Исто, па се нервира оти има полна уста, и тече од страните и прави пауза секунд и пак почнува со тресење додека најде кај и е цицето. Зара за шетња се повеќе ама шо е ова со колекцијава плетена не знам.. имам едни пижами само, ништо посебно. Х&М зависи кој матријал ќе купиш, има од оние ептен лити што се пижамчиња, ужас, а комплетчињата за шетање добри ни се.
5 скок увелико, мамооооо.... трет ден не е застанат со ќенкање, нон стоп. Ми се плаче! Лиги до колена, блузи почесто од пелени мењам. На јадење кога ќе му текне дека не му се јаде повеќе почнува да се глупира, да плука со прдење со устата, да пика рака во устата, да се буни... он си сака да си јаде, ама сака зеленчук, овошје послабо. Табиет леле мајко. И ми текна дека и големиот на овие месеци слични заврзлами праеше. Забавно у секој случај.
Мајки, како чистите играчки за бебе што се става во уста? Ајде плишаните ќе ги исперам на 30ка, ама овие комбинирани што се плишани со тропалки што да им правам? Да не има некое средство за прскање?
здраво женски. термин ми е септември, голем дел од работите што ни се потребни ги купив ми недостасуваат следниве, па сакав да чујам мислење од продукти кои што сте задоволни и секако совети се добредојдени цуцли/шишиња немам ниту едно сакав да земам на бибс, а за шишиња кои препорачувате? марама за носење, дали е реално потребна, дали сте од некоја задоволни? кенгур, дали е потребен, од кој сте задоволни? стерилизатор на шишиња греач за шише гумени/силиконски прибори за јадење што се friendly за машини за перење садови фала ви многу!
Стерилизатор не ти треба ако имаш машина за чинии. Јас имам марама и со првото ја искористов ептен, посебно пошо беше јануар родена и ладниот период си помина таму стуткана, во корпа од количка не сакаше да чуе да се вози. Кенгур користевме после 3 месеци на напред кога гледаше, сега со второво оти потопло ке фати, ќе земеме кенгур за да не зоврива надвор бебе во марама. За прибор за јадење имате ехее време, доколку планираш доење нема да то е потребно греач за шише, нити многу пари да фрлаш на цуцли и шишиња, а тоа највеќе ќе то покаже бебе кое му одговара, не сум искусна со тоа ама мислам дека по тоа што читам дека не секоја цуцла или шише го прифаќаат.. ти треба пумпа за измолзување ако немаш на список.
имам пумпа, ќе ми позајми другарка со тоа што одредени делови треба да заменам, за да биде нели сепак хигиенски и за да можам да ја вратам после одреден период. за јадење знам дека е далеку 6+м меѓутоа додека има попусти низ градов да земам. марама знам има во elo design и кул принтови, а кенгур знам исто дека е за поголемо бебе ама луѓево сакаат да купуваат подароци па да знам што на кого да давам.
Има кенгуро што се од 0+ со држач за главчето, некои се за над 3.200кг некои 3.500. Само треба да се види дали имаат опција и да се користат после тоа за бебето да може да гледа на напред или не.
Кенгур имаш и за 0+ и сега на топлово јас би ти рекла директ тоа да купиш. Моево не прифати марама, со кенгурот сум раат, го користам веќе цел месец, дома, надвор, да завршам нешто, полесно ми е од количка и си шетаме често така, ако сме некаде во близина. Него луѓе дајте ми ум не знам што да правам, нели реков бебето ќе цица, не му давам шише ама многу му е мака со цицањето, на левата града како да немам млеко воопшто, смока, а не голта ништи, на десната кога го стават цица активно, некогаш цица цел саат и пак е нервозен како ненајаден, ќе му дадам шише и ќе го испие цело 150мл што значи не цицал, и ве читав велите млекото шприца кај вас, јас кога стискам само млако тече, нема шприцање, а цел ден е на града му нудам постојано за да се зголеми млекото демек. Сега веќе проблем направив што не сака ни шише, прво ќе го ставам на града па додека е внесен менувам шише бутам па додека го исправам цела процедура. Вчера вода течеше од мене додека да се нараниме, не мочаше скоро цел ден, уста сува, а цело време на града, плус со тт, се исплашив дека дехидрира дете. Денес е добар ама пак така нервозен после цицање, не ми личи на најаден. Дајте ум што да правам ептен сум во мисла.
Мами одлучи се, шише или цице пошо , тотална збунка има бебе според мене. Едно од тие две дечкото решил да одбие. Ако се одлучите за цице, нема повеќе нудење шише, фокус на молзење, храна/пијалоци кои зголемуваат лактација и бебе нон стоп на града за да ти се врати млекото. Иначе, како поминува врмето, така и ќе прекине шприцајндто на секаде, ќе произведуваш млеко онолку колку што ќе можи бебе да исцица. Прати како напредува.. ако не напредува ок, ќе прифати шише па што сака нека е, не можи да седи гладно, на крај од некое шише ќе почне да влече. Ако се одбие, никому ништо. Пример моево нема појма ни како се влече од шише, ако снемам млеко тоа е, ќе прифати некое сигурно, со маки ама ќе прифати. За тоа немај гајле. Ако ужива сега со доење, продолжи само со доење ако и ти така сакаш, пошо те читав пред некое време.
