Зошто? Детето може нема да има никаква реакција. Син ми без реакција беше, зошто би му дала превентивно парацетамол? Меѓу другото, организмот треба и да се бори.
Мислам дека и зумбулче е во Англија, кај нас во МК не даваат МенБ вакцина затоа и не препорачуваат превентивно, тука само за неа порачуваат да се даде парацетемол 3 дози безразлика дали има или не тем. вајда има некоја позадина, а мислам дека е и болна па парцетемолот е и за да смири болка. Еве моето скоро му помина дејството и се одра од плачење, не сака ни да цица ни да го држам, му дадов втората доза парацетемол и се смири по пола саат.
Здравоо мајкии, после вчерашниот ужасен ден, денес една среќна мајка. Бебуф вчера ни наполна месец дена, памукче мајмеко. Денес бевме на контрола, излеговме од болница со 2800, Палчица е сега 4.150 продолжуваме исто само со доење и тераме како и до сега, спиење колку ни се спие. Аа пошо знаеме по 5 саати да сврзиме, мора уште мама да се научи да легнува во 9-10 и одморена мама колку толку. Читам вие давате К витамини па се збунив ама тука само после пораѓај давале 2 дози и сега ја прими беба 3тата.
Моето после втора доза рота, превенар и хекса/пента шо и да е, не крена ич, ни па имаше пролив. Не би дала мислам ако нема реакција, ама па од друга страна ако доктор каже, што знам...
Не и она е како мене тука па и јас вчера ради тоа баш прашував, оти и ја не би дала ако нема рекација, ама после прочитав тука по страните што вели за оваа вакцина и баш денес го прашав педијатарот и ми потврди, сепак вакцина за менингитис е, вајда затоа не им се ризикува без превентива, инаку не те нападнав со коментарот може звучеше така само објаснував.
Не не, знам дека не ме нападнаОдлично е што имате таква вакцина таму и сигурно има причина што се дава парацетамол конкретно после таа вакцина.
Луѓе како да го смирам детево после вакцините, многу е вознемирен, уште стој на глава да направам, ни сака да јаде ни да спие.
Зависи колку месеци е и дали има грчеви. Мојот до 3.5месеци по 24ч рикаше, заспиваше по 20-30мин и пак рикаше. Ако се грчеви издржувај, мене ништо не ми помогна! Нема кој педијатар не го побарав во тој период! Само ми рекоа да стиснам заби.
8недели е.. Али вака како што гледам оваа дете нема грчеви, памтам како беше со првото.. еве денес плачи буквално цел ден како да го боли нешто онака црвенее се поти пишти и од замор ќе заспие 20-30мин и пак се буди со плачење све враце ми остана.. ќе го носам сега еве на дежурен зошто оваа денес не е нормално мислам.. имам уште едно детенце тодлерче што стварно и него му сум потребна, овие три дена дали 4часа сон имам сврзано незнам ни сама како функционирам
Да не ти е во скок? Моето е вака некои од овие денови, не сите ама вчера пример вака беше и е во скок, 8 недели и некој ден исто и моето, веројатни е тоа.
Здраво мајки, гости конечно испратени, сега тераме нова шема сами. Сите што мачите мака со грчеви, најнов совет од бабите е дека бебето се грчи пошо нема чорапи така и нив ги болело стомак кога им биле ладни нозете. Ајде, полесно е вака на видео повик отколку низ дома да ми коментираат. Од едно влегло, од друго излегло. Ама преинтересни ми се со чорапчињата, кога беа тука упорно го држеа со рацете за ноџињата, демек да го стоплат. А 26 степени е, топлотен бран не дрма на најјако.
Хаххаха не можам од старите значи. Најнов гаф од свекор ми прееска. Малото кога нејќе цуцла нејќе, ја плука, му се гади од неа и не сака да ја цуца. Си знае кога точно ја сака и тоа е тоа. Прееска свекрва ми го држи, он кенка веќе време за јадење, она упорно цуцлата и стариов вика аа не ја сака ние во мед ја топевме и дававме. Јас ништо не коментирам пошто со него не е да влегуваш во дискусија. Свекрва ми му вика не треба така. А овој како не треба, има ли нешто похранливо од мед. И така да знаете ако ви е гладно бебето цуцла натопена во мед е спасот.
Даа, абе исто значи, исто и свекор ми денес му вика на маж ми, ами ние тебе цуцла потопена во мед ти дававме, пробајте и вие и со водичката обавезно. Душа било и тоа, какви родители сме биле што на овие жештини не сме давале вода. А јас со цицката надвор во секој парк сум, посебно кога сме излезени, цица на секој саат, нема кај нема цицано досеа бебуш
Синоќа ми се скрати животот! Излезени бевме и пошто е нестрплив за јадење ни се поремети редот. Обично прво се бањаме, па јаде и се успива. Сега не можеше да дочека и прво јадеше околу 20ч, накај 21 го избањавме и пред 23ч заспа без да сака пак да јаде. Спиеше до 1 ипол, тоа е многу време без јадење за него зошто обично јаде на 2-3 саати. Се најаде мирно, презаспа и следно се разбуди околу 5. Е тоа јадење во 5 му беше буквално како да не видел. Го доев на градата кај што имам силен млаз, ама поминаа неколку минути и ок си беше. Веќе на средина од доењето дали заборави да голта и ја преполни устата, одеднаш почна да се дави буквално, ги ококори очите, а јас рефлексно го кренав вертикално и почнав да го тапкам на грпче. Исповрати и си придојде. Многу е станат лаком и не знам како да избегнувам вакви ситуации. Мислев да се одмолзам за да не е јак млазот ама ете се случи и на сред подој, а и кога му тече помалце се нервира. Од памет се извадив, а маж ми топ не го буди и ништо не осети. После од страв што можеше да биде го разбудив налутена што не беше буден, а што е крив кутар човек.