Е не знам тоа, не сакам до толку да се опседнувам. Секако врти главче лево десно така да и да го сплеска нема да е нешто премногу долго така. Сега за сега му се добри, не се клемпавки, се надевам така ќе остане.
@1209 ако плаче во сон и не се буди active sleep е тоа. Плаче и моето, ќе го допрам на главче и се стишува. Исто знае и да се смешка во сон, без глас ама се смее. А ако наеднаш писне и се разбуди може да е од грчеви.
Дефинитивни се грчеви и вчера и денес ист патерн, ете го уште вреска, ако потрае ова ќе полудам, дури сега успеав да јадам цел ден дека мм дупла смена, плаче тоа плачам и ја со него.
Оф те читам и си издишувам. Совршено добро знам како ти е.. Моето не вреска ама еве го спие и крева нозе во вис и ржи и се мачи да испушти гасови. Срце ме боли и со душа чекам да помине овој период. Последниве два дена особено му се засилија, а немам ништо сменето во исхраната, не знам до што ќе да е.
Некако деновиве со доење и хранење де изгубив колку детето ми јаде, како да ми е ослабено. Ете синоќа јадеше накај 11/120мл како обично, па цицаше пред спиење и спиеше цела ноќ до 6, пак стана цица малце и испи 60мл и заспа, не сака повеќе. Секако често цица во денот нема некој ред, кога и да е гладен, ептен ако не се смирува ќе му дадам и формула, ама ете и мм вели дека некако како подослабен да му е, ребрата му ги осеќам на допир, се мислам предходно не ги осеќав толку. А од друга страна има редовни столици 2-3 дневно и си моча исто така редовно 7-8 пелени менам сигурно. Не знам што да мислам, можно е и да минува низ скок 7ма недела е веќе, на апликацијата вика ид 6-8ма има скок. Едвај чекам да го измерат, откако е роден само еднаш го виде бабица и толку, ни педијатар ни ништо, улави се тука.
Како бе некој бебиња од 3 недели спијат по 3 сати, стануваат, јадат и пак спијат. Еве јас две деца имам, со првото истата мака како сега, ќе цица 30мин до 45 ќе го држиш исправено да ждригне ќе го ставиш на кревет да спие и поќе од 25 мин не сврзува сон, или е до мене или до детето ама сватно мава на психа ваквоѕо будење се оеќаш како во затворен круг
Еее такво беше првото, ова подобро се погоди за сега иако почна да се буди почесто еве од 7 до сега на раати спие, кај 11 и пол-12 ќе заспие до 3, тогаш ќе стане до 6-7 ќе сме цицање и заспи стани на раати и после бањање кун 8-8:30 ќе се комира до 12 и пол. Како швајцарски саат е. Мада кога не е малава дома знае да спие и ова време повеќе од пола саат ама чим не е градинка или ете поручек ако примети дека спие, оди одма ја чепка вози тоа корпата низ дома и ќе стане. Аа првото, тоа беше лудница од плачење и неспиење. Не знам, види почекај 15-20 мин додела помине рем фазата па спуштај во креветче ако веќе не сте пробале.
Мајки на 5месечни бебиња, дали имате приметено потечени непца, не се бели уште, ама потечени..главата му гори ама нема температура...Заби?
Mamicki nekoj sovet za dijarea kaj bebe od mesec i polovina?? Se konsultirav so pedijatar mi kaza samo probiotik, toa davam redovno no ovie denovi ima dijarea i mnogu place ☹️
Бебињата на таа возраст имаат течна столица. Зошто мислиш дека е дијареа? Може да плаче од грчеви. Бебево мое ќе полни 3 месеци и секоја столица сеуште му е течна.
Еве и нас ни се случи истото на бањање, само што врисна кај нас и плачеше малце. Сега сум во паники.. До кога треба скроз да се отвори? А маста е онаа Хроламфеникол истата за очи што е?
