доење и со одбивање.Ад не е отров ќе порасне.Може е во скок па затоа и одбегнува цице. Јас додека разбрав таа мома цела станала.
мајки кажете добра комб на пробиотик и капки за грчеви давам бебитол неонате пробиотик и колиеф капки амс еве 11 дена има мали и пичнаа грчевите