Моето само првиот месец знаеше убаво да се успие по 2 саати.. сега има дремки по 20-30-40 мин цело време
Апсолутно добро ти се чини и добредојде во светот на мајки со бебиња неспијачи. Колку месеци е? Мојот е 5+, од 2ипол месеци дневни дремки нема подолги од 45мин, што е сосем развојно нормално (иако изгледа скроз ненормално). А успивањето ако трае долго провери да не сте во скок или види колку будност има...да не го преморуваш или го успиваш пребрзо за месеците.
Колку месеци има? Мене нема кој не ме теши дека кога ќе воведеме оброк ќе среди дремки и ќе има минимум 2 по саат ипол...
4 месеци е Моето искуство со првите две е дека како ќе намалува на дремки така ќе зголемува во минути
Да, како го завршивме првиот месец, така магично се скратија и дремките. 5 недели. До пред една недела си имаше подолги дремки, сега толку е, 40-45 минути максимум. Пратам прозори на будност, од прилика пола час цица, уште 30-40 мин е буден па со првото прозевање земам да го успивам. Испаѓа дека пронаоѓање на sweet spot за успивање е еквивалентно на ова
Моето на почетокот спиеше многу, сите велеа супер бебе имаш, мирно и спанко, јас наспиена, мм наспиен, помина првиот месец и толку од спањето беше, сега дремки само ако е нацицан од десна града, во полузатемната просторија, да не му е топло ама да не му е ни ладно, јас да сум до него и Гибли студио музика у позадина да има ама не многу гласна Тогаш ќе поспие може саат време ама ако еден од овие услови не се исполнети ќе се буди на 10 мин. Деновиве е многу расположен ич не сака да спие, само гуга, се му е интересно, муабет си прави со мм и мене, ми се ѕвери во сликите мислиш уметнички критичар е и така со саати, ете сабајле од 8 е буден и абер нема да заспие се смее и писка како лудо. Вчера до татко му сакавме да си погукаме малце прв пат после многу месеци, таман почнавме ете го него се смее од креветче и не заспа до 1 секако дека јас заспав пред него, не бидна ништо од гугањето
Ако е ваква работата уште одма ќе воведам оброк. И нашите дремки магично се скратија после првиот месец, месец и пол. Ако го оставам на кревет за 20-30 мин е буден под услов до него да лежам, а некогаш и одма станува. Во раце може нешто подолго да спие, зависи од денот. Се случува и саат и пол, два да спие. Моето 5 месечно бебе се понаша како новороденче. И јас си ги сакам contact naps исто колку него, ама нема да е лошо да можам и низ дома нешто да завршам.
А колку дремки имате? Исти сме и ние колку долго ја успивам за 40 мин е будна. Ние имаме 5 дремки и во 22 е заспана навечер некогаш спие цврсто а некогаш се буде по 100 пати ама пак презаспива.
Можеш да направиш помалку. Наместо 200мл,ќе ставиш 100мл вода и 2 лажици ориз. Можеш да и ставиш банана и авокадо во оризот ако имаш воведено, со гаранција ќе ти го јаде Ставај и АД во кашичките, така им се повкусни. Експериментирај, да и биде што повкусно и ќе пројаде
На исто сме и ние а 11 недели има. Магично ги скрати дремките и има 3 од по 40тина минути и ако имаме среќа една од саат и 15тина минути ама вообичаено и таа е пократка. Поздрав со сликава
Четири дремки има. Од кога влезе во 4ти скок само со цицање заспива, никако со нишање. Ако го нишам си разгледува наоколу и очите ококорени.
Само јас ли не бројам дремки? За навечер знам да кажам кога се буди зошто горе-долу се истите саати. Сабајле станува во 9 ипол, а прва дремка е во 11 и обично трае околу 45 мин. После тоа не гледам на саат туку се водам по него. Јаде на отприлика 2-3 саати, во меѓувреме дремнува, си играме и муабетиме, шетаме, се бањаме. Знае да отспие и ептен долго преку ден, саат ипол, два, па и да се разбуди после дремка од два саати, да јаде и пак да заспие. Навечер официјално легнување му е околу 10-10 ипол. За сега ова ни функционира и не сум осетила потреба да следам, може грешам ама кога ќе осетам потреба тогаш можеби ќе почнам да ставам некој ред. Моментално оставам он да го диктира редот и ок ми е.
И јас не бројам, кога го гледам дека му се спие го успивам, вечер само знам дека ако не заспие до 10 ќе има журка и преку ден знам дека прва долга дремка е сабајле 11-12, другото кога како.
Не ги бројам ни јас дремките, само читав дека ако се будат после 40 мин од заспивање, тоа значи дека не преминуваат од една фаза на сон во друга. Вчера и денес баш реков да видам колку време дреми, и како по книга, 40-45 мин после заспивање се буди, фиксно.
Чекај стој! 9ипол будење?!?!?! Сакаш да се трампаме со бебињата те молам? меѓу 5 и 5ипол му е будење...не знам што е тоа 6 часот за станување...ама 9ипол? Ти си една среќна мајка! Колку месеци е? Како спие до 9ипол? Сподели некое трикче
Мојава е месец и пол ред никаков три дена знае ич да не спие после неколку дена очите неможам да и ги видам, ќе се разбуди пола саат ќе покенка од грчевите и се комира по 2-3 саата, за навечер легнува секогаш различно ама од 5-6 обавезно станува и скоро секој ден од 6:30-7 излегуваме да ги мериме улиците. Само се надевам грчевите дека за брзо ќе поминат не помага ни капки ни пробиотици ништо, кога е будна само кенка или урла, ама убаво знае да урла
Дали бебињата ви прават акробации додека цицаат? Ме влече ме штипе, рита со ноџињата некогаш сафра ме фаќа.. во затемнето и во тишина и сѐ ама џабе.. некој совет?
Додека се мали не се брои кај бебиња што спијат. Кога доаѓаат до 1-2 дремки само ќе гледаш на саат да можеш да одмориш
Даа хаха имаше фаза мојата кај што стоеше со нозете испраена, фактички газето нагоре и така цицаше, па го мрдаше газот смешко живи.