Кога воведувате вкусови веднаш се нуди и вода? Дали само после пробата на вкус доколку бебе сака или преку цел ден се нуди?
И јас сакав помош околу храната. Мојата е 5 месеци и почнав да и воведувам. Еден ден гледам дека нема реакција од намирница и вториот или третиот и го мешам со веќе воведена. Или е многу мала за 2 намирници? Компир сам не сакаше да јаде ама со морков да. Морков сам не ама со јаболче да. Во ред ли е ?
Ориз и компир јас не ги давав чисти, а и не би ги давала три дена по ред. Од првите намирници што се воведуваат ги оставив последни. Дадов ориз еднаш со слива и еднаш со брокула, а компирот со тиквица. Втората комбинација ја заборавив, а сега скоро беше. Бебињата ретко прифаќаат чист компир да јадат. Совет, да не го блендираш бидејќи станува како леплив, само со вилушка изгмечи го. На почеток после пробата давав само за да се навикне, дека претходно воопшто не му давав вода. Сега давам после оброк секогаш (од чаша пие), а после неколку пати му нудам во шишенце со клунче. Му го оставам и во игрална па и сам си зема. Само не пие којзнае колку од шишенцето, околу 40 мл.
Вчера примивме втора доза вакцини, без реакции цел ден, само вечерта заспа во 11 стана во 9 сабајлево, значи 10 саати без да мрдне. И мерев температура некогаш со рака некогаш со топломер, немаше. Нормално ли е? Ај тоа па малце мочкала за тие 10 саати, не беше сува пелена ама малце плус со јак мирис и пожолта. Тоа реакција може да е? Инаку се научи да се превртува од грб на стомак, а обратно не и имаме проблем. Не сака на стомак да седи ни 30 секунди ( ја играм, пеам и давам омилени играчки џабе) и не знае да се врати од стомак на грб и треба да висам цел ден врз неа а сега и е ново и чим ја легнам она се превртува. Дури почна и на страна и на стомак да спие, што до сега за овие 4 месеци не се десило ниту еднаш. Вчера кажав за ова кај што ја боцкаа ми рекоа многу е темпераментна не мирува и затоа не сакала ма стомак досадно и било. Зошто чим се преврти она мрда со нозе со раце со глава мислиш ја голицка некој и почнува да плаче.
Нормално е да е поспано после вакцина. И мојата важеше за темпераментно бебе и си е остана така, стварно погоди докторка. Не сакаше исто на стомак да лежи, се нервираше, веќе почеток на 6ти почна по малу да сака кога пробуваше како војник да лази. Ни како новороденче не сакаше ич на стомак, а ова гледам ужива да лежи така, ич не се буни, убавини да го масираш.
Мајка нормална е поспаност после вакцина . Мојава на првите две ништо ,дури сега на третата ми качи ТТ. Инаку за лежење на стомак не ми збори, никако не сака , пишти одма се врти на грб ,неке да чуе за жива глава.
Дајте да најдеме решение не се трпи. Не можам на кревет да ја оставам, во иста секунда се врти и после плаче и цел ден така. Дали треба да потпораснат уште, дали ќе сменат, којзнае.
Ќе смени, ќе може да се врати сама назад, а и ќе почне да покушава да лази, па ќе правите вежби. Тек сега ќе ви биде забавно, ни минута мир
Колку мл дохрана е доволно за едно хранење на едно месечно бебе? Денес имам преглед во болница за мене, а не сакам да го влечкам бебето со мене по болници, а молзено немам доволно за периодот кога ќе сум отсутна.
Нема во пливитот к1, а со сите доктори сега што сум зборела сите ми викаат нема потреба од К1, доволно е во болница. И јас сум сега пишман што ги давав и толку. А да, грчевите беа од тие, не беа од друго. Мое мислење дека Бебитол, односно 4U pharma си направија топ бизнис со овие твист капсулите. Имаш на Нутрино чист морков, органска кашичка, има и во ДМ таа нивната Био марка. Јас дадов морков и компир млади домашни, ми донесоа и затоа и почнав пред контрола, не почекав, за да не ми овенат да ми се расипат. Земав јаболко, крушка и слива сега купечки пошто нема асални да купиш од пазар. Бепантен крем, не маст, кај моето не поминуваа додека не земав ова, со едно мачкање се смирија и сега се ок. Нормално е на доење да кака така не се сеќирај. Давај комбинирано додека не почне да качува убаво, нормално е да стагнира и да симне со бронхит, нема сила.
Видиш на тоа не ми текна, а си пишува убаво Цица од прилика 8-9 пати дневно. Ми треба само за еден оброк, ќе бидам надвор од дома подолго од 3 часа. Според инструкциите на кутијата пишува 100-160 мл. Да им речам да дадат 100, ако е гладен да додадат уште 20 пример.
Да, не секое дете ќе сака директ 160, спреми ти 120 нека има може да стои во фрижидер, па ќе го згреат, ако не испие се ќе фрлиш, подобро отколку да чека после да доорават. А и секако можеш само 120 да спремаш, оти тешко да измереш 100, дека на 30мл вода, оди една лажица.
Супер, фала. Сеа уште психички да се опуштам дека ќе му дадат од шише ко што треба, без да испоголта воздух и спремни сме
Сеа ме замисливте. Не сум дала досега, само на почеток од шприц, како лажливка за да фати да цица. Се надевам дека нема да се буни, веќе излегов од дома
Ќе ги давам до следна недела дур да отидеме на ортопед, па ќе видам и тој на што ум е. Искрена да бидам не ни знам која е улогата на К1. Знам само дека детето ми беше бајче три дена дур не ги давав капсулите.