На термин е родено ама бев цел месец со намалена плодова вода, па наводно од тоа било така село ожабаржено, од козметика веледс користиме ама викам да зеам некое други масло..
Можно е да има тегоби од капките, пред некое време и други споделија слични искуства. Ќерка ми фала богу нема грчеви, прво и ги дадов витамините од Бејби Вит што следеа во торбата на испис, најверојатно и ти ги имаше тие. После купивме од Бејбитол и искрено не гледам разлика помеѓу едните и другите. Пливит ти е воден раствор, ама имај на ум дека горчи и може да не ги го прифати бебето. Не знам само витаминот К дали го има посебно да го дадеш. Инаку и нас ни рекоа 3 месеци да ги прима. Во меѓувреме додадов само една капка Вигантол, што е исто маслен раствор и една капка е 500 единици. Кога ќе завршам со д3+к по препорака на ортопедот само треба да додадам уште една капка Вигантол до следната контрола кај нив.
@Bella_Stella а не ударија инекција вит К на пуштање од болница? Тука како вакцина ударија пред излегување и не ми дадоа препорака за дома да давам. Јас и вит Д исфрлив дека пие повеќе од 500мл формула, сега како намалувам на формула кога ќе стигнам под 500 ќе почнам пак да давам, ама зедов на водена база. Давам и пробиотик, вчера кога не дадов ништо буквално бебето најмирно беше, синоќа дадов од се и пак цело сабајле мачење, стварно не знам веќе. Како најлесно да дадам инфакол? Пипетата не ми се става кај него у уста па пак назад у шише. Него од денес пишува дека влегува во втор скок, громче има, јсс мислев досега влегол ама не изгледа, ај со лесно нека ни е.
Примаат и тука К витамин, изгледа зависи дали е на ад или мајчино. Првото го доев и примаше К до 3 месеци, второто на ад ми рекоа да прекинам.
И мене ова прашање ми е пишано за на следната контрола да ја прашам педијатарката.. Сакам да прашам за комбинацијата на Пливит Д и Молерс (омега), или некоја друга комбинација применувате? Исто читав дека им прават грчеви, навистина нз од која причина. Башка на моето му давам дупла доза (Д3+Омега).
Пишав, ќе пишам пак. Пробајте со витамин д на база на вода, тие на база на масло се попроблематични, јас откако заменав приметив драстично подобрување. Друго прашање, зелена кака што значи? Досега беше убава златна, ту и там имаше некоја зелена линија, ама последниве денови ( посебно од сношти навака ) пелените се зелени, како некој зелени нитки. Вака е супер, си јаде, расположен е, нема температура.
И на другарка ми бебето цел месец имаше зелена, ништо не значело ако напредува, ако не напредува и има тем или не изгледа добро можело дс е вирус.
Здраво. Ве молам ако некој имал слична ситуација. Бебето ми е 5месеци од пред два дена се појави мал оток на десниот капак на окото. Нема никакви други симтоми. Нема црвенило, не го чеша, нема помодрено или да го боли. Дали знаете од што може да е и како да се повлече отокот? Фала ви многу
@Giovanna јас тие од болница не ги дадов, да ме прашаш и сама не знам зошто. Давам и Омега исто на Бејбитол. @1209 нашиве се баш тука некаде, со ден два разлика. Јас првиот скок не го приметив, сега сме во втор исто и освен што е ептен активен со рачињата и почна да си ги става во уста друга промена немаме некоја. Сака да гука ама уште му е тешко, повтара некои полесни артикулации по мене и татко му како ‘аа аа’ и мнооогу ретко ќе слушнеш по некое ‘а гу’. @Cence јас и Омега и Д3 со К1 од Бејбитол давам, тие ми ги кажаа од болница кога не пуштија. @Lavender13 какви се тие на водена база? И јас мислам дека проблем прави тоа што се мрсни овие.
@Bella_Stella да и јас го приметувам дека е многу активен и многу буден, цело време сака да му обрнувам внимание, прееска цела врска со татко му му ја раскажав, ме гледаше како да ме разбира Стварно ич не знам да занимавам мали деца, ни песнички не знам, зедов вчера Хари Потер му читав, многу сум тапа. Јас и татко ми сме луѓе што уживаат во тишина, ние можевме со денови да не си збориме и така да си кротиме еден до друг и сега кога треба да го занимаваме детето поим неаме како Инаку моето раците ги става во уста многу одамна, искрено дури и мајка ми ја прашував дали е нормално, сега ептен цели ги бута, а многу ми е смешен кога е гладен ги спојува показалецот и палецот и покажува така накај устата како полуден дефинитивно тоа ми е најслатка негова реакција. Инаку се смее многу во последно време и ауу испишта, и многу се бута со нозе, кога земам да го ждригам застанува и бута, исто и главата почна да си ја држи кога го ждригам, се плашам да не се убие, лудо дете.
@Bella_Stella да знаеш дека можеш да ги дадеш ако решиш да продолжиш со маслените капки. Разликата е само во брендот. Мене од болница ми рекоа слободно прво тие да ги дадам па после да купам Бејбитол. Инаку во wonder weeks апликацијата се водите по термин или датум на раѓање? Ние сите бевме туку со термините, би требало да се поклопуваме и со скоковите. Јас го внесов терминот кога го правев профилот. Инаку и моево уште пред да влезе во втор скок почна да пика раце во уста и да испушта некои звуци како гугање. Преслатка ми e, едвај чекам да видам дали ќе се интензивира сето тоа во скоков. Од утре е кај громчето, се надевам лесно ќе поминеме.
Dali nekoja majka koristi omega 3 naracan od stranstvo (iherb,amazon i slicno) ili tie sto ste vo stranstvo kakov omega davate? Ne sakam da davam babytol poveke I sekako ke odam stranstvo pa si rekov da mi spodelite kakvi koristite za da si pobaram ili poracam tamu.
@Bubish26 те прочитав погоре за кожичето на бебчето, иста ситуација беше и кај нас, страшно де лупеше на секој дел од телото. Пробај со некоја маслена купка. Јас на почеток ставав од маслото од Weleda во водата, и многу малку шампонче за да не суши кожа, и џабе пак се лупеше целиот. Докторката ни препиша Јекодерм почнав да го мачкам и вистина имаше ефект ама веднаш го прекинав, бидејќи смрдеше на рибовина. На крај ми го донесоа од Англија Burt’s Bees купка и млеко за тело -Најдобро нешто! Знам дека не си во мк така да на Амазон ќе го најдиш сигурно. Се заљубив и во мирисот и кожичето гледам дека му го прави така како кадифе…
@Bella_Stella и ние го припраме истите капки д3+к1 маслените, и имаме многу немирен сон. Бебево ми грчи стенка напнува инцела вечер така. Нема мирен сон, не плачи ама многу чудни звуци испушта… Дали ќе го продолжуваш експериментот да не даваш? Да пробам и јас… Среќа голема што не ми плачи, изгледа капките за грчеви помагаат колку толку, ама звуците што ги пушта се чудни…
@Bella_Stella @Homme не мора да експериментирате јас ќе ви кажам, мислев дека е од нив, исто правеше и моето јас веќе не давам Д3, К и омега не давам секако и има помирен сон дефинитивно ама пак има периоди насабајле 2-3 саата кога ќе се грчи така. Инаку мене бабицата ми рече тоа е нормална реакција кај сите бебиња, им се учат мускулите да функционираат правилно со столицата, нема запек и не ги боли, мора сите да го минат.Така да не знам што да кажам, маслените капки може прават проблем плус ама не прават од нив така. Инаку зошто мене тука не ми рекоа ни К ни омега да давам, не знам дали да почнам.
Мислам дека живееш Англија,јас сум исто тука,имам новороденче од месец дена,витамин К побарав да го дадеме орално и така се прима 3 дози во рок од еден месец,ако е инјектиран ,една доза на денот на раѓање. Од витамини давам само Д3 и сме на ексклузивно доење,мислам дека ако сте на АД има во самото млеко затоа не препорачуваат.Препораката за витамин Д3 ни ја даде Хелт визитор,незнам дали дојдоа кај тебе но кај мене се закажани и за второ доаѓање.Да се надоврзам само,мислам те прочитав и за тежината на бебе,доколку сакаш да го мериш однеси го кај Хелт визитор имаат центри каде може да одиш.
Втор термин од хелт визитор имав преку телефон и ми рече да не давам вит Д и затоа прекинав, дека е на комбинирана исхрана ама пие повеќе од 500 на ден за сега. За вит К, да ја дадоа на раѓање значи нема потреба дома, фала ти. Инаку ми кажаа за тие центри ама тој што наводно ми е блузу исто е далеку, ама следна недела е на вакцина и на педијатар па ќе го измерат.
Molers omega od koja vozrast se dozvoleni? Mene vo apteka mi kazaa osven babytol drugi ne postojat za bebe do 1 godina.
Здраво феминки, поактивна е оваа група па би сакала да прашам.. колку временески му давате шанса на ново млеко?.. Бевме на аптамил комфорт, три четири дена на обичен 1. Столицата многу ретка, дури како проливче..