Ако е кенгурот 0+ можеш да го користиш, секако свртено накај тебе. Свртено на напред кога ќе ја држи самостојно главата и кога ќе достигне одредена висина според спецификацијата на кенгурот.
Да така и мислев, нарачав од Амазон, ќе видам дали ќе седи, молам бога оти вака треба да не мочам додека мм се врати од работа
Прихрана мислиш на АД или цврста храна? Не знам колкаво ти е бебе, до кај сте стигнати Ако е АД, не. Ако е цврста храна, нуди
Каков нарача? Може линк? Јас во марама првото го изнаносав, ептен сакаше за минута беше заспана.. а ова уште ми е мало и за марама и за кенгур, нема уште 3.5кг па не се брзам.. ама мислам дека летово ќе и биде жешко за марама. Ме интересира дали кенгурот што го нарача може да се користи после и за напред да гледа? Или е сличен како марама?
Мешате со млеко и кога пробувате вкусови? Нели се меша кога ќе се стигне до оброк, те кога ќе се мешаат повеќе намирници за цел оброк?
Јас имам на Baby Bjorn, бебечето ми е 3 недели, си го ставам внатре, свретно на кај мене и ужива. Многу е смирен и си спие доста, па и ни помага за грчевите дека стиснато му е мешето со моето… кога ќе почне да ја држи постабилно главата, од 4 месеци некаде, ќе го свртам да гледа наоколу
Еве го Infantino Flip Advanced 4-in-1 Grey Carrier - Ergonomic, convertible, face-in and face-out front and back carry for newborns and older babies 8-32 lbs / 3.6-14.5 kg https://amzn.eu/d/eloURb1 не е скап, ама и овој е за над 3.6кг, ќе треба да почекаш. Моето не ја сака марамата за жива глава, еднаш успеав да го ставам во неа и седеше 5мин додека се свести каде е и почнаа плачките, а подарок ми е од мајка ми, не ја зеде евтино искрено криво ми е што нема да се искористи, ајде може за друго бебе. Него да ве прашам, бебето бара јадење често преку ден, цица и дохрана, ама после 9-10 заспива и дали еднаш се буди ноќеска да јаде, накај 3/4 и после кома до сабјле 7-8, нормално е? Да го оставам да преспива ноќе, не е мал уште на 1ипол месец вака? Исто дента веќе е многу активен, дремки само по 15/30мин и тоа ако е во нас, легнат не сака.
А што има врска дали е воведен вкус или не, мајчино млеко секако има примено, друг вкус му е морковот. Со млекото само може да му се помогне полесно да прифати.
Во ред, само прашав за искуство. И мене ми е ново ова со вкусовите. Препораката од педијатарот ми е 2 до 3 часа после првото млеко да дадам вкус. Затоа прашав.
Ако е на ад можеби има некое правило, на доење нема никакво правило. Мада и на ад да е, не гледам поврзаност.
Нема никакво правило ни со АД, ни со доење. Се дава и чист вкус, не е правило да се меша со млеко било какво.
Може јас сум утка, ама така со првото правев, тоа што давав го мешав со мајчино, и се помалку ставав за да јаде нели чист вкус на крај. Затоа воведував цел месец 6 продукти. Не сакам да брзам.
Јас имам нови 2 неотворени, од Грција се купени. Ако сакаш да се договориме. Се даваат директно, без растворање пред/по оброк една цела пипета или 20 капки мислам беа.