среќна нова и од нас поубава и побериќетна нека ни е.поздрави од мене и малиот,мама спрема за по гости да го носи,се надевам убаво ќе си поминеме.Мал мој душа дава да шета по гости,цел радости е. поздрави
Среќна нова на сите мамички,бебиња и дечиња и нека оваа година ви биде најдобрата и најуспешната досега. И јас како Лолита посакувам повеќе проспиени ноќи
Мамички и дечиња, се најубаво! Ви посакувам убава година, полна со радосни моменти со вашите најмили!
Среќна Нова мамички ви посакувам успешна година,многу здравје кој има по едно годинава да бидат две. Бебчињата да бидат здрави и цел живот насмеани,а мајките понаспани и подослабнати
Девојки среќна нова година и од мене до сите вас, да се множат мамички на темава, и да си разменуваме искуства како и до сега. Јас сеуште не сум породена, за кратко планирам да ви се придружам, а сега сакам да ве прашам нешто, иако можеби е спомнато некаде низ темава ама да не ја читам цела... Бев на предавањата на ГАК,и таму ни кажаа за некои капки кои му се давале на бебчето кога ќе се роди, за плуќата.Му се капнувале во усте. Јас си ги запишав на телефонот,ама ми се избришало напишаното и сега никако да дојдам до таа информација,а сакам да ги купам со време.Ни кажаа две врсти на капки ама ниедни незнам . ако сака некоја мамичка да ми каже,ќе и бидам благодарна.
Прво да ви ја честитам новава година многу среќа, здравје и радост во иднава и што повеќе здраво родени бебебиња. Искрено мислам дека никакви капки на бебто не му се даваат освен Д3 за коски или ако има грчеви јас прв пат слушам за такви капки. Штом детето се роди во терминот предвиден нема потреба од капки бидејќи тоа е способно самостојно да дише можеби такви капки им се даваат на бебиња родени предвеме, јас имам две и не им давам такви капки поточно второво ми нема 40 дена и не му давам тави капки подобро консултирај се со лекар.
Силк мислам дека нешто си помешала Ви кажале за капки АД или Д3 ,а тие се даваат за коски и за фонтанелата,односно како превенција од рахитис.Дали ќе ги одбереш едните или другите капки е твој избор,а на отпусната листа ќе ти напишат од кои по колку капки да даваш.Поздрав и со лесно.
Мамички СРЕЌНА НОВА ГОДИНА, да сте полни со здравје, љубов и мир. Имајте година исполнета со прегратки и бакннежи од вашите сонца. Ние сме добри, дома си бевме за дочекот на новата година и да ви кажам се изнаспавме Во неделата пред дочекот имавме една не баш пријатна случка. Малата спиеше, ја ставив на кревет. без перниче под неа... јас до неа седната но не ја гледав, зошто знаев си спие, и чекам да изреагира некако кога ќе стане. Она во меѓувреме се разбудила и повратила, единствено слушнав како се гуши и се обидува да земе воздух. Кога ја погледнав сфатив што се случило, од она што го повратила голтнала преку носето и буквално се обидуваше да земе воздух. Ја кренавме и ја свртевме надолу, тапкавме по грбчето, 6пати ми смени боја, и мислам дека цела вечност траеше моментот додека да се свести и да почне да плаче. Сега се прашувам дали постапивме правилно, дали требаше надолу да ја свртиме или само да ја исправиме. Сте имале ли вакво искуство или пак можеби знаете некој совет, за вакви ситуации. Сега веќе обавезно на страна ја вртам и на подигнато.
Здраво мамички, ви се придружувам и јас на темата, ве немам читано одамна ама едно мало прекрасно човече ни го окупира целото внимаание. Среќна Нова Година и многу среќни и весели моменти поминати со вашите малечки. Бебушка за дочекот на Нова Година имаше само една недела, се дотеравме во фустанче и си ја дочекавме спиејќи.
Меу врти ја на страна , и мене често ми се случуваше со моево така Си се исплашила знам Мене уште ме држи стравот кога јаде нешто и ке се засркне па ке пребледе ... Ние иначе Новата година ја дочекавме спиејки , не разбудија петарди, огномети и се тоа Па ја презаспав среќа бебувка брзо , и така се на се исто како и секоја вечер ја поминавме
Среќна Нова година и од мене! Ви посакувам само убави работи во оваа година да ви се случуваат, многу здравје, среќа, радости! Сега имам едно прашање... Колку време е нормално да трае жолтица кај новороденче?
