Нешто слично сме и ние. Само јас некако цела вечер рипам и давам да цица на 2 саати. Не сум оставила да плаче за цицање, може и ќе врзе подолг сон. Баш деновиве да пројде скокот ќе пробам да видам колку ќе спие навечер. Преку ден 40на минути дремка и мислам дека се фаќаат 3-4 пати. А веќе фати ред за вечерното спиење, кенка околу 20:30 и бара да се стиши и стемни куќата. Инаку, да се пожалам, третиов скок ме убива. Уште сега психички се спремам за четвртиот.
Да. Со едното раче цело време мрда, ме штипе, грепка или гали оо градата од која што цица. Со другата(доле) зависи како е наместен ако може да ја мрда ме штипка. Со нозете, долната не може да ја мрда нели, ама со горнава мислам вежба гимнастика. Со лицето се бута у града често додека цица и останува без воздух. Како црвче е. Совет нема, такви се бебињата, претпоставувам повеќето или сите
И јас не бројам дремки. Барем не до скоро, немаше ред во дневно спиење. Гледав само прозорци на будност да запазам ама и тоа не ми одеше. Сега веќе му се знае, предвидливи му се. Четири се и плус минус пола саат-саат е со дремките.
Хахха па се буди он и у 7-7 ипол ама мајка му е спанка со тапија и нема избор освен да презаспие откако ќе се најаде. Може сака и да стане човекот ама му давам да цица во темница и го оставам до мене најчесто па гушнати си дремнуваме уште 2 саати. Во 9 ипол веќе е насмеан и спремен да го почне денот. 2 месеци полни во недела инаку и до сега стварно е бубаче, не смеам да се пожалам. Сам се успива, не бара нишкање или посебен третман. Трикче стварно немам освен ете може да пробаш покасно да го легнеш.
Исто и јас на првото мрдање што ќе го слушнам станувам и му давам да јаде. Искрено мислам и подобро е така отколку да го оставам да изгладне па да стане кенкав и нестрплив. Ќе се расониме и јас и он и ништо не сме направиле. Вака цица и назад на спиење.
Може трикчето е затемнувањето. Имаш ставено посебни завеси за затемнување? Ние сме со венецијанки и можеби затоа се буди...со првата светлина.
Исто! И со другиот одговор ти се слагам, исто, во темно презаспива топ. До 8 саат спиеме. Во 6 се буди за цице и презаспива до 8, во 8 е кукурек за кашичка сега. Иначе да, затемнета просторија е трикот и кај мене, оладено и затемнето, така спиеме од 40 дена некаде. И спие кога сака, колку сака, освен ако не спие 10мин па да презаспијам, спие воглавно убаво. Што знам, инсистирам на мир за сон, односно во спална на тивко, мирно, темно и проветрено. Бели звуци ако ептен е вознемирен.
Како затемнуваш? Гледам кај повеќето што ви спијат бебињата ви е затемнето. Ептен мрак е или се гледа дневната светлина? Може ќе морам да барам посебни завеси за затемнување, знам во Икеа имаше
Мојов бебуш исто дремнуваше 45 мин ако не го држев или пак на мене на меше легнат ама сега сам си продолжува барем една дремка до саат ипол, во креветче. Сега има 3 дремки, еве баш моментално пијам кафе, го слушнав се размрда и продолжи да спие (точно за 45 мин), така да само трпение Го успивам во темно со бели звуци, минутка две го гушкам и одам малце по соба и после во креветче и му правам ш ш и за 2-3 минутки и заспан е
Јас со ролетни спуштени скоро целосно, не е страшно и малце да влегува светлина, не е баш оноа црна темница
Не, обични ролетни имаме. Не е скроз темница, влегува по некое зракче низ дупчињата ама минимално. Ако евентуално треба да менувам пелена пуштам ноќна ламба, пак да е пригушена светлината. Моето во принцип не бара посебни услови, мене некако спонтано ми доаѓа да стишам атмосфера, да затемнам, чисто да почне да разликува кога е период за дремки, кога треба да е ноќно спиење. Преку ден дур спие ние нормално си функционираме, телевизорот работи, ние си зборуваме гласно итн. Он најчесто се успива или цицајќи или сам. Синоќа пример се најаде, го спуштив во креветче буден и отидов до вц, го оставив под надзор на татко му. Кога се вратив секој сам си се успал. Се надевам вака ќе тераме и ќе биде спијач како мајка.
Како Бела што опиша исто. Ролетните не скроз спуштени и не мртва тишина. Еве тв работи, мене цревата ми работат до Центар се слуша додуша, он сега заспа после цицање сам на кревет и сега ќе го преместам во креветче. Ова му е втора дремка ама стана порано денес, во 7, брат му повраќаше и го разбуди. Оваа мислам дека ќе тера подолго, ако не оваа тогаш следната ќе биде сигурно саатипол.
Јас имам ставено драпери од џамбо. Спалната ми е така убаво наместена што да ги немам драперите, во 5 саат ќе станеме сите. Ужасно ме нервираат венецијанките Ептен мрак е со нив, за ноќе пуштаме една ламба со пригушена светлина колку да го гледам детето каде е
Те замолувам ако не ти е проблем да ми пуштиш сликичка, да ги набавам за да се спасам од венецијанките. Фала
Еве ги. Имаше неколку бои. Јас имам посветли од ова. Ако сакаш и слика од моите ќе ти пратам, да видиш колку затемнува. Само да се вратам дома
Спојлер Венецијанките ми се кренати моментално за да ти доловам колку крие. Кренати се на радијатор због заради мачката, не замерувај Им се напна и се мота во нив
Кај мене моментално не се стемнува, во тој период од годината сме. Во Икеа има завеси кои тотално затемнуваат, има неколку категории, овие се најскапи но прават тотален blackout. Со оглед на фактот дека во три сабајле веќе има сонце, скроз сум задоволна од тоа колку ја затемнуваат собата. Е сега се поскапи ама јбг.