Дали ви се потат многу бебињава? Знам дека е жешко времево веќе, знам и дека мојов ми е склеџија, ама вода му тече од глава значи.. Како од бањање да е излезен. Во транспортер само што ќе го ставам, за 200метри он е веќе утоп..
Не можам да заборавам Ова цитираново сум го напишала, значи која разлика беше тоа. Како првата средба, како се однесува баткото?
Се поти и тоа во глобала само на главата, минимално вратчето Главста вечно и е ко бањата да сум ја изнела, косичето утоп поготово овие два три дена Не знам што ќе се прави, ќе ми се настине не дај боже со вака мокра глава постојано Како облечени ви спијат? Мислам со што ги облекувате за спиење и со што ги покривате
Istoto ke prasav za mojata, utop I se stapalata ako ja ostavam bosa. Aj ke reces od mrdanje, navistina premnogu pretax so nozete ama utop e, duri I se zbrckani kako da bila so sati vo voda. Neznam kolku e normalno ova
@Lavica2602 , и кај мене само во стапалата се поти. Ретко многу во косата. Вака на грбот или општо телото немам забележано. Ама што е малку потопло дома или надвор во потопло излезиме чорапчињата ако веќе носи и се влажни.
Мајки, по колку отприлика додавате мајчино млеко/ад кога воведувате вкусови, а и понатака во кашички како оброк? Сакам со време да се спремам, па така количински да го замрзнам во ќесички.
Мајки нормални ли се волку плачки жити бога. Не е секој ден ама има денови кога од сабајле е кенкав онака подносливо и се менаџира, али таму некаде после 18-19ч. плачки со солзи, дерење, вриштење и сето трае до нешто пред полноќ. Луѓе со саати нишкање, шшкање, пеење, галење, тапкање, никаква позиција не одговара ни лежење ни исправен... Никако ама баш никако не се смирува, многу кратко затрајува па пак почнува. Во тие саати нит јадење нит спиење асално. Што е ова, грчеви се? Му пука мешето ама давам Инфакол. Ај да сменам на нешто појаки Саб Симплекс ама од кај да знам дали се грчеви или онака има мака да прдни, кака... Пред некој ден вакцина примивме, ама и предтоа се дешаваше вака преку два три дена. Не можам да сфатам што му е маката, со маж ми сме изгубени во тие саати и само чекаме да дојде 23ч пошо тогаш почнува да се стишува. Како зомбиња сме. Бебето после тоа заспива измрцварено и кога му доаѓа ред за јадење ноќеска, не се буди, еве оваа ноќ врза 5 часа, а јас со аларми со чуда за јадење. Нејсе, како се справувате вие со ова? Сакам да му помогнам, не знам како. Или едноставно фаза е ќе помине, бебе е ќе плаче.
Само го загледувам и му коментирам на мм дека е поинаков, пораснат, глава како нескладно голема Кога ме зедоа од болница, се затрча да се изгушкаме, го виде бебето, се насмеа збунето и ја допре, ама и искористи можност да го истресе лево-десно транспортерот. Во кола само го ѕиркаше бебето, но и проба да го дрпне транспортерот за да го тресе. Повеќе беше заинтересиран да се гушкаме, ми легнува и се мази, ме бацува, ми се пикаше во кола и дома. Нешто не се замара, знае да искоментира за бебето кога плаче, кога е какано, ако цица и тоа. Пелените ги фрла, носи ако нешто му речам да помогне и тоа. Избегнувам да го вртам многу околу неа, за секунда прави беља, многу е брз. Ние сме со намалени рефлекси од неспиење и страв ми е да не ја тресне. Туку, да прашам за Еспумисан, дава некоја?
Баш како од бањање излезен во косата.. Истото и јас го зборам. Ако ми настине, од ова ќе ми настине. Инаку почна да ми спие само по боди горе на долги, а доле тенки пижамчиња. Еве како што кажуваш овие 2,3 дена е ужасно потење, па почнав само со чаршафче да го покривам. Топлина испушта, врие мислам детево. Во текот на ноќта кога ќе залади го покривам и со ќебенце. Денски е по кратко боди.
Se izvinuvam mami da prasam, bebe e 5+++ vovedov namirnici za da probuva vkusovi, no bebe nekolku dena ne kaka, dadov i sok sliva i kasa sliva i nisto. Pokaka zapek pred dva dena i sega macno mu e kenka, ne znam sto da dadam. Maticen pedijatar na odmor, nemam kogo da konsultiram
а ги даваш Саб или планораш? Оти мојава почна да има грчеви и за кратко време се стишува од Саб, па како бајче си спие.
