Боди по кратки и чорапи, покриена со тетра 24-25 степени е кај нас. Греота се да се варат. Планирам да и земам летни шпикозни горе кратки или прерамки и доле по кратки и да и бидат тие за спиење летово.
И мојот повраќаше од првата рота многу, ама ептен, ко фонтани, мислам цело млеко го вадеше, жив гладен беше цело време, и иако не сум за чајче/вода, му давав тогаш на Хип чајче, ко дехидрирано беше бебе, пелени празни, а после и дијареа имаше...
Мајки како ги дозирате капките Еспумисан, на упатството пишува 25 капки по или пред доење, ама нели на секое доење по 25 капки е мноогу? Хелп
Па откако почнав да следам фатив поубав ред со него, искрено. Да, колку треба да биде буден од последната дремка до следната дремка. И колку дремки треба да има. Така ќе увидиш дали му е до спиење или не. Саб ми ги донесоа мене, но знам дека по нет кружи некоја девојка која ги носи и ги има тука на залиха постојано.
За спиење навечер спие по шпихозни тенки непокриен, одоздола боди по прерамки. Дење е по кратки, вчера скроз се раслековме. За јадење каши јас некако спонтано почнав со пасирано со вилушка, ок 3 тоа ама реално треба добро да е обработено термички, а греота е овошките да ги вариш долго за да го испасираш, некако не ми е на чисто. Е сеа тоа што нема добро овошје сега давам купечки. Поради тоа сакам да го научам и на пасирано и на мазно и на парченца. Планирам зезалици да давам после 10м, смоки за бебиња, да правам фингер фуд и слично. Убаво е да има еден баланс, не крајности, да знае да јаде и пасирано и мазно и парченца, затоа ќе нудиме се. Бебо мој има пак воспалени ушиња. Ми се плаче. Кога го видов вчера топломерот 39.8 се извадив од памет. Козле и породувањето во Чаир ми даваат надеж дека ќе биде добро во здравството наше, одличен пристап.
А како знаеш? Секоја мајка така се сомнева. Пробај рачно одмолзи. Наведната со брадавиците надолу, накај подот. И ја стискаш ареолата. Ќе прска млеко. Наведува обично има повеќе мле, тогаш се лачи пролактин. Градите после некое време се меки, не значи нема млеко. Земи вага и измери го детето. Тоа најточно ќе ти каже дали е гладно.
Мајки кога давате вкусови? Пред или по млеко? Мојот е на формула, пие 150мл и два дена давам 1час по млеко ама како да не е гладен, не отвара уста. Дали да пробам прво кашичка па после млеко кога ќе стане од дремка?
Мојава само манџа јаде скроз блендирана 3г е и живци кинам, знае да џвака, друго јаде со џвакње ама пусто зеленчук и месо чим имат морат да е блендирано, инаку се гади, повраќа чим види. Колкава утка напраивме со неа со јадењето иако се правеа каши и се фрлаа само, се одбиваше освен банана и авокадо и си остана девојчето до гадење на храна дојде. Упорна бев ама требело да отварам устата и да давам на сила ама и тоа не е чаре. Кај братучедите ја носевме со нив заедно да јаде, ма какви, еве и градинка жива гладна е ни сув леб. Ова јадењево за мене цела филозофија стана.
Епа баш тука ми е збунката. Има 2часа будно време. Значи спие давам млеко и за 2часа го легнувам. После кога ќе стане давам вкусови?
Здраво мајки, детево ми е скоро 2 месеци и не сака да лежи/да се вози/да спие во количка (корпата 0-6 месеци). А треба да се излезе да се заврши некоја Работа. Кажете чаре
Јас сум читала пола саат после цицање. Да не биде многу гладно. Туку само малку, колку да сака да проба нешто ново
Зошто е толку тешко да се заспие човече на кое очигледно толку многу му се спие Заспивање 20 мин за 40 минутна дремка Дали 40 минутни дремки во текот на денот се доволно или малце? Се ми се чини дека треба да има барем една подолга дремка, од саат и пол пример. Вака испаѓа кога преминува од еден циклус во друг дека се буди.