Се средува, но ако сакаш превентивно докторката ни рече тетра сролана до пола да се стави под главчето и да се потпре со завитканиот дел за да не ја врти натака.
Дадички и батковци, ние пораснавме и се селиме во другата група Секако ќе се враќаме тука да проверуваме до каде ни се другарчињата
Пред јадење дадов витамин д и омега. Цицаше пола саат и кога ја дигнав да подригне ми потповрати. Се осека мирис на омега. Да давам пак витамини или не е страшно?
Од искуство, најдобро брис да се направи за да се види дали капки и какви.Ние два месеци се мачевме.Ставав тобрекс по препорака на матичната една недела не му помина, после ми рече ставај уште една недела пак не му помина.Ми рече капнувај му мајчино млеко и пд тоа не помина.Бевме на очен ни рече само испирање со физиолошки и масажи затнати му се каналчињата и така во круг два месеци. И на крај на своја рака направивме брис и според резултатот ни дадоа цитерал капки,ама користевме замена бидејќи не ги најдовме, и за два дена му помина.
Женски бевме на вакцина шестовалентна, купив лепенка каде се лепи и колку време се држи? И ако може уште некој совет
Извини вака едно прашање може ќе знаеш да ми одговориш, неповрзано со твоето. Ние две од вакцините решивме да му ги ставиме тука, мислам двете дози, тука даваат на 8 и на 12 недели, трета доза од оваа 6 валентната и рота прва доза е на 16 недела ама ние ќе сме во МК тогаш, неаме услов да чекаме поради приватни дешавки, рота ќе му стават во МК, ама оваа другата не знам дали се од ист производител за да ја стават таму исто, да не има запишани во картончето си вакцини ако не ти е тешко да споделиш за да споредам.
Рота прва доза овде ставаат до 12 недели мислам. Нека кажат мајките ама мислам дека доцна ќе ви биде на 16 недели.
Знам дека е индицидуално кај секое бебе ама кога почнаа да се вртат од стомак на грб? Трупче мое за 4 дена прави 4месеци и се на се 5 пати дали се свртел и тоа несакајќи за ќерче не се сеќавам а синко со 3м полни веќе убаво се вртеше ова некое мрзливо се погоди изгледа и уште ако го оставам подолго време на меше пишти се нервира сака да го свртам
Дека тука е на 16 па нема како да ја ставам порано во мк, едино да прашам тука на 12 дали би можеле фа ја дадат, а за другите да не знаеш кое е правилото?
Од 4 месеци до 6 вежбаше, се сврте неколку пати ама мислам случајно Со 6 полни почна убаво да се врти, прво од стомак на грб па за неколку дена и обратно
Ротата ние не ја ставивме дека касно ставивме бсж и после 45 дена он ќе беше 17 недели и ни рекоа дека е касно. За оваа вака е запишано ако ти помогне
Рота кај нас нема да ви стават ако е подоцна од 12та недела. Ние бсж ја примивме во шеста недела кога достигнаа 3кг, и после тоа не сакаа да ни дадат рота затоа што не смеело да примат две живи вакцини во период пократок од 3 месеци, така што таа ни пропадна.
Тука БСЖ не ја даваат, јас сакав во мк да ја ставам, сега не знам дали и таа ќе сакаат, не знам што да правам, да можев да останам ќе седев додека се не заврши ама мора да се вратиме на некој месец.
Синко е 4+++ веќе се врти сам од грб на меше ама обратно не, има врска дали ќе биде прво од меше на грб или од грб на меше? Месецов ваљда ќе почне и твојот да се врти, само вежбање секој ден по неколку пати