Isto I jas mesam so ad. So toa sto tretiot den veke cist vkus vnesuva a prvite dva dena merano so mlekoto
Не си утка, може да се меша со мајчино или со АД млеко кога се пробуваат вкусови. Најчесто тоа се прави за полесно да прифати цврста храна бебето, кај бебиња што одбиваат чист вкус.
Предлог крема за сончање за бебе и купаќи целосни би ставале ли за во вода ако брцнете (ако е топла водата и секако море не езеро)? Беба би имала 6мес, а сега за во Охрид ќе одиме и ќе е 5ипол не планирам да е во вода, па под сенка ќе сме. Она од што ја шетам ми потемне во дланките и помеѓу чорапи и панталони малку што зирка голо, среќа на мене е па не гори. Не седиме дома ич, како да ја заштитам? Знам пишувавте пред 6 месеци не се користи крема за сонце.
Тоа се општи препораки, дека две недели ќе направат разлика, не верувам. Ама ако сте под сенка и надвор кога сонцето не е силно и во костум со заштита може ќе можете да поминете без спф. Јас купив едно на долги ракавчиња горе и едно само кратки пантолончиња, се мислам дали да набавам уште едно со долги или барем до лактите.
Мајки, ако може да ми помогнете и објасните околу дневните дремки и следење на будните прозори. Ние немаме некој посебен проблем со спиењето засега, но сакам да знам дали постапувам правилно. Како сте направиле дневна/ноќна рутина? Може ќе ми смени понатака па да се спремам со време
Дневна немаме, сега во последно почнаа првите две дремки да му се временски предвидливи и подолги. Во кревет ја спие само првата, другото е се во мене. Прво му водев инает го пуштав на кревет, па презаспивај, па нема да презаспие. Сега не се ни обидувам, ама страдаат домашните обврски. Ноќна рутина имаме, ако се денови за капење, прво се капиме, па масажа, ако не масажа, облекуваме пижамчиња, цица, приказна и успивање. Се трудам да следам прозорци на будност според возраста ама не ми успева.
Епа тоа ми беше муабетот, според возраста тие будни прозори се неопходни за следење? Или кога/како сака да е буден или да спие? Моето е 4 месеци, корегирано 2 месеци. Засега добро тераме, ама сепак сакам да сум соберам искуство од вас поискусните Нека се јават и @Miss_S и @Pipismel, бидејќи нашите се тука некаде
мајки искуства со Каличанин Видоевски Темелковски и Антоние за прв преглед на новороденче ???? кај кого да го носиме ???
@Cence неопходни не се сигурно, еве ние без нив живееме. Убаво е да се следат, детето ќе е помалку раздразливо и плачливо, нема да е предолго будно за возраста, а со тоа нема да е преуморно и многу полесно ќе заспие. И ноќниот сон ќе е многу подобар. Ние сме 4+++ и првата дремка му е еден саат по станување, ама од поручек има прозорци на будност подолги од два саати. Не викам дека ова е правилно ама поинаку мене со моето дете не ми успева.
Стигна кенгурчето, многу е едноставно за користење и ми се свиѓа квалитетот, мали заспа една секунда по ставање во него, успеав да завршам се по дома па дури и фенси доручек си направив, две недели живеев на бисквити и банана за доручек. Многу ме радува што го бендиса, сега во него ќе шетаме, само ме боли кичмата ама тоа секако си беше и пред кенгурот.
Таман ќе се понадевам дека фаќа некој ред односно 5-6 дена со ред се буди во исто време, после на неколку дена го менува редот и така. До пред некој ден имаше 3 дремки по 30-45 минути и една подолга од 2-2,5 часа. Со 1.5 час будност меѓу дремките. Последниве денови издржува и по 2+ часа будна. Сеуште се 4 дремки ама сите од 30-60 минути.
Луѓе дали е нормално да ме чешаат пазувите кога дојам? Мислам не само кога дојам, само штом се породив почна чешањето, ама дега откако повеќе дојам е многу изразено, сменив и дезодоранси неколку, пробав и без, се мијам често, одмивам со сода, ама ништо не помага, ме полудува на моменти. Се соочува некој со ова? Како си помогнавте?
Засега наметнувам и го навикнувам на некој ред, бидејќи и јас сум така некако личност од навики со ред и по војнички карактер сум хаха Значи исто горе-доле правам и јас. Јадеме, играме и гледам почнува да кенка и зева и одма сме во хоризонтала. Заспива труп. Сака да си поспие, ретко ни се кратки дремките (приметив така прави само во скок кога е) на секои 10-15 мин да се буди. Инаку сега полесно ми е и јас со него си заспивам малку Навечер немаме проблеми со станување. Играме до последното дневно јадење и после веќе на следното вечерно јадење се буди, јаде и продолжува со спиење. Значи на добар пат сум веројатно
Дали е уште скок или е време да намали една дремка не знам ама деновиве скоро па цело будно време е со плачки. Вака и е релативно малку време спиење преку ден, па додека фати некоја нова навика ќе имаме мака.
Идентично. Две недели беше скоро совршено за бебе неспијач ко моево. Првата дремка му беше 1.5ч, втората 1ч, третата 45мин и ноќно сврзуваше и по 6-7часа. Славев дома дека ред сум му фатила. Аха, важи. Еве го трети ден не знаеме кај тераме и со дремки и со вечерни будења. Буквално со штоперица му мерам време за будни саати, да не му е ни прерано, ниту да го преморам. Си спие по 30мин секоја дремка, презаспивање што е тоа... и си урла цел ден. Дали да ја барам др Гуднајт? Некој искуства да сподели со неа?
Станува во 7 до 10 е буден, заспива и спие некој саат и нешто, следно накај 2 знае да дремне 30минути и накај 6 што не е често тоа знае дс го рипне, навечер заспива накај 10/11 саат. Ова кога сме дома, а кога ќе излеземе спие се додека шетаме. Нема правило зависи од тоа што правиме.
Бар ноќе нека си спие ко што си спие оти дење ноќе тешко ќе издржам јас. Туку вие што се во зграда, па и куќа имате забелешки од соседите на сите плачки? Релативно мирно бебе имам, е сега си има денови каде што и плачи, нормално е нели. Обавезно добивам "загрижена" порака од соседите што е со бебето, зошто цел ден плачи... Дилема ми е дали да вратам со - го тепаме, бара да го земите кај вас, да го држите, не му даваме јадење и некои такви чуда за да ги откачам Луди соседи си имам и тоа не еден, повеќе ама нека се здрави, живи