Нас ни траеше тој период исто после 19ч, па до 12 вечерта. Само во раце шетање низ дома и плачки, кенкање.. Како темпиран. Ни кажа педијатарот дека се гасови во прашање. За грчеви давав саб симплекс и сум задоволна од тие. Сфатив дека можеви и дремка да е во прашање. Пробај да не му е за дремка некоја, доколку пратиш прозори на будност. Нашиов баш е кенкав кога му се спие.
Како приметувате дали е почнат процесот за заби? 4 дена веќе со нервозно плачење и прстињата во уста, многууу лиги. Кога ја ставам да цица се трга и ги става прстињата на долната вилица и почнува да плаче. Што им давате? Со што ги мачкате?
Од педијатар најпрвин беа препорачани Инфакол пошо не беа волку страшни, ако се грчеви во прашање. Арно ама се смени работата и ми ги кажа Саб Симплекс. Некако ставот и беше дека се појаки и поефективни од било кои други, ама во исто време па и ако може да не ги давам пошо секако морал да ги 'изживее' грчевите. Ја уште одма би дала не сакам веќе така да го гледам мака е за детето ликот му се менува, очи тажни црвени... Мислам во Мк ги нема, ќе треба од Бг да нарачувам изгледа. Планирам да ги земам. Како ги дозираш Бубиш? На секое јадење? Пред, после? Леле ич не му следам дремки нит прозори на будност. Треба? Мислев рано е да воспоставувам ред некаков околу спиење, 2 месеци и некој ден е. Баш од др. Гуднајт читав дека до 4ти месец никаков ред немаат, не ни тренира бебиња испод. Ги порачуваш Саб од некаде? Помислив и јас гасови оти кога успева да ги испушти како да му лекнува на бебето. И ова со дремката ми држи вода ама кога веќе почнува да влегува во тој муд, доцна е за сѐ. Нит легнува нит ништо. Како се пратат прозори на будност? Грубо следење колку време е буден, колку спиел во тек на ден?
Мајки ми треба совет од вас околу широкиот повој. Бебчево ми е 4 недели и 4 дена (машко). Тука во градот кај што сум, требало не требало широк повој морало да се носи и не знам што да правам… Неделава ќе доаѓаме накај скопје па сакам да го однесам на педијатар таму, ми го спомнаа Сајковски во Систина, ако имате некој друг предлог за доктор давајте. Или пак си велам да го носам на ортопед за колковите и да ми кажат дали да му ставам широк повој или не, или пак рано му е за ортопед? Не знам како да постапам, овие тука ми викаат мораш да ставаш широк повој јас некако не сум за, плус и на жешково дега уште тоа му фали, и ми прават како грижа на совест ако не постапам така… дали да го носам сега само на педијатар во скопје па понатаму на ортопед, како било вашето искуство до сега?
Да, и нас ни рекоа ако претерано почне да се грчи и плаче неутешно, да и ги давам Саб, 7 капки по 4 пати на ден смееш, после подој или за време на подој, за сега ептеен се ефикасни. Иначе јас Австрија сум, па така да тука ги има, со рецепт доктор ни ги препиша. @Homme ни со двете немам ставано широк повој, иначе тука првата недела имавме ортопетски преглед ехо и правеа на колковите, тоа е задолжително. Во сличај да нешто не е ок не знам стварно како е ама знам дека не ставаат широк повој, посебно ако е се во ред.
Леле исто, од збор до збор, ете вчера имаше таква епизода, скренавме, на крај се искаравме со маж ми оти нервозни и двајцата, нејадени и со бебе што вреска не знаевме кај тераме. Оно препотено, не го ни избањавме, со помочана пелена, се витка толку многу што не можам да ставам нова ниту да го облечам. Малце помага кожа на кожа и силни да го гушнеш и чучеви да правите со бел звук у позадина, барем кај мене тоа помага ама малце пошто нели колената не издржуваат чучеви по пола саат и така. Исто почнува накај 6-7 и трае до кај полноќ и после е комирано бебе не станува до сабајле, а пред тоа цел ден кенкав и ништо не го смирува подолго, плус дремнува по 15мин како навиен. Јас мислам грчеви се, нема што друго да е, да го боли нешто и онака кога не е тој период ќе биде со плачки, јас давам инфакол ама не гледам фајда, мада како што рече другарка ми дека мора да минар низ тоа, капките не се гаранција дека нема.
Не се гаранција дека ќе ги снема, мора да помине тоа ама можат да се ублажат.. еве вие сигурно можете да набавите Саб, пробајте