Секое доење ми е таа сцена, и да неам јак млаз појма неам шо прави, она се загрцнува без здив останува, прехалапливи се изгледа
Исто и кај мене мали, до пред некое време правеше така ( а е 4,5м) без воздух остануваше на сред цицање и јас ќе му дувнев малце и поминуваше.. И јас го препишувам на лакомост тоа
Дефинитивно си е прелаком, уште од раѓање така цица се заикнува дури. Мислев да не има некоја финта… @NNK19 како му дуваш, што помага тоа?
Да мила све е во ред има задршка на гасови и тоа му отежнува да се искака, све убаво го прегледа ми кажа некои пози и масажи како да му помогнам да се олесни и капки еспомисан и колиеф заедно во комбинација па денес одма се искака се испрди до гуша лом Али и олесна.. @1209 да и во скок сме тоа нахнадно ја отежна работава
Во лице по малце, па престанувам па ако уште не земал воздух пак по малце дувам.. ваљда ме разбра Дувам ко цигара кога пушам
Е вие добри сте, нашата има биоенергија и ги лечи со биоенергија кога се болни, ги држи за раце и нозе. Некни дете повраќа и доктор рече лекот строго со 3 голтки вода да се испие после да не пие 1 час, она запна цела чаша му даде и поврати нормално. Многу е добра и многу ми помага, ако не е она не знам што ќе правам, ама понекогаш е малку терсене. Кога се болни децава се буди некој порив во неа и нема застанување. Бебе мое не е утрински тип ич, не може да се смее насабајле и крај. Али па деновиве е ужас. Ќенка, вика, урла, плаче и нон стоп на цицка како новороденче. Од антибиотикот кака нон стоп па си мислам или порани скокот или има мака од пеницилинот. Наутро без 3 пелени за 10мин не сме. Стана кај 8 и до 10ипол не заспа, од 10ипол до сега е спиј, стани цицни, презаспи. Се надевам ќе поспие уште малку да извежбам.
@Bella_Stella и мене неколу пати така ми се дави навечер, со премирање, тапкање, повраќање низ нос и уста, па дури морам и со аспиратор и физиолошки да влечам за да продиши нормално Не да ми крати живот, него не знам кај терам после тие сцени. Откако ќе ја смирам и осигурам дека ќе преживее, телово го осеќам уморно ко бавча да сум копала. Да се живи и здрави само, нашето се знае Кај мене една од можните причини е лоша позиција на доење. Исто многу лакомо цица, навечер имам посилен млаз и пополни гради затоа што цица на подолги интервали за разлика од преку ден кога цел ден ми е обесена на цицка. Претпоставувам дека лакомоста, млазот и мојот умор накај 5 сабајле што води до лоша позиција на доење е причина за тоа. Само тогаш се случува и не гледам друга причина. Во дневна ми е многу поудобно на пример, а во спална ми е проблем малку ако не ги наместам перниците како што треба. Дури почнав да размислувам фотеља за доење да набавам.
И ние почнавме со пробување храна, морковче беше прво и решивме купечко, нешто што имаме дома насадено ќе земеме од дома. Колку стојат во фрижидер кашичките што се отворени? Од кога ќе проба 2 или 3 дена од продуктот, кога да почнам да и зголемувам? Кога ќе почне оброк да има? Зошто лаком газ е сакавме две лажички она може изеде и 5, прифати супер дури и ја дадовме лажичката си ја лижеше ( најголема причина за да почнеме беше дека е заинтересирана многу за храна). Ако нема реакција на морков и следно брокули, дали можам да и зголемам количина на микс нивен? Или ошто не се зголемува до пдреден период, кој е тој? Луѓе многу било мерак бе кога ти јаде детето, не го сфаќав тоа до сега кога ги слушав Во случај на запек да и воведам слива/крушка или да дадам пробиотик?(и откажав пробиотик и капки за грчеви, грчеви снема и си кака редовно секој ден два).
@gothchick , на купечките на секоја пишува колку дена може да се користи. Од тоа што имам јас дома на овошните најчесто е до 3 дена. Зеленчуковите следниот ден. За слива прашав и во другата тема. Мислев во првите е. Во табелата за дохрана ми ја пишува 6+ месеци. Немаме воведено, засега нема запек, па ќе почекам со тоа. Друго, до колку месеци после доење, пиење млеко се држат исправени бебињата? И следно прашање, бебе користи Babytol D3+omega. Ако од 6+ месеци земеме Mollers, дали таа омега ја заменува оваа во Babytol? Па на пример само Пливит повеќе капки да продолжам?
@Miss_S Јас за Молерс и Пливит Д ја прашав педијатарката пред некој ден и ми рече дека малку ќе им биде дозата, ќе треба дополнување. Така да, мислам со бејбитол ќе си тера моето до кога е потребно..
А во позиција да е легнато на кревет? Јас ако ја држам пример во раце дневна на кауч или во спална на кревет, жива нервоза е, никако да се намести, ако легнам или седнам на стол тогаш ќе се наница убаво ама се дави секако. Јас ја ставам врз нозе со мешето и тапкам само убаво главчето и го држам.
Сум пробала легната ама кон крајот се успива и продолжува да цица, а слабо голта и знае да се подзадави или брзо да се разбуди пошто не и е убаво спуштено млекото во желудник. Моево и имаше проблем со рефлукс и морам после доење да ја држам 15-20 минути подисправена инаку ќе избљуца и ќе се исподави. Кога заспива при цицање најлесно ми е да ја ждригнам кога е легната кај мене на гради, се потпира со стомачето и убаво и се исправа грбот. Изгледа сите си се свој тертип, дури се научиме малку коса ќе ни побели ама тоа е
Хахах ние имавме со првото проблем со рефлукс и тоа огромен и те разбирам.. маки ајде ќе пораснат хаха сега не се знае глава кај ни е
Бебчето ми има 5 месеци. На ортопед втор пат го носам и докторката вика колковите се супер, ама јадрата не се оформени. Му правам вежби, се како што треба. Од д3 му давам на бејби тол, сеа ни ги смени со солдевит д3 од 1000
Моето строго легнати цица навечер оти онака нема ни да заспие, многу е љубопитен сака да прати се што се дешава. Инаку моето на премин ад, доење ми повраќаше многу и се давеше, деновиве само цица не давам веќе АД, ми скисна, нека се научи само на едно оти вака нема ред, ни знам колку е најаден ни дали е гладен ништо. Ако видам дека не напредува со доење ќе сменам само на АД и тоа е тоа, не се мачам веќе, ни него ни себе.
Бебитол 1 капсула е малку, нас ни рекоа 1 капсула и 2 капки пливит. Додуша ние имавме на 2ипол месеци јадра и топ агли, ко за атлетичар иден.
Баш истите причини мислам дека се и кај нас пресудни за тоа што се случи. Мене еднаш претходно ми се подзадави исто на ноќен подој ама тоа беше ништо во споредба со ова вчера. Буквално ми се скрати животот. Инаку оф топик, последниве два три дена има баш изразени грчеви, а демек почнав Инфакол да давам. Место да поминуваат него му се интензивираат. Не сум паметна веќе, сто вида на капки пробав. Маж ми вика од кои осеќаш најмногу ефект, а јас од ниедни не осеќам. Нешто што сменив последните денови е пробиотикот. Земав Ваја зошто Диа Стоп ми одеше на нерви не капеше како што треба шишенцето, а и да пробам други де.
Од каде земаат крв на тримесечно бебе? Глава или прст? И кога давате прв пат крв за проверка? Кај мојата матична пракса е трети месец, а мене некако бааги ми се чини, ниеднаш до сега не е проверена. Скоро дваипол месеци сме.