И мојов после бањање не даваше да го бришам зад ушите, затоа почнав кога му давам да јаде на прстот со газичка бришам. Во болница ми напоменаа да внимавам зад ушите, јас колку даде го бришев и приметив дека се прави како прљаво и од тогаш така.
Сте прекинале ли антибиотик на своја рака на 5ти ден? Треба да пиеме уште 2 дена ама бебе се исцеди пролив и црвен газот пепел, ете и некои црвени точки што мислев од бататот се ама изгледа ко што кажаа мајките од амоксиклавот се. Што да правам не знам. Бебе тт нема уште од вториот ден, супер си е, дури и увцињата не се црвени. Знам дека е лошо недолечен ама па во 10мин 3 пелени, ту мач е. Газот му е крв да му капне у секое време. И брат му ист беше од амоксиклав.
Дали има мајка што бебето има рефлукс? Како напредува со килажата, кога се регулира, последици? Бебето мое во млазови повраќа и ради тоа не качува многу на килажа, а сме на цицање. По совет на педијатар е да го цицам бебето, а писле тоа мајчино млеко да давм 30 мил од шише и да земам капки протиц рефлукс. Некој совет плус?
Давањето вкусови е долг процес или јас некаде грешам? Давам 2 дена по 2-3 лажички вкус, третиот мешам вкус со веќе воведена намирница (пак 2-3 лажички)...абер нема повеќе да изеде, и ова едвај го голта. Купечки кашички му давам. Од бебето зависи кога ќе почне да јаде оброк или јас треба да давам на сила? Нешто не ми штима ова темпо
Моето нејќе блендирано, сака пасирано. Инаку нормално дека е процес, првиот месец буквално пробуваат, не јадат. Чекај, до вчера пиело млеко сега одма не може да јаде. Ама пробивајќи граници секој ден, ќе се научи, 1 лажиче плус и полека ќе качи.
Лелее амбулантава во автокоманда е дива лига. Ни закажаа вакцина за денес и одиме ни иде сестрата од таму, што сте доаѓале па нема доктор. Требало прво да се јавите да прашате доктор дали има. Па уште и она дрска ние криви. Боже сачувај. На нас ни кажал некој нешто, не. А јас па од кај да знам во амбуланта доктор дека ќе нема. Жал ми е за маж ми, искочи од работа за џабе сега ќе заглави до вечер. @Secret-Angel7 во ремедика на прегледот ми кажаа за две до три недели да воведам доручек од мин 120 грама, па ручек и вечера. Така постепено и зголемував количина, еве денес изеде цело тањирче. Само уште бара да цица саат време после јадење. @Panovic рефлуксот кај нас во петти месец се намали, напредувавме нормално според кривата на раст.
Моето бебче има исто кога беше само на доење не ставаше доволна на килажа околу 19гр дневно, зошто повраќаше во млаз поготово мајчиното и сега давам пола мајчино и 60мл Аптамил АР и одлично напредува сега за сега 50гр дневно.. Капки не давам само млеко сменав и секако ти имаат кажано дека треба на перниче да спие и позицијата на кревечето да е покрената кај главчето.
Како да успијам бебе? Значи и бели звуци, и нишкање и шетање и возење во кола свее пробав мислам бебе никако неможам да го успијам со часа е будна и нервозна и плачлива незнам веќе што да пробам
Бидна вакцинирањето, точно сум претпоставила дека ради тоа што е Мен Б вакцина препорачуваат парацетемол 3 дози на денот на вакцинација, првата ја дадоа таму одма после вакцина. Тоа било зошто 90% од децата качувале температура и до 40 после оваа вакцина па да се намалат шансите да качи толку. Во МК ја даваат ли оваа? Пошто за ревакцина нема да сме тука, мада можело да се направи било кога ревакцина од оваа вакцина. Многу беше жален ама јас не заплакав со него, до сега на сите прегледи и во болница кога бевме и сега јас го држам, маж ми ептен го жали, во фацата е како мислиш ќе ги истепа докторите секој момент. Инаку одлично помина, се е добро и се развива супер, 2кг има качено од пораѓај и пораснат е доста машала 58см. Освен бубрегот што е уште повеќе зголемен, ако не закажат скоро за уролог тука ќе мора во МК да тражам специјалист за ова.
