Мајки што да ставам на ова? И се појави откако почна интензивно да се лигави и да ставаме лигавки постојано.
Како ќе ни обеле косата мислам дека на повеќето ни имаат паднато додека се бебиња, јас на моето и главата му ја имам удрено од шкаф погрешка, да го кренам нагоре и убаво го имам здрвено
Ставај од кремчето за пеленска регија што го користиш јас на веледа користам и сегде кај со има црвено ставам и одма и поминува.
Луѓе не знам дали е нормално ама бебево некако малце ми јаде денес, не стана до 6 сабајле од 12 вечерта, цицаше тогаш и заспа до 11:30 сме се успале, кога срипав оно спие уште, се раскенка тогаш, му дадов цицаше пак, па околу еден плачеше многу му дадов ад и испи 150мл, потоа накај 3 цицаше малце како 10мин и заспа и ете го уште е комиран. Некако тоа ми е малце храна за него, обично повеќе јаде, вчера скоро цел ден го преспа исто ама јадеше на 4 часа и цицаше многу. Времето се стопли доста, сауна е дома се мислам може му е мака и е успиен од жешкото, кога е буден си е весел, се смее, гуга, не плаче…не знам да не му е нешто неарно. А си кака мочка нормално, си викам ако не е најаден што ќе кака…дадете ми ум што да правам, му нудам цицка почесто ама не сака одбива, плаче, ќе фати ќе пушти, ќе прета и така пола саат и ќе се откажам и одма ќе се расположи кога виде дека не го нудам јадење.
Мајки јас се породив пред 3ипол дена. имав доста тежок пораѓај и првиот ден ипол бев хаос и не можев ни да гледам од умор, плус само плачев (ради хормони веројатно). Ради тоа не можев да дојам и си мислев дека имам време. Во саботата не пуштија сабајлето од болница и еве 2 дена како сме дома.Кога не пуштија, и ставија на беба псг вакцина и беше ептен омалаксана ради тоа. Вчера пробав да ја дојам ама немаше шанси да повлече и на кај од страв решив да и дадам прихранаа додека не се поврати малку. Во меѓувреме цело време пробував да ја подојам и еднаш малку успеа. Но денес се опорави и пробувам да ја дојам и е многу нестрплива и воопшто не прифаќа доење. Јас се измолзев 3-4 пати иако искрено излегува многу малку, би рекла 20мл максимум. прашањето ми е: Дали се зезнав со формулата и што не пробав да ја дојам порано? дали има некој што може да ми даде совет за ситуацијава? фала многу!
Мајки јас се породив пред 3ипол дена. имав доста тежок пораѓај и првиот ден ипол бев хаос и не можев ни да гледам од умор, плус само плачев (ради хормони веројатно). Ради тоа не можев да дојам и си мислев дека имам време. Во саботата не пуштија сабајлето од болница и еве 2 дена како сме дома. Кога не пуштија, и ставија на беба псг вакцина и беше ептен омалаксана ради тоа. Вчера пробав да ја дојам ама немаше шанси да повлече и на кај од страв решив да и дадам прихранаа додека не се поврати малку. Во меѓувреме цело време пробував да ја подојам и еднаш малку успеа. Но денес се опорави и пробувам да ја дојам и е многу нестрплива и воопшто не прифаќа доење. Јас се измолзев 3-4 пати иако искрено излегува многу малку, би рекла 20мл максимум. прашањето ми е: Дали се зезнав со формулата и што не пробав да ја дојам порано? дали има некој што може да ми даде совет за ситуацијава? фала многу!
Ништо не е зезнато мами, тек надоаѓа млекце. Ставај бебче на гради колку шо може почесто за да стимулира да се создава млеко. Молзењето ич не е релевантно оти има мајки што ни 10мл не можат да измолзат, а успешно дојат ексклузивно. Живо и здраво да е бебчето, тебе брзо опоравување ти посакувам.
Зошто би му давала капки ако нема грчеви безпотребно да му внесуваш хемилалии, мене педијарката му рече во краен случај капки ако има ептен грчеви иначе не прво да се проба со топла пелена, термофорче и гел за масажа па ако не помага тогаш капки.
Имеме за тоа ми е најмногу да не и вмесувам без потреба хемикалии Но педијататарот што ни ги даде капките ми нагласи до 4 месец да се конзумирале Па затоа побарав и ваше мислење Ти благодарам
Јас ги давав три пати на ден, имала или не грчеви, зошто више ми беше страв и жал од плачење. Кога ја сетив дека ги нема веќе давав по два пати, утро и вечер, па по еднаш и ги прекинав веќе пред да наполни 4 месеци.
Како да разликувам грчеви од какање? Секое сабајле во истиот период се витка, ги крева нозете и со рачињата се фаќа на лицето и испушта гасови. Не се буди, јас дежурам и му давам цуцла што цело време ја плука, зошто само со неа се смирува. Го масирам на стомачето и му помага да испушти гасови ама не се смирува дур не се разбуди. Инфакол давам ама никакво фајде од нив изгледа. Не плаче па тоа некако ме утешува.. До кога трае ова или индивидуално е?
Јас го имам. Дали е корисно, зависи. Колкаво е бебето? Пред 3 месеци тешко да го перципира. Јас го имам и му го наполнив на 4 месеци. Му задржуваше внимание кратко, ама постепено се зголемува времетраењето на одржување на внимание и фокус. Сега почна и да тапка врз него со рачињата, ама се уште не е целно (за да ги движи фигурите внатре). Ама ги следи кога ќе се движат или ако некој друг му ги движи. Според мене е корисно во одржувањето и зголемувањето на внимание, фокус, око - рака координација, визуелна перцепција. Практично е за нас затоа што нели ти ќе можеш нешто друго да направиш за тоа време, а и ако не сака tummy time, со ова може ќе издржи повеќе.
Бела исто е и моето, со тоа што се намали виткањето на саат време, предходно знаеше по 3 саата да е така, сега од 7-8 обично ќе се повитка малце, ќе се разбуди не сака да јаде ни да цица ни шише, ни цуцла и потоа ќе заспие. Мислам дека кај сите е исто, јас не давам веќе капки може 2 недели оти мислам дека не се грчеви туку нормално однесување, не плаче при тоа. Мислам дека до 3м ќе се смири.
Почнав со вкусови. Два дена давав морков. Денес да дадам морков и компир? Колку дена да давам по малку , кога да почнам со повеќе, по пола тегличка, на пример? Сака да си јаде цуцка. 4+ сме, доктор ми рече да почнам, не и беше доволно млекцето, а шише не фаќа за жива глава.