Па тука никаде не сретнав јас објаснување за грчеви, само колик се спомнува, а и кај нас реално од кај се сигурно дека уствари плачат од грчеви, кое бебе прозборило да каже, мене поверојатно ми е дека сите плачат од истава состојба, затоа и на капките нели пишува, инфакол, колиф итн. Не знам може не сум во право, сма ова ми има логика.
Кај нас за секое бебе што плаче викаат дека се грчеви а colicky babies би рекла дека се нервозни/растревожени бебиња на македонски? Специфично е што се плачливи навечер, после 18 часот, три дена во неделата минимум три недели со ред.
Да веројатно така би бил превод, ама со сите кога зборам од мк што веќе имале бебиња сите велат дека пикот на грчевите е приквечер па затоа ми беше некако мисла дека за ова се збори уствари Што знам, што и да р нека мине брзо оти ете денес пак на раб на лудило сме, маж ми беше по пелени и вели се слушаш кај плачел до другата улица
Луѓе не знам зошто бебево не ја сака кошницата, си спиеше во неа без проблем, му текна пред две недели не сака да лежи во неа па не знам што. И скроз во длабок сон да е, штом го преместиме одма тоа вртење, стенкање, мрдање и се буди и почнува да плаче, не го прави тоа во кошницата од количка, во неа си спие. Скроз сум искривена, спие врз мене, остај што сум на штрек па и не е безбедно, мм мора да спие на двосед, ептен неудобно. За во МК му спрема татко ми креветче, се надевам во него ќе сака да спие оти таму спалната е уште помала, нема шанси со нас да спие. Дали е проблемот до кошницата нешто, вашите каде спијат?
@1209 еве дојдов за истото да се пожалам, еве го цицам, тој на сред спална, ние двајцата на ивици легнати. Една недела мака мачиме, никако не сака во креветче, а имам bedside crib, значи залепен е за креветот, малтене нема никаква разлика, и пак не сака. Исто ко ти што викаш, почнува со стенкање и мрдање и морам да го земам. Во истата лежечка позиција нема проблем да спие меѓу нас, ама во креветчето никако. И јас сум на штрек цело време кога е меѓу нас, не знам веќе што да пробам за да се научи да си спие таму. Пробав да го затоплам со термофорче пред да го спуштам, пак исто. Не знам што е денес луѓе, цица на два саати и тоа по 40-50 минути, плус ако во секундата не му дадам да јаде, плаче со зајдување. Си имавме убав распоред, си цицаше на 3 часа, си знаев и јас па се организирав некако. Сеа ми е страв да влезам да се туширам, до толку е непредвидлив и нервозен кога ќе му се јаде.
Користиме млеко единица а сме четири и пол месеци, дали е можно да не ја заситува веќе па да требс да одиме со двојка порано? Притоа преку ден е на вештачко на четири часа, измеѓу како ужина ххах цицаме ноќно време цица Волку не се будела навечер за цицање бебе кога беше, мислам сеуште е бебе али кога беше баш баш бебе Или регресија е во прашање и ако да, до кога трае хаха
Хаха се сеќсвам на муабетот трудни когс бевме дека стриктно во креветче ќе спие.. интересно е тоа како неговото место за спиење наеднаш како да му никнале шилци, па чим спуштиш тоа е врескање или претање. Видите пробајте од когс ќе заспие 15-20 мин после тоа да ставите или пак кога ќе опушти скроз рацете ама не гарантира оти од прво станување сп првото таа беше меѓу нас, јас имав на изволте градите и само и местев на устс, па спиевме двете, наспани бевме иско на штрек, ме уби тоа спушти ја-стани и наново презаспивај. А сега со бебе за сеа спие во корпа без проблем, еднаш при доење сум заспсла и останало меѓу мене и дада, фала Богу не го наседнала, пукнав. @1209
Рано и е за 2ка. Можно е да е во скок што е гладна почесто, но и 4часа без млеко ми изгледа долг период.
Многу сакам да си спие посебно. Ама еве цела вечер пробував, ќе заспие меѓу нас па после 15-20 мин да го префрлам. Ќе го префрлам, и после 2-3 минути почнува со мрдање и стенкање и толку е. А и како што беше екстра нервозен вчера, почнуваше и со плачење. Тек во 4 часот заспавме сите, тој меѓу нас
Здраво девојки Како ги облекувате вашите деца кога ќе ги изнесувате надвор? Моето има месец ипол и носи боди со долги,тенки шпикозни, ќорапчиња и ја покривам со ќебенце потенко. Но се поти и ми поднастинува
За ова време е премногу ако си во Мк. Боди на куси носи или прерамки. Некогаш и куси ракави, почесто долги тенки моево досега, сега веќе на куси ќе преминеме. Долу хеланки или тенки пантолони. Чорапи ставам од дома и почесто се извадени отколку што ги носи на неа. Носиме со нас само едно муслин ќебенце како тетра пелена за во случај да заспие или дува на некои места ветар. Не е цело време покриена. 4++ месеци е.
Многу облека е тоа. Нагоре можеш по кратки, ептен ако мислиш дека и е ладно тогаш само за еден слој на долги или боди на долги или шпикозни, не двете.
Да многу и е така, мојава е по долги ракави боди и долни хеланчиња, со мене носам тенко памучно како трењерче за секој случај, тоа ако е надвор сонце,оти кај нас дува секогаш а дома ми е поладно од надвор па за спиење и редам боди по кратки и пижами тенки. Прати, ако се поти раслекувај, ако му се тресе вилицата облечи (на моево се треси)
Во мк си? Ќе се поти златна, многу наеднаш затопли и ова е многу облека за бебче. Боди на куси и тенки шпикозни или боди на долги со хеланчиња. Ќебенце ако не дува, не ти треба. Чорапчињата по избор на бебе, ќерка ми чорап не задржа на нога.
Како се облекуваат летни бебиња , термин ми е август и реално поимам немам дали треба на долги или на кратки бебе да биде ... Ако е на кратки да не му е ладно пошто дома ни е многу топло и сигурно ке уклучиваме клима чат пат барем ..Имам од прво дете ,но тоа е зимско бебе и се ми е на долги ( додуша бодиња кратки му облекував на тоа ) треба да докупувам сега на кратки шпикозни ? Прашање до сите со ептен мали летни бебиња
Да во мк сум ќе и ставам боди со куси… Кога ќе ти зборат 10 души над главаа ејј рано е за кусии уште е малоо …. дрн дрн и незнајш кој пат да го фатиш Инаку ти благодарам мила
3 недели е бебе, скоро 3 саати е будно не мојт да уцврстит, дада е градинка, имаме мир дома, шо и стана не знам.. уморот мене ќе ме совладат, муабет не ми се прајт, гледам во празно, ми се вртит, па уште и ова ако не спие и стварно сум капут