Хахахаха ќе умрам. Мене ме убедуваат дека не ја слушаат, ама не им верувам. Мислам дека се само културни оти маж ми до кривина на улица ја слушнал пред некој ден. Нема теорија над нас да не се слуша
И бебе така прави, со главчето повеќе е на десна. Но на ортопед ни покажаа вежба која што ретко ја применувам искрено но сепак има подобрување. Исто гледам повеќе да седам на другата страна и даму покажувам играчки за да ја врти и на другата.
Не сум добила коментар до сега, а кога плаче, плаче на цел глас. Цела зграда имаат/имале деца бебиња па веројатно навиканти се
Ние во куќа сме ама таков распоред на куќи што се залепени една до друга. До 3 месеци демек не слушаа, сега нешто радозналост ми личи.
Кажи им си вежба гласни жици, намерно го оставате за оперски пеач да е како тетка/чичко (измисли роднина).
Мајки на машки бебиња, пред некое време ни кажаа да го отвараме ку*ето и нормално поима немаме. Вчера прв пат се охрабрив да го отворам повеќе, нормално нежно, ама пушти малку крв и црвено е. Он не плачеше, не изреагира никако. Мачкаме сега Хлорамфеникол 3 пати дневно, така ни кажаа. Нормално ли е ова и какви се вашите искуства? Од овој дел најмногу се плашев кога ми кажаа дека ќе имам машко бебе.
На колку недлео ти рекоа да почнеш? Пошто мене ништо не ми спомнаа за тоа, а знам дека треба. Инаку мислам дека е нормално малце крв, кожичката се одлепува ама нека кажат искусните и јас поим неам, ептен ме плаши и мене овој дел.
Колку мл парацетамол сте давале на бебе од два месеци, околу 5кг е? За реакција од вакцина ми е. Во аптека едно, сестрата друго ми кажа и мл и растојание.
Колку времњ ги држите кренати бебињата за да ждригнат? Јас ја држам 10мин и сам што ќе ја ставам на кревет ете ми повратила и се разбудила и така во круг
Еден месец кога имаше ни кажа педијатарот во болницата кај што се породив. На месец ипол го запишавме кај матичен и таму пак ни повторија да го отвараме.
Моето е прематурче и уште одма од старт ни рекоа по малку да му го отвораме кога го бањаме. Не знам како го отворате вие, на суво или мокро? Еве го моето сега веќе 4 месеци, досега не сме имале проблем со отворањето. На секое бањање го отвораме нежно по малку.
Ми ждригаше одма со тапкање, во последно време ја чекам подолго. Некогаш ја пставам не жрдигната па кога си играме подигната и се случува да жрдигне. Смени и друга положба, пробај може полесно ќе жрдигне.