Ситни црвени бубулички како со бело внатре на чело, малку на увце и на образи со што мачкате? Докторката вика дека се нормална појава да не се става ништо. За колку време се губат од прилика? Скоро 4 недели сме...
Za bebe 6 meseci koristite li zastiten faktor? Kozata mu e nezna i odma crvenki obravcinja. Smee da se koristi faktor? I predlozete
@Bella_Stella и јас давам на бејбитол, тие сега 99% ги препорачуваат на сите. @Lavender13 кои се тие на водена база? Воедно да прашам за теменици што користите? Дали сте задоволни од линијата на Frezyderm за бебиња и од што?
Мислам дека нема макс, моево на почетокот на секое прднување какаше, сега еднаш до двапати саглам ќе се искака, ама онака има по малце скоро секогаш кога мењам. Да не се помалку од две мислам, ама и тоа е различно, нормално било и 2-3 дена да не кака.
Моево кака на сред подој секогаш ама нема правило кај нив, и на секој подој е нормално, 2-3 пати на ден или па со денови да нема. Само да моча е најбитно
@Bella_Stella @Cence јас не сум во Мк, но тука сите витамин д капки доаѓаат во две варијанти, на база на масло и на база на вода. Нас прво од болница ни дадоа на база на масло, следниот ден веќе почнаа грчеви со плачење. Читав по тукашни форуми и сите се жалеа на тие капките што ги даваат во болница, па ја прашав на матичната и таа ми потврди. Откако ги сменав драстично се намалија грчевите, сеуште има навечер такви движења и стенкње, но не се болни и нема плачки, тоа ми е најбитно. Со ништо. Хормонален осип е, скроз нормален. Ќе се исчисти за некое време.
После бањање мачкај со било какво масло, Веледа е супер, можеш дури и во купката да ставаш. Јас барав секоја вечер првите 2м, сега не, на 2 до 3 дена, ама ќе почнам пак секоја вечер, поубаво ми спие бањато кога е, друго бебе ми е. И глупо ми е, јас секоја вечер се туширам, тоа сирото само газето ќе му го зашлапам и толку. Мене и двете деца ми се луштеа многу, да земеш лушпи да тегнеш ко змија се лупеа, само масленце ги спаси. Со големото и подолго се мачкавме, со малово до 2м. Пливит, без друго ништо. Ќе давам Молерс здравје сега кога ќе наполни 6м, Бебитол не ги сакам, бебе имаше грчеви од нив сто посто сум сигурна. Ортопетката ми рече по 4 капки, ама треба да и се јавам да ми корегира доза, порасна црвец. Беба моја вчера отспа 2 саата со музиче, и тоа со Морчиба, ама стварно убаво музиче, и почнав да му пуштам музиче на блутут звучниче и глеј спас, спие по саатипол најмалце. Тоа ли било работата... лесно го решивме. Инаку од компирче и морковче па запек ми направи и сега едвај чекам крушка да дадам да се испразни малку. Од крајност у крајност, нема златна средина, или кака ко дупнато 10 пати на ден или не кака ич.
Моево какаше еднаш на ден. После втора доза рота почна еднаш во два дена. Сега веќе поминаа 2+ недели, па да видиме дали ќе се среди нешто. За пробување вкусови, на пример изеде 3-4 лажички каша од морков, дали следното млеко намалувам количина или си давам цела доза? На ад сме. За поголема количина т.е цела кашичка нели веќе се смета оброк и замена за млеко. Ама за неколку лажички дали има врска?
Јас кога давав неколку лажички ја држев исправена околу 15 мин и давав млеко после. Исправена бидејќи кај мене доста повраќа (сега е поднамалено) и секако тоа време беше со кенкаќе сакаше млеко. Сега веќе давам по едно мало тегло некогаш го јаде цело ако е овошје, ако е зеленчук знае да оставе малку, па ја шетам, одспива и одприлика за час и половина или два часа сака млеко. Не форсирам ја пратам на расположение и така давам.
Додека внесуваш вкусови не форсирај, некогаш ќе изеде може 3-4 лажички, ама некогаш и пола тегличе, ти понуди го млекото стандард, ако е многу оно нема да го испие. Јас од станување сабајле давам цице, малку играме и ставам да се вари зеленчук, дур се свари 15тина мин, после давам каснува и после пола саат цица, така еве 5 дена праиме. Планирам така зошто ми одговара и терминот за доручек, околу 9, станува кај 8. Значи нит да е гладно од млекце до млекце, нит да е сито, на средина. Засега е заинтересиран освен што мора и он да има лажичка во рака и паралелно да давам и со мојата и он со неговата да брца, ооооо нека е само вака.
@Giovanna јас ја немам апликацијата. Гледам тоа ситно што дава на страната на wonder weeks, ама најдобро да ја симнам. Мене терминот ми беше корегиран ради покасна овулација, не ме водеа по тој од менструација и сега не знам. Корегираниот ми беше 10ти Април, се породив на 11ти. @1209 и јас не сум нешто претерано со идеи за интеракција, ама се трудам да изигравам кловн. @Homme и денес не дадов, за да видам дали е стварно од тоа. Исто и моето прави такви звуци, мислиш не е бебе, језивки се малце. Синоќа беше штама, ќе видиме вечерва. Ама приметувам промена и преку денот беше посмирен. Он не се буди никогаш, во сон се мачеше. Давам цуцла и се смирува, ама ја плука и не е изводливо да дежурам и да му ја ставам нон стоп, а и не е тоа решение. @Lavender13 ќе може ли да посочиш кои точно на водена база ги користиш, можат да ми донесат од странство и дали даваш и Омега зошто и они се маслени. @AngelOfArh од кога почна со Пливит? Моево е ваљда мало за нив, педијатарот ми рече Бејбитол до 3 месеци. Ќе видам што ќе каже експериментот мој со недавање, ама се поубедена сум дека они му ги влошуваат грчевите.
@Bella_Stella јас ги користам овие Спојлер Ама се out of stock, го терав мм да вози 2 саати во еден правец за да ги купи, и од таму го земал последното шишенце. На муабетот за интеракција со бебињата, да се надоврзам на постот на @1209 во мајчински, кога рече дека цимерката тапан му ја направила главата на бебето со пеењето. Леле извини ама многу смеење ми дојде, уште ми е смешно. Пошо се пронаоѓам и јас, не со пеење ама ова бабиве му зборат ко навиени, тоа мене ми е главата тапан не па нему. По цели денови закачени над него, ама глупости зборуваат луѓе, со бебешки гласови.Пред некој ден свекрва ми му пее песни детски, откако ги испеа сите на репертоар следно шо и текна беше “уметница мора биди здрава”. Значи викам во ред е аман. Јас кога ќе седнам со него не знам што да му кажам (пошо не сакам да изигравам кловн). Па му зборувам со нормален тон и објаснувам шо правам. Пример еве сеа ќе те масирам за да прднеш. Скроз неиновативно, ама па и си викам шо разбира бебе од еден месец.
Мојата на почеток какаше после секое цицање и доста течно беше. Колку што знам доколку бојата е добра, за толку мало новороденче на ексклузивно цицање нормално е и почеста и потечна столица. За дијареа се смета ако има повеќе течни столици за време од еден час.