Мајки сте се соочиле бебе да не сака ни под разно да лежи/спие на грбче ни во креветче, ни на спална ни пак во корпа, а кога е легната со грб на стомак кај мене спие. Заспиваме строго или на мене да е легната или пак на страна во креветче. Денес е полни 4 недели и родена е во 35та, ако има влијание тоа.
Моите и двајцата, не сакаат да спијат на грб, ама и јас и татко им не сакаме да спиеме на грб. Големиот сега знае да се сврти на грб ама ко изгубен е се гуши и се враќа на страна. Малово само во креветче спиеше на грб дека уште му беше под косина ама го исправив веќе и сега не сака и во креветче. Што знам, мене лично поубаво ми е спиењето на страна, па и децава спијат така. Големото ми го донесоа во Санте и ми го оставија на грпче, поврати лошо и почна да се дави, едвај се дочепав да го кренам да го исправам, мислам сите ѕвезди ги избројав, царски породена 3 ден, од тогаш на грб не го оставив. А малово па ич не сум го оставила на грб од тој страв. Абе ја би почекала, сестра ми е ко полудена, не да дадеме компирче, морковче, нешто било што. Ќе дојде утре и ќе сварам едно компирче ќе згмечам да проба, со малку млеко ќе измолзам. 1-2 лажички. Вака заинтересирано делува, у кујна е цело време и посматра, само ме гледа што правам,па ќе видиме. Најсмешен ми беше го држи мм на рамо, он мене ме гледа а мм ми е свртен со грб, јас јадев јагоди и малово опасно се поткрева да види што јадам, гомце едно. И шмата, голтнува, мислиш он јаде.
Мајки од што се лигавиме вратчето ни е црвено, тие што имале ваква ситуација што сте мачкале да се смири?
Го давам скоро пред секое цицање, некогаш знам да пропуштам само, по пола пипета. Педијатарот ми рече пред секое доење по пола, преку навечер неморам, ама јас сепак давам и навечер и ако видам дека нема ефект да продолжам со цела пипета. Пробиотикот не ми кажа кога да го давам, па јас го давам навечер обично после капење.. Infacolot за сега добро делува…
Полни 5м, денес пробавме морковче, поише мајчино имаше додуша во кашичката отколку морковче ама ај. Едвај му ја земав лажичката сакаше уште ама не дадов, утре пак. Се осоколив иако доктор рече па не мора одма, нека цица. Што знам, го гледав дека е спремен. У право биле дека со второ е поинаку. Утре пак морковче, ама поише ќе дадам, не 3 лажички
Такво правило нема. Се зависи од тоа како напредува бебето, небитно дали е доено или е на АД. Но сепак, 4ри месеци е прерано за цврста храна кај толку мало бебче.
Ние имаме препорака од 4,5 максимум 5, дадена од педијатар бидејќи со млеко само напредува и повеќе од потребно. Сепак и да почнеме со пробување сигурно тоа би траело неколку недели додека да стасаме до оброк. Сигурно првите денови нема да јади цела тегличка каша.
Тоа правило важеше пред многу години. Сега знам бебиња, ексклузивно доени што по препорака на педијатар почнати се со вкусови на 4.5 месеци.
Ноуп. Погрешен совет. Ако не напредува од млеко - може порано. Инаку, нема потреба од форсирање толку рано.
Реално стварно нема потреба од 4м, па ни од 5, мене ми донесоа домашни морковче и компирче и не ми се пропуштаат, иначе ќе чекав мислам бар до 5ипол. Ако не напредува тоа е друго.
Жени имам марама за бебето ама не сака да седи во неа за жива глава, кенгур може да користам уште сега, 1+++ е, не можам ништо да завршам по дома, само во раци сака и дремките му траат по 15 мин и тогаш не знам што попрво.
Не се става толку малечко бебе во кенгур, истиот се користи моментот кога самостално ќе почне да ја држи главата, тоа е совет и препорака, за се останато секој како родител си одлучува
А гледам има на амазон доста избор, на сите пишува 0+ со тоа што имаат потпора за главата и тие не се препорачливи?