Од прст. Првпат на еден месец му земаа крв. Следно јас си побарав сама на трет месец и сега на четврти месец поради вакцина.
Дали е задолжително крвна слика да се прави пред вакцината? Сега треба да ја ставаме првата што се става меѓу втор и трет месец. Денес бевме на преглед, докторката рече дека е здрав и може да се вакцинира и не ни побара крвна слика да направиме. Планирам следна недела да го носам, дајте некои препораки, што да очекувам и како да се понашам после вакцинирањето.
Нас ни бараа крвна слика. За ротата ќе пазите една недела со пелените. Нас ни рекоа ако се јави потечна столица плус уште еден пробиотик да даваме. Сега давам Биогаја, и плус диастоп ако треба. За шестовалентната во бутче ја ставаат. Антипиреа лепенки да се лепат 24 часа за да се лади местото и ефералган сируп ако качи над 38.5. До 38.5 туширање и расоблакање. Можно е да се покенкави од вакцина, помалку или повеќе да јадат и спијат. Ми рекоа и почесто да нудам града деновите после вакцина.
Тука не направија, не знам дали во мк е задолжително. Како најпресно вакцинирано вчера ќе ти кажам спремај се дека може да биде многу вознемирен и цел ден да бара да цица и да е држен, моево два дена од раце не сака да се тргне, а секое земање и спуштање е врескање максимално. Имај парацетемол оти моево качи 39тт дури и со 3 дози парацетемол, може да има дијареа од ротата и да повраќа, моето малце повеќе какаше ама не беше дијареа, местото ќе биде болно па јас ладам памукче со вода и му ставам. Ние два дена веќе полудевне, каде и жешко тука, собата ни е сауна, на запад со големи прозори, клими во Лондон нема никаде, вентилаторот ништо не врши работа само како бел звук служи, вчера вриеше дете, пола ден во купатило го поминав дека најладно, во глобал мачно помина прва вакцина.
На нас не ни бараа, сами правевме иако мојата матична не гледаше потреба за тоа. Така беше за сите вакцини. За првата беше ок, за втората или третата не вратија, нешто му беше минимално накачено. Инаку секое дете различно реагира. На пример син ми сите го помина одлично, без најмал проблем. Ни темп, ни ништо. Имај при рака парацетамол, тоа мора. Јас му ставав од оние ладни лепенки на боцнато место, ете да го разлади. Таму носев звечки и слични играчки да му држам внимание, зошто некои од нив го боцкаа како да е магаре, а не мало бебе.
Кога сме веќе кај крвна слика. Јас досега не сум испитала на малава. Сам ке ми каже докторот кога или јас си барам? Како иде тоа...
Кај мене беше поспана, после првата рота т.е 3 наеднаш цел ден спиеше. Ја будевме или во спиење стававме шише да пие млеко, да не е гладна или дехидрира. Температура не крена, меѓутоа од 6 валентната имаше големо црвенило на нога и покрај лепенките. Ги менувавме почесто, да е повеќе ладно на местото. Следен ден пак беше кенкава.
Не можам да најдам соодветна тема, па ај тука ќе прашам. Тие што не доите од х причини, дали ви се случувало да ви прокапе млеко од градите и до кога? 4 и пол месеци по породување, овие денови знае да ми капе де од една, де од друга,а месец и нешто после породувањето немаше ни по 10мл кога молзев. Што да направам за да престане?
Здраво мајки Сакам да ве прашам дали на вашите бебиња им давате пробиотик ( моето има 1 месец и му давам од 8миот ден) Ако им давате во кој дел од денот е најдобро да се даде?
Мајки, Каде може да најдам шпихозни со патент? Дали сте задоволни од бебешката облека од Sinsay, Waikiki, H&M и Zara? Предложете некоја друга продавница..
Иста ситуација со моето. Лакомо цица и неколку пати на еден подој знае да се закашла со губење воздух. За 10 минути е нацицан од шо трга силно и брзо.
Од Carter's јас купував. Доста се квалитетни и не се кинат како останатите. Во два правци се движи патентот.
@elenaklasik ми избега твојот пост па вака да те тагнам. Добродојде назад, јас активно те читав претходо и приметив дека те снема, немој да ни бегаш повторно… Можам да те поканам на кафе како пресна Охридска снаа со месец ипол старо бебенце -ќофтенце
Јас имам синсај и сум презадоволна искрајно ги купивам кога се по 100/200 денари само пази има некои и крути тие не ги зимам, од вајкики исто имам и многу ми се погодени.
Со патент од Картерс имам само. Гледам и Ваикики почнаа да вадат по некој модел. Зара боденца имам само и се со добар квалитет. Х&М имам повеќе парчиња и сите се со различен квалитет, треба да внимаваш. Еден пет делен сет скроз лабав памук е и ми се развлече. Има едни Miniworld мислам дека се турски, 2-3 пара шпикозни имаме добиено како подарок, преубав квалитет.
Мене најубави со патент ми се на Carter's а од нив има и во Софиленд во Лептокарија. Дали сега ќе најдеш таму не знам, кога бев летната колекција им беше наредена. Во Kids plus (исто Лептокарија) земав убави панталончиња на попуст.
В Шпикозни со патент имаме од ваикики и многу ни се погодија. Од овие дуќани што ги пиша само од синсеј прекинав да купувам, многу ми се крути, ретко нешто меко да најдам. Бодиња купувам од зара, најдобри ми се покажаа тие како на преклоп што им се, има во сетови по 3, кратки, долги. Исто нарачувам од georgekids на инстаграм кога не ми е итно, ама алиштата од george многу ми се упкаа, и шпикозните и бодињата, па сега земаме на брендот next и засега ми личат поквалитетни, а и дезените ми се ептен слатки. Останато најмногу купувам од окаиди, по нешто од енцименци (претежно обувки и шпикозни на chicco), ваикики и од hellobaby во новата зграда до вероџамбо. Исто некоја членка ти имаше пишано од miniworld, и нас ни донесоа поклони и многу ми се бендисаа, па сега си земам и од нив, ги има во лококроко и доста се евтини.
Мапет само да купиш 3 броја поголемо за да го носи одма, и тоа е ризик, не им се бројките добри. И се собираат премногу. Нарачував редовно ама повеќе не, бебе има 5ипол месеци алиштата за 9 до 12м нема да му се точни зошто се собраа многу. Синсеј имаат топ квалитет за цената, значи вака само по себе не толку ама за цената квалитетот е ок. Имам и од Вајкики одличен квалитет ама цените им отидоа малку во плафон.