среќна нова година за пероблемот ние од едната страна под душечето ставивме ќебе на два пати свиткано така да главата ставај ја на таа страна ке и пиде подигната знаци ке ти дојде малце као на удолница и немавме проблем и да повратесе не и искацашее од носето позз
Прво сакам на сите мамички да им честитам Нова Година, да им се исполнат сите желби и бебенцата да им бидат здрави, среќни и постојано насмеани. Јас како тазе мајка можам да кажам дека мајчинството е најубава работа за жената и мој совет до сите вас е само да имате трпение и се ќе се среди. Моето синче од 2 месеци и 3 дена проаѓа низ сите работи наведени тука па би сакала и јас да споделам некој совет со вас што мислам дека мене ми помогнало. За грчевите мене најмногу ми помага чајот на ХУМАНА од коморача и ким ама гледам што поретко да му го давам, ептен кога веќе позеленува од плачење. Сега пробувам и со природен чај од ким, во 100 мл вода од ХУМАНА за бебиња ставив 4-5 зрнца ким, му дадов неколку лажички па ќе видиме дали ќе делува. За грчевите исто ми помага кога јас го пијам чајот на ХУМАНА и го пијам два пати дневно, сабајле и навечер по 200 мл и редовно се искакува малиот. За мајките што сакаат да имаат повеќе млеко ви препорачувам од искуство да јадете многу овесни снегулки со јогурт и да го пиете чајот за доилки на ХУМАНА 3 пати на ден по 200 мл, мислам дека е подобар од тој на ХИП, а и поевтин. Исто така имам забележано дека млекото ми е погусто (бидејќи некогаш се измолзувам) кога јадам јаткасти работи, како лешници, ореви и бадеми. Си правам и варена пченица и ја јадам и пченицата и водата ја пијам од пченицата која помага за грчеви кај бебињата, а исто е богата со Б-комплекс вит., а можете да пробате и со ленено семе. И можам да кажам дека фенот ми е најдобар пријател, кога некогаш кенка или не сака да заспие му пуштам фенче и веднаш заспива. Или кога ќе забележам дека станува, а малку спиел ќе го пуштам фенот и се доспива уште едно пола саат. Фенот треба на страна да дува, никако во него, а него го заспива само звукот, бидејќи викаат дека тоа ги потсетувало кога биле во матката, а нели во матката никогаш не е тивко, се слушаат сите органи, зборењето и плодовата вода. За доењето му давам кога ќе сака он, не правам ред, а некогаш и знае да поврати, но пак си надокнадува. За доењето можам да ви кажам гледајте да доите на три саати, не повеќе за да имате млеко постојано, а важно и е ноќно време да се дои. За млекото да знаете дека нема ретко или слабо млеко, млеко си е млеко и колку повеќе доите толку повеќе млеко ќе имате. Најчесто кога дојам сум легната, а и он си лежи и си цица и во таа положба ми кажаа педијатрите се одмораат и мајката и бебето, а плус и си гледам телевизија, си чепкам по телефонот и не ми е досадно. И мој последен совет е да му пеете на бебето, јас знам дека кога му пејам макар и некои глупи измислени песни малиот се смирува бидејќи сака да го слуша гласот на мајка му. Ако ми текне уште нешто ќе ви пишам, а дотогаш само трпение и се ќе биде во ред
Среќна нова и од мене мамички само радости со најмилите.. Инаку ние сме супер да се пофалиме си купивме Радосница и преубава е со сликички и дебели страници . 540 ден од Карфур .. уште да најдеме некое убаво пенкало во боја и ќе почнеме да ја пишуваме ..
Koga pocnavte da mu gi secite noktinjata na vasite bebuski?mene mi e strav da pocnam,edno da ne e rano(makar da mislam deka nema pravilo koga da se pocne) a drugo da ne slucajno promasam pa posle da letne kukava vo vozduh( zatoa sto malku sme netrpelivi i nemirni)
Toчно нема правило кога да се почне со сечење нокти. На мојот бебуш на почеток ноктињата сами му се поткршуваа од што му беа меки. Јас почнав да му ги сечам некаде на околу 1 месец, кога почна многу да се гребе. Секако му ги сечев додека спие, оти инаку нема шанси постојано мрда. Или пак маж ми му ги сече додека цица оти тогаш е најмирен.
Маченце она и кога јаде многу се засркнува, ама од тоа отрпнав и не се секирам, ова беше сосема нова ситуација која буквално не извади од памет. Икаме не вадеше низ нос, туку голтна преку носот. Затоа и се задави, среќа што бевме тука па реагиравме, во спротивно не сакам да мислам како би изгледало сето тоа. Се мислам само дали е во ред што ја свртевме наопаку, можеби требаше да биде исправена... како и да е, среќа заврши. Инаку секогаш ми спие на поткренато и свртена на страна, но сега почна сама да се врти и не сака на страна да е. За сечење нокти јас уште кога си дојдовме од болница и ги исеков, а сега сечеме неделно 2-3пати.
Ова ми се случи некаде околу 15 тиот ден т.е една недела откако си дојдовме од болница . спиеше ама и многу повраќаше и ја ѕиркав поначесто . Пеглав и ја ѕиркав на некои си 10 тина минути . Се беше мирно и потоа кога ја погледнав видов како од носот и од устата излегува млеко како вирче а она ги отворила ширум очињата трудејќи се да земе воздух . Тогаш само и ја завртев главата на страна и едната носница и се ослободи почав да ја лупам по грбчето и веднаш врисна тогаш дури ја зедов во раце . Кога се се среди ми се тресеа рацете стоев како закована до креветчето . Кај мене и когае на повисоко ако и дојде да повраќа ќе поврати за среќа повраќањата сега се по оброк и само еднаш во денот