Не мора да е гладен, да го боли, може и скок да е. Иначе кога вреска ти е најлесно да пикнеш цицка, само стисни да му потече и ќе повлече. Ги смирува страшно.
Ќе познаеш ако е од болка, сигурна сум, штом се мислиш не е болка. Нареден пат кога ќе плаче така земи го во раце и движи се правејќи чучневи. Не знам како да објаснам, како да потклекнуваш и пак да се креваш, се надевам ме сфати. Се смируваат во секундата. Ова ми е совет од патронажна и само така се смируваше кога имаше грчеви
Да ја споделам среќата. За 4 дена бебе прави 5 месеци и вчера се одлепи од мене, се витка да си ги фаќа чорапите. Наназад неколку постови ве удавив дека не крева торзо, еве се случи и тоа. Не дигам паника веќе, секое бебе е различно!
Со цицањево ми се случува и кај нас. Се бори со цице, прави фаци, отвара уста, баш се кара...а сама ја пушта, па пак ја бара. Мене тогаш некако ми доаѓа дека веќе не и се цица толку многу чим ја пушта..Ние сме 20 дена денес. Вчера спиеше многу немирно. Постојано мрдаше со раце и нозе. Цела вечер. Денес е добра од сабајле. Од што се јавува тоа?
Јас откако се пожалив дека не го крева торзото да стане сам за неполни 12ч се подигна Ние денес полниме 5м, баш сме врсници неколку дечиња овде На 300 ума сум да почнам со вкусови од денес, уште немам ништо набавено додуша и веќе би требало да дадам ако решам, ама изгледа до преглед нема да биде. На преглед ќе има 5ипол месеци. Не ми се брза, ме интересира само реакцијата негова, а и почна претпладне премногу често да бара да цица, на 40мин веќе бара, а цицаше на саатипол два.
Девојки ми треба искуство. Бебе спие преку ноќ, се буди само за цицање. Но, преку ден, многу тешко зацврстува и одма се буди, се нервирам мислам треба повеќе да спие. Што може да е? Што можам да направам?
Среќна 5ка! Ако покажува интерес додека јадете вие, ако отвара уста дај му некоја кашичка денес, да си прослави 5 месеци. Па ќе процениш после дали ќе тераш така или ќе чекаш 5ипол после педијатар.
Исто и кај мене, заспива се буди. Навечер е супер некогаш и 6 саати врзува. Преку ден И по 4 саати некогаш е буден, а тоа е премногу. Не спие во кола, рика плаче. Во количка не спие исто плаче. Понекогаш на меше спие. Така се буди и презаспива. Пробајте така. Некој да не има совет како да го привикнеме да спие во количка?
Ако имате можност количката да ви биде дома па да возите по дома или пак во корпата ставете го бебето постепено да се навикне на неа.
Како ги облекувате бебињата сега ние сме 4+++ и многу е кенкава се мислам да не и жеже да ја расоблечам само горе на куси моментално кај нас е +24ц. Сеуште ја немам соблечено, сега заспа облечена е во боди на кимони, и комплетче блуска со тренерчиња и боси нозе.
Колкаво е бебето? Изиграјте со бебето да се измори и легнете го во потивка соба. Можеби е скок или може регресија на сон, прочитајте на таа тема.