19гр на мајчино е одлично. Моето качуваше 20-25гр дневно, секогаш ми викаа дека е супер, а и буце беше во образите. Да не ме сфатиш погрешно ама ако продолжи да качува по 50гр за брзо ќе видиш дека е премногу, знам зашто второво ми е на ад.
Супер ајде со лесно, слушај си ги докторите. На уролог го носев во Систина кај др. Ристо Симеонов. Да се редактирам, др. Ставридис почна да работи во Систина ама не знам дали прегледува бебиња, прашајте, многу добар доктор е.
Пробај со фен или аспиратор, кај нас е доста успешно. Фенот вртеше со саати некогаш. Сега поретко, ама колку ми се нашол, не сум верувала.
Здравоо Како сте жени, мајки, кралици! Наминувам да ве поздравам, женски, по точно 3 месеци нефорумџиство Имав 34 известувања, само 2 ми излегуваа да ги видам. Претпоставувам сте ме означувале, пишеле како сум кај сум. Доброо, добро е Еј ми требаше пауза од себеси овде најискрено. На почетокот западнав во еден глуп ритам и морав малку рачна. Не ме повреди никоја, туку ми даде до знаење да се олабавам. Еј ве помислував да ви кажам вака. Сега сум на ред да честитам за новите чеда, на сите, пресреќна сум за сииите ама сѐ со ред, да видам прво кај сум, имам изгубено кондиција. За бебето мое краток рапорт. Бебето буцле мое има 4 месеци и 1 недела. Пркнато и пополнето целото со бутчиња, бело лице, светло косе, ќе да му е витканко, лепче мало ми е. Мх Сега е во скокче, се врти се рола, се смее, цицалко е ептен. Дремки има 3, а навечер спие помирно и наајбитно од сѐ: помина Зоо! Луѓе, не грофта веќе, тивок е, слава на Бога. Освен кога се подразбудува за цицање, некогаш значи 'рже не се држе е најточен опис Дури бев отсутна, имав повеќе задачи дома со поголемиот. Се одвикна од пелени, го префрливме во нова детска, шетавме заедно со него секој ден, мајка ми го чуваше помалото, јас точев пресно млеко и ветар, надвор да нѐ нема. Така скоро секој ден сѐ дури почна во градинка. Сега нови маки, ама за тоа во соодветната тема. Сега сум на ред да ве читнам јас на ум имам нови мисии, така што ќе бидам тука. Ви праќам топли охридски поздрави и ајде повелете во Охрид, ќе прајме една кафе-млеко собиранка со малите. Па и капење во плитконо
Зависи од бебето. Некое бавно ќе прифати храна, некое многу побрзо. Сето тоа е нормално. Храна на сила никако немој да даваш, ќе почекаш бебето да е спремно и да отвора само уста. Ти биди упорна и нуди го, другото само ќе си дојде.
Пробај во релаксатор или пак приспивни песнички и пушти, гушкај ја повеќе сепак секое бебенце е различно.
Мојов јадач бар засега, да не подречам, на прв ден даваме даваме 3-4 лажички, бар од тие 2-3 работи пробани. После тоа следен ден 5-6. И трет ден исто или нешто повеќе. Мислам дека и повеќе од пола тегличка може да изеде посебно ако е мешавина од 2 работи ама по совети од тука не сакам да форсирам. За вртење нешто од стомак на грб и обратно не се врти, а и не ја оставаме често по подлоги, на спална итн. На гарнитура и во креветче нема толку место за вртење.