Некогаш одма ждрига, некогаш цела вечност се молиме. Мада ако не ми ждригне исправено, го седнувам и му го исправам грбот и го тапкам, ако тоа не помага ( а обично помага ) тогаш менувам позиции често. И кај мене е исто, морам да го ждригнам иначе повраќа и тоа со задушување. Нас ни рекоа да не го тргаме воопшто ку*ето, да го оставиме.
@Bella_Stella нас ни кажаа од втори месец после бањање по малку до 5 пати. Јас кога го мачкам со кремата малку го отварам, докторката ни рече дека се отвара до 3 години, не треба со сила, подотворено е но не цело
На бањање го отвараме и ние, така ни кажаа. Не знам, сега ме загрижува што пушти крв и е црвенко иако викаат нормално било да се деси тоа..
Не е ништо погрешно. Поделени се препораките и за ова како и за се останато . Јас го отворав и на првото и на ова. Не е страшно и штом не плаче не го ни боли. Ми се случувало и на мене да се вцрвени ако претерам, ама брзо се средувало.
А мачкаше ли нешто? Исто така како го позиционирате во пелената, го кревате нагоре или не? Јас не го кревав, како си е поставено така. Ама сега некако си викам нагоре е подалеку од каки. Колку често го отварате и до кога треба?
Ние го отвараме по малку на секое бањање од прв месец по препорака на педијатар. Ако се вцрви малце а и да не се лепи докторката ми има кажано со кантарионово масло да капнувам и да го исчистам понекогаш. За кревањето, понекогаш го кревам некогаш не зависи како ќе ми дојде, ама за тоа не сум имала никакви препораки..
Не немав таква препорака, додуша не сум ни консултирала педијатар. Сега за второво во систина кога му го отвораа се вцрвене одма и докторката воопшто не се припотресе. За сравањето џабе ќе го ставаш нагоре кога прво мрдање па ке си се спушти, така да не се замарај. Го отвораме на секое туширање/бањање, ама за сега не го бањавме секој ден туку на два-три дена. На големиот престанавме да му го отвораме кога сам превзема да си го прави тоа, ама секако го потсетуваме ние.
Бебево се буди од спиење со пискање, не ми правеше вака, обично ќе се разбуди и ќе кенка малце па ќе почне да плаче, сега во спиењето уште нерасонет спискува, некогаш станува некогаш не, ме плаши, прават вака вашите?
На почетокот бебе само на десна ја вртеше главата на лева никако и кога почна да си ја држи главата ја вртеше и лево и десно.
На 4 и пол. Тогаш го однесов на контрола на ортопед и ортопедот рече слободно да го ставам за да вежба да седнува.
До 22. Нас ни одлучија да ни ја стават и подоцна затоа што докторката пресмета дека има простор и третата да ја прими, претходно болен беше и не можевме навреме да се вакцинираме.
Мојата еден период имаше ваков, плачеше во сон како да сонува нешто лошо. Кога ќе ја смирев не се будеше, а ако не изреагирам се буди. Мислам дека не е ништо страшно, кај нас кратко траеше периодот.