Ме изнасмеа еј. Добра идеја со чучневите, таман маж ми саклетисан шо немал простор на теретана да оди веќе, еве му дома. Не можам жено те замислив како чучневи праиш со вреснато бебе у раце. Не е за смеа, знам. Само од од далеку ко гледаш е можеби смешно ама у моментот на дрво ќе се качиш да нишкаш. Нас некој да не гледа од страна мемиња ќе не напраи. Не за џабе рекле it takes a village to raise a child. У наш случај it takes чучневи и white noise to raise a child. На wonder weeks ми вели дека баш минал скок. Не знам ни јас, не сакам многу слепо да се водам по тоа оти далеку од термин е роден и не знам како да рачунам. Еве вчера беше добар, не е секој ден. За кој Бејбитол мислиш му пречи на твоето?
Кажи им ти дека прегревање на бебе е пострашно од измрзнување и терај си по твое. Совет од педијатар за облека ми е тоа ти што носиш + едно парче на бебе. Ако си ти на прерамки и шорцеви излезена, не бива бебе да го натунташ
Мајки што почнавте со воведување вкусови ми требате! Бебе ми е 5+, на ад сме, вчера на педијатар ни рекоа да почнеме со вкусови (со морков). Денес пола Скопје го превртев да најдам органски, нигде нема. Тоа е помош број 1. Ако знаете кај има ве молам кажете. Му направив компирче, на втората лажичка имаше опасен гаг рефлекс и поврати во млазови, цел желудник го испразни, се смрзнав од страв. Дали на некоја и се случило тоа, дали нешто грешам? И крајно дали се рачуна како пробан компирот бидејќи веднаш го поврати? Фала ви
Ако не можеш да најдеш органски земи од готовите кашички, јас така направив, па здравје кога ќе најдам ќе му спремам дома. Инаку мене докторката за компирот ми рече да не му го давам само него пошо не бил убав за пробување кога е изолиран, туку да го смешам со морков или тиквица откако ќе ги воведам нив, така да може му се згадило ептен па затоа повратил толку...
Чист компир не бендиса и кај мене. Не поврати ама имаше нагони за повраќање. Ќе го мешам за следно. За пробување вкусови што ќе најдам чист вкус земам готова кашичка. Кога ќе стасаме до оброк тогаш планирам да спремам дома. Искрено не сум побарала органски овошја/зеленчуци меѓутоа сигурно 2-3 недели со готови каши ќе тераме, па ќе барам после. Не сум од Ск инаку.
Пробај со безглутенски житарки ако сакаш, знам дека за многу работи, па и за овс Мк имаат различни совети него странство, но тука се почнува со безглутенски житарки како најниски алергини, ете пробај ориз со млеко како ќе реагира. Имаш измелен ориз за бебиња.
Само јас дум луда што ја облекувам во боди по кратки и хеланки? 2ипол месеци е. Носам ќебенце тенко за надвор ама не ја покривам. Секако е затворена во корпата од количката. Навечер спие до боди на кратки само и вреќа за спиење. Ми зборат и мене облечи ја ама стварно мислам доволно и е вака.
Не си мама луда, тукс кај нас е моментално 22 степени со ветар ( и на 30 го има) и дожд, па за тука не е баш по куси иначе да сум Ск ако ви е сега топло би ја раслекла и јас. @Lavender13 му поминаа ли бебешките акни? На мојава тие што беа на цело тело поминаа со едно масло што ни го препишаа на доктор ама немаа врска со овие сега што се на лице и глава, сега се баш оние доечки бели внатре и страшно ме нервираат. Се повеќе е лом..
Далеку сум од воведување вкусови ама ова ми излезе на инста. Ако сакаш пиши им, прашај за моркови. Спојлер
Тие на тело поминаа одамна, сега се нафрла на лице цел, рапаво му е дури и лицето и жал ми е. Некои од акните се како суви, жолти лишаи и веќе ми е жал да го гледам така. Го поминувам само со топла вода, не мачкам нишо по совет на бабица. Ама утре сум на педијатар па баш ќе прашам.
Исто еве слика исти ли се? , со млеко јас поминувам, не знам дали да стаам камилица.. знам дека смее на толку мали или па да остаам без ништо, а на тело и поминаа со едно миење од тоа маслото. Се ми се чини ја чеша, се повеќе е. Внатре кај косичката па колку имаа..
Да, вакви се, само се поизразени на образите кај моето. И јас мачкав со мајчино млеко, но се ми се чини дека тоа само му ги влоши. Сеа засеа не ставам нишо, ќе почекам до утре да видам што ќе каже педијатар. Ќе ти пишам баш.
@Bubish26 @Lavender13 не мачкајте ништо ќе поминат накај 2м, ни мајчино, ете кај моето дури сега де исчистија, остана само рапавко како лишаи кои верувам ќе ги снема. Него бебето 3-4 дена има течна столица во голема количина, еднаш до два пати дневно, темно жолта, нормално е од цицање таква да е? Кога беше само на формула беше зрнесто тврдо жолта, сенф, си викам дијареа да не е.
Столицата е нормална ско е течна може и како лигава, може и да има како парченца жолти во течноста, ако јадеш салата зелена може да има и како ливченца зелени
Мојот големиот се роди сред Август. Првите две-три недели поголемиот дел од времето беше или само на боди на кратки или некое кратко ромперче. После тоа како фати септември нагло паднаа температурите и почнав по долги да го облекувам. Боди на кратки и ромперчиња обавезно да си купиш бар по неколку.
A количински ако е многу нормално е, пошто целиот е измачкан обавезно го мијам, еднаш дневно е најчесто ама многу е, порано не какаше толку.
Нормално е, за дијареа ептен треба да е како вода баш. Мојата памтам колку беше укакана, цееееела пелена полна, бодито лом секое какање.
Нормално е 10 до 12 такви течни столици имаше моето Мозочиња до 2 месеци на лице, лом беше и на очињата имаше, ми дадоја крема адвантан тогаш (со кортико) го мачкав 5 дена и му поминаа. Сега нема шанса кортико да ставам на бебе од 40 дена
Да, твоето ако не се лажам е месец и нешо? Памтам дека големата после месец се правеше до в гуша лом жолта, под чешма бевме нон стоп, на ова уште не почнало да му излегува од сите страни ама пак е количински многу ии често.