А зошто сама не си го мериш. Ние користевме кантарче обично со кука, прво го прикачувавме транспортерот нулиравме кантарчето и го стававме бебето. Ќе полудев да не знам дали напредува или не. Јас мислам дека ти напредува ама за да се смириш пробај измери го, дали на вага за возрасни, на било што и за 3 дена пример пак примери го, треба да има некои си 50-100гр качено, ќе знаеш најубаво така. Ние на 2 вечери прво меревме, па на 4, па на недела и сега веќе не се мериме пошто образи има пуштено до гуша, машала у раце не се држи веќе. Јас направив катастрофална грешка со бебо мој, си го научив да спие до мене. Што викав никогаш, никогаш, е се зае*ав свечено. Спие до полноќ, евентуално 1-2 во креветче и ќе квичне и да го земам, некогаш не ни цицнува продолжува одма. Ама вечерва ич не дремна, одма сквиче. А како да го оставам кога цела вечер ме гушка и се пика во мене, гушкало тешко е, галениче. Овој од цице нема да можам до 3г најмалку да го тргнам. Тешко мене. Знам дека врска нема, се трипам, ама кога сака да цица праи со устата мам мам, ко да бара, мам мам, ќе мамка дури не дадам цице и ќе дадам, ќе цицне 2 пати, ќе се тргне и ќе гуга, ко во транс да паѓа, ќе стенка од убавини па ќе продолжи после. И кога е готов и со цицање и кога веќе не сака кашичка прди со устата лом прави. Кај не најдов морков од што прдеше некни кога дадов повеќе малку, на лустер само немам проверено, ѕидот шљакатарници ми е од 4 дена јадење, кај ми е крајот.
Леле јас пробав денес ама многу страв ме беше, ништо мислам дека не повлеков, не знам @AngelOfArh јас си го мерам сама на вагата дома, се мерам јас, па со него после, според тоа ми е напреднат доста, мада и он има образи, мм вели може се извишил затоа така ни се чини, ама и ми плука засирено млеко почесто, дефинитивно нешто со стомакот мака си има, следна недела сум на педијатар, одвај чекам, мада ако треба и порано ќе го носам. А за спиење и јас викав не, не и ете со мене на спална е цело време, маж ми се пресели во дневна, покасно легнува или спие на работ, ама не можам кога стенка и се мачи да го оставам или да го земам на еден саат за цицање.
Поминува за еден ден. Отварајте го редовно после секое бањање додека е мека кожичката, сигурно ви кажале колку што дозволува се отвара. Со тек на време ќе се отвори целосно и гајле ќе нема.
Издолжено е, затоа така ти стои. Штом на вага ти покажува дека качува не се сеќирај. А штом ти буцка нема ништо со стомакот, само му е многу и затоа.
Со какво масло/крема да мачкам бебе има прееемногу сува кожа се перута цела, се лупи Се роди цело ожабаено и лушпи кожа за лупење, наводно тоа кога ќе паднело, ќе и била ок кожата ама нема врска, уште и е многу сува, буквално како брашно кога ќе ја слечам да сум посипала.
Правам еден експеримент зошто читав дека Д3+К1 наводно правеле грчеви. Вчера решив да не дадам и да видам што ќе се случи. Мирна вечер, одморени и ние и бебе. Минимално сабајле го слушнав дека кака, пелената полна скроз. Е сега не сум сигурна дека баш витамините се тие што сметаат, може е само коинциденција. Не би паузирала со нив повеќе од 2-3 дена, чисто да се осигурам дека баш они му сметаат. Матичната ми спомна дека Бејбитол до три месеци ќе прима, после тоа мислам рече Пливит. Какви витамини давате? Дали постои некоја соодветна замена? Не знам дали му пречи тоа што се мрсни или до што е, ама ако се испостави дека без нив е подобар сакам да ги сменам.
Не знам дали е предвремено родено и дали има врска. И кај моево беше така. Околу 7 недели и требаат да се исчисти скроз само од себе. Баш и јас прашував за истото. Не користивме нешто посебно.