Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    Нас ни рекоа да го прескокнуваме тој ден, да не ја бањаме.
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Мојот си ја најде левата рака и нонстоп ја пика во уста.
    А јас штом го видам со раката внатре одма града вадам (facepalm) нудам. Сѐ сум му со града в лице.
    Не знам да разграничам кога го прави од глад кога од игра.
    Hint некој?

    @АнаМаријаД кај мене рекоа може, ама не го бањав јас.
     
    На 1209 и АнаМаријаД им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.971
    Пол:
    Женски
    И ја исто, на секое ползење со јазиче или бутање рака ја вадам цицка, не знам дали грешам, дали го бунам детето… оно и се нервира некогаш. Ептен сум изгубена со редот за јадење.
     
    На DaisyDoo и АнаМаријаД им се допаѓа ова.
  4. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Мојов два и пол месеци има почна да се лигави доста, и раката во уста исто пробува да ја става ама цела во тупаница (facepalm)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Исто. Најголем страв ми е гладно бебе.
    Секоја плачка, кенкање мене ми е "аха, гладен е" и одма сервирам сендвичот. (facepalm)
     
    На Homme, АнаМаријаД и 1209 им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.971
    Пол:
    Женски
    И мене, а посебно оти беше на АД нели па сега почна да цица, па не знам дали е најаден, не знам како се понаша најаден од цицање, он знае и да цица по еден саат и пак да е нервозен или да цица 15мин и мирен бајче, стварно не сум паметна, ете денес еднаш успеав да дадам формула и ја испи цела 150мл оброк, прво со нервоза ја пиеше дека не е града, после ја испи лакомо и заспа, а онака предходните два дена нон-стоп цица и нон-стоп нервозен, ми личи на гладен.
    Сигурно грешам некаде, утре сме на педијатар ќе видам што ќе кажат.

    Него парацетемол пред вакцинирање дадовте или одма после?
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.032
    Допаѓања:
    13.265
    Пол:
    Женски
    Ни пред, ни после. Само ако качи над 38,5 или нешто под тоа плус да е малаксан.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.971
    Пол:
    Женски
    Оти тука докторот ми рече превентивно демек да дадам ама не кажа кога, па де збунив малце. Може бидејќи ќе даваат МенБ вакцина, таа ја нема во МК мислам и од неа се качувало тем 99% па да се спречи висока температура.
     
  9. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    И на мојата исто. Ни кажаа дека е егзема и дека има сува кожа. Мачкавме 2 дена белогент и одма помина, но тоа е само на краток рок. За подолго ја купивме мустела стелатопиа.
     
    На Lina-Detelina и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  10. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Зошто да не се бањаат ? Ние сме утре на трета доза рота и превенар, а планираме и вечерта да ја бањаме. До сега ништо ни немаат кажано за бањањето
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.032
    Допаѓања:
    13.265
    Пол:
    Женски
    Не знам за вакцината ама нема шанси да ја спречиш температурата. Прво не знаеш дали ќе качи, колку ќе качи, за колку време. Препрашај пак таму кога ќе боцнат ама јас не би давала.
     
    На IRBBB, АнаМаријаД и 1209 им се допаѓа ова.
  12. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Ние денес примивме рота и петовалентна,ништо не ми рекоа за бањање,гледам на некои им кажале,прашав тука и шубе ме фати,а планиравме да го бањаме вечерва ама ке оставиме за утре.
     
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    Искрено не сме прашале зошто. Во диспанзерот во мојот град ги даваат следните информации

    - ако крени температура над 38,5 да дадаме сируп
    - ако е премногу вознемирено или плаче исто може да се даде парацетамол сируп, пола доза за смирување на болка, демек не знае да каже самото бебе
    - да ставаме лепенки на местото
    - да не се дава нов вкус на храна веќе за подоцнежните вакцини ова
    - да не се бања истиот ден
     
    На Leanne му/ѝ се допаѓа ова.
  14. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво,
    Моментално сме 4++, од следна недела планирам да почнеме со вкусови. Неколку работи:
    1.Беба си цица, на ексклузивно доење сме, дали додека пробува храна, тоа значи дека 1 оброк ќе се намали? Кога да му дадам да цица, пред пробувањето или после? Многу сакам да го дојам, а и он страствен цицаш е, да не ми се намали малце млекцето?
    2.Дали од одма ги стававте бебулки во хранилки? Да ја отварам ли или рано е?
    3. Планирам да почнам со зеленчук (пратете табела да разгледам ако има некој), како треба да бидат порциите, колку грама? Дали да блендирам или да пасирам со вилушка, што е попаметно?
    4. Како подготвувате оброци? Пример давам да проба компир, го пасирам/блендирам и какво млекце додавам?
    5.Какви лажичиња користите, силиконски или тврди? Препорака за прибор?

    Ако има време некој да ми одговори, имам трема за чекоров кој следи
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  15. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Денес прв пат ми се нема искакано цел ден. Дали од вакцините сабајле што ги прими или дека дадов овие три дена Аптамил по еднаш на ден..
    До сега какаше после секој оброк и чудно ми е.
    Има некоја слично искуство?
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.971
    Пол:
    Женски
    Не е од формулата, моето напротив кака повеќе на формула, може ид вакцината е.
     
    На АнаМаријаД му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    7.728
    Пол:
    Женски
    Види погоре болдираното
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.032
    Допаѓања:
    13.265
    Пол:
    Женски
    @najjacha
    1. Нема да намалуваш подој се додека не воведеш цел оброк околу 100-150гр. Со секој воведен оброк се скратува еден подој, што значи дека е постепено и млекото постепено ќе се намалува ама пак ќе биде според потребите на бебето. Ќе доиш после пробувањето вкусови ама ќе пазиш да не е прегладнет и да стане нервозен. Обавезно водичка после храна за да се навикнува.
    2. Одма да, на 60 степени. Најдобро е секогаш хранењето да биде во хранилка без исклучок за да створиш навика зашто после сакаат да јадат додека трчаат, да јадат пред тв итн. Значи ако не сака да јаде го вадиш од хранилка, па ќе пробаш покасно.
    3. Јас не гледав дали е овошје или зеленчук, наизменично ги воведував нешто за омекнување столица, па нешто што стврднува за да избегнам запек или течна столица, а и не сакав да бира овошје/зеленчук понатака. Значи од прилика јаболче, морков, круша, компир, слива итн. За старт не гледај грамажа и онака јадат по неколку лажички. Најисплатливо е да воведуваш со готови кашички, една кашичка да ја даваш 2-3 дена. Јас почнав со блендирано и потечно и со тек на време згуснував и пасирав, па скроз премина на парчиња.
    4. Не се додава млеко во кашите, значи вариш компир и го правиш пире со вода, без сол и зачини.
    5. Лажички за старт силиконски, па после со нашите метални. Посебен прибор не сум купувала, подобро од керамика да јаде отколку од пластика или бамбус.
     
    На Secret-Angel7, Leanne, Снегулк@23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Бањањето ни успева, ама при сушење многу претаат, ко уклучени на спидмоуд, и страв ми е да стиснам за убаво да истријам, само тапкам со пешкирче,ама ќе пробам некако поупорно, да не направиме поголема беља. Уплав имам од проблеми со кожа и ова страшно ме нервира.
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа само чепчиња, сируп се давало над 6 месецид