На 24 јас би расоблекла. Мојов по дома веќе некое време кога ќе зажежи е на кратки и тоа се случува само со боди. Од пред некој ден и за надвор горе кратки, а како тргнало за некој ден и надолу ќе го расоблечам. Моето за некој ден ќе е 5 месеци.
Мајка ама во количка не е баш удобно, не знам зошто инсистираш во количка да спие. Ние имавме корпа со количката и на почеток спиеше во корпата, ама како нарасна не му беше удобно и ја тргнав. Мене не ми е баш хигиенски надвор да шетаме и после дома и затоа не го ставам во количка дома, ако евентуално заспие надвор го оставам во ходник покриен и тоа му е најцврст сон ми се чини, ама дома не го ставам. Се раслековме и ние. Дома ни е ладничко, на приземје сме во куќа, спалната е на север, ама го оставив по кратки пошто стварно е топло. Јас сум боси нозе, кратки нагоре и ленени пантолони надоле, луфт на најјако, греота ми е да го туркам него. Ако продолжи вака ќе го соблечам и јас веќе надоле. Чорапи носиме од оние кратките за патики демек што се.
Моето почна да се влече како војнички, вчера од дневна до кујна стигна... 5+ е.. а со вкусови мислам дека интересно му стана, почнавме од 5 точно, само не ми пие водичка, страв ми е дека е топло доста
Леле исто и мојот, шлапка со устата и голта ние дур јадеме, веќе недела дена е така ама ќе почекам до среда, имаме контролен преглед кај педијатарот.. Исто почна мн почесто да бара да цица се надевам ќе си ручка убаво кога ќе почнеме
Што може да биде ако кај бебе на носето, помеѓу очињата му е така како модро? А се нема удрено со ништо
Два ипол месеци е бебе некако ич не сака на стомак по неколку минути само и одма плаче, на таа возраст колку ја креваат главата кога се на стомак?
На колку месеци почнавте со втор оброк и што им давате, ако имате некое мени во денот што ручкаат вашите малечки ако може да споделете.
Новороденчињата имаат многу лесен сон. Има нешто што се вика active sleep и трае во првите неколку недели, најчесто до третиот месец. Бебињата не прават разлика меѓу ден и ноќ до 6тата недела, така да многу сте мали за да имате ред. Син ми утре полни 7 недели и уште сме со раштиман ритам. Не ни очекувам нешто поразлично од ова, премал е за да има ред. Прочитај за active sleep. И да отвара очиња и да пушта звуци немој да ја будиш/креваш, ќе се стиши по некое време. Обично 25 мин трае еден циклус на ваквиот сон.
Моето е 5 месеци и исто не сакаше воопшто на стомак сега дури почна да се врти сам да си леже на стомак. Ќе бидеш упорна малку по малку и ќе мора да се навикне, доволно ти е 2 минути сега за сега.
Моето во 4 месец почна по повеќе да седи и да почнува да се врти и да си лежи на стомак, до тогаш се по 2,3 минутки и одма кенкање беше. Битно е да го ставаш по 2,3 минутки по неколку пати и ќе се навикне и ќе зголемува како ќе расте.
Дали и од кога почнувате да ги седнувате вашите малечки? Почнаа наоколу да ми трубат ајде пет месеци е треба да почне по малку да седи и ме фати нервоза. За еден месец сме кај ортопед па до тогаш некако не сакам да го седнувам, не сум паметна. Искуства ваши?
Ние сме поголеми ама и кај нас е 24 и моментално бебе спие само со боди на кратки и тенко памучно кебенце. Жешко е стварно. Вчера шетавме надвор беше облечен по боди на кратки и панталони на долги, а за по дома е со кратки на раце и нозе и бос, обавезно
Скоро 4 и пол месеци е. Ако е легната кај мене на стомак се исправа и доаѓа како во положба за седење, или да е на перница, повремено ја ставам на трудничката и е како под агол. Значи сама се мести во таа положба и издржува некои 15-20 секунди некогаш ни толку. За седнување намерно не ја седнувам. И во количка веќе сака да е поткрената. Не сака да лежи на рамно. За облекување дома ни е околу 21 степен, без греење нормално на ова време. Седи по хеланки и тенко блузиче на долги или памучно фустанче и тенки хулахопки, пролетни/летни да ги речам.
До кога им менувате страна на креветчето демек за пформување на главчето и тортиколис? Пример некој ден горе главата некој ден доле
Конте почна. Како изгубен Германец, не знаеше што се дешава, што да прави. Ранев во релаксатор, со надеж утре да стаса хранилката