Знам дека е збунен, затоа и решив да го тргнам шишето оти гледам дека сака да цица, мојата желба секако ја потиснав јас, он ми е побитен ако ужива, ама ми е страв дека е гладен оти константно е нервозен и после јадење, а пример кога пие формула после тоа одма заспива како пијан е, после доење не е така. Ќе земам чај за лактација, пробав да се молзам ништо не излегува одвај по 20 мл. вчера му дадов и формула оти се исплашив да не дехидрира. Го мереа пред два дена, ќе пробам цела недела само да дојам па ќе го измерам пак за недела време и ќе видам според тоа. А тоа што не шприца сега е зошто има онолку колку пто му треба или од што немам млеко? Јас не се сеќавам никогаш да шприцаше кога стиснам ни па онака сум сетила да ми тече пример кога он плаче или сл.
Ајде! Ќе прајме една кафе-латте дружба Нека се расчисти небо, едно сонце да пукне салам и се бараме. Не бегам сеа, ќе замарам во темата за деца, спиењево на бебле го надминав
Ви се гребат ли малите по лице? Што да направам да не се копаат околу очи? Кога им се спие деновиве, се мачат, не сакаат да заспијат, тријат очи и се гребат, од памет се вадам, око ќе истераат. Ноктиња исечени, ама пак остри, матичната вика колку почесто им сечам, толку поостри, веќе не знам што да направам.
Систем за релактација, побарај таму сигурно е поефтин, ем ќе добива млеко ем ќе цица ем нема да се мачите со шише и ќе зголемите лактација. Пробај те молам, ќе видиш ќе се спасиш.
Ме уништи денес, брадавиците ми горат. Цел ден на цицка. @Alexandrite сестро слатка кога ќе помине кажувај
Што да те утешам, кај мене од раѓање е во скок и не е излезено. Вчера се израдував затоа што седеше во количка без да плаче и да кенка. На крај со маж ми, кога стигнавме до влез, се гушнавме и плакнавме од радост. Се запрашав дури каква глупост ми спрема универзумот после ваков третман. Ако е поради цицање само, тоа барем станува подобро. Сега само за заспивање го бара. Преку ден не му ни давам, не ми ни бара.
А што е тоа Ангел? Јас чај нарачав и пијам многу сок од јаболка ако помогне тоа. Друго пример во случај на ексклузивно доење што правите ако сте надвор од дома и мора да го оставите бебето на подолго, во случај да не сака од шише? Зошто сега во август сум на свадба на најдобра другарка и за свадбата не ми е страв пошто се близу моите ќе го донесат ќе го нахранам во кола, ама за моминската ќе ме нема скоро цел ден, на планина е, не сакам да ја испуштам, а не можам да го земам со мене, мм ќе го чува и мајка му ќе е таму ама мора шише, како да направам, или ако огладне ќе пие и од шише? Извинете за глупите прашања ама малце доцнам со доењето и сум целата збунета.
Цуцли за почеток имав Бибс и Нук. И двете ги прифати, а сега и Авент цуца. Шише имав само едно на подарок и не купив друго и ете 2+ месеци не ми притребало зошто само дојам. Ако ти притреба секогаш можеш да купиш и стерилизатор и шишиња. Ако планираш да не доиш се што ти е наброено ти треба од старт. Прибори не ти требаат уште сега, далеку сте од нивна употреба. @1209 мајка биди упорна само со града. Дури и да мораш некогаш шише нека биде тоа твое молзено, не адаптирано зошто така ќе стимулираш лактација. Една од причините што немаш многу млеко е најверојатно тоа што не е на ексклузивно доење туку даваш и дохрана. Јас ништо посебно не правам освен течности што се трудам да пијам, ни чаеви за доење ни ништо и имам млекце ама тоа дека од старт сме само на доење. Зголеми јаглехидрати, јогурт, леден чај, бистар сок од јаболко, вода и биди упорна со стимулација, ќе се зголеми млекото.
Мајки како се справувате и третирате теменица? Не знам дали ни се појави она класично, како шо гледам слики по нет, ама ептен му испука главчето и гледам почнуваат да се ствараат како лушпи, не е она жолто баш како шо гледав дека изгледа… Преку ден денес го намачкав со Weleda масло и малку Јекодерм (мириса малку јако ама Јекодермот ама си реков ќе помогне), сега на капење ја купив една пена за теменица на Mustela и после капење пак му ставив од маслото на Weleda… За колку дена ќе помине?