Нее мојов презафатен е да се сврти кога го викаме, уште па ако сме надвор во паркче се прави не се знаеме стави ѝ лево десно играчки што сака да ги фати, ама надвор од дофат малку за да се врти, штом на страна се врти јас мислам блиску е да почне на меше
Како за истото бебе да пишуваме Вчера се заврти настрана мојава и потоа одеднаш се врати на грб, мислам толку стресно тоа го доживеа, плачки еден тон. Инаку дали си го знае името или не, не знам битно кога некој зборува се врти кон гласот.
После 1г за пиење, а за ферментирани производи после 8м мислам беше. Што ќе му е на бебе кравјо, не е теле, бебе е, за бебе има мајчино односно формула ако не цица, вака и кажаа на една мајка која лежеше со сестра ми и внука ми на Гастро пред 8г бидејќи бабата го наранила бебето со кравјо на 2м и имаше пролив.
Мене не ми пама, ама за тоа штом се породив ми се смени комплетно цело влакно. Многу ми е сува, претерано сува и како дива ми стана. Не знам зашо вака ама страшна ми е, ко метла на глава да носам
И мојата исто, кожата исто така, а имав мрсна коса и кожа нормална, секогаш ми беше како хидратирана и сјајна на лице и тело, сега ми се перути дури и ме чеша, ужас.
Да пријавам иста иста ситуација кај нас. На цице сака на час и половина до два. Брадавиците тамн малку се смирија, почнаа да ме болат пак ужасно… Ваљда во скок сме и ние… Тешко заспива, неможе да се задлабочи во сон, сака да го нишкаш за заспивање ама не да седиш и нишкаш туку да се движиш, па ново му е исправен да го нишкаш да гледа и така да заспие, 6 недели сме, а веќе ме работи како бавча
Истоооо, кожата од комбинирана ми се претвори во сува, косата сува, јас сува исушена ослабната од доењето, не спиена салам, на човек не личам…
Лајкот е за подршка Јас не сум ослабена, само тоа, ама лицето ми е изморени, испиено и со брчки кои ги немав предходно. Треба да се исчупан и да издепилирам мустак ама и за тоа нема време. Синко пак не мочал ноќеска, цели 7 саата спиеше без будење и без да моча, мислам де разбуди за цицање ама пак не мочаше, сабајле едно тргање пелена направи фонтана. Изгледа од жешкото е, повеќе се хидратира.
И мене ми се исуши, како се породив уште во болница, барут сува. За кожата ја истретирав со пилинг мастен, од Стокомак го зимам, многу ми е убав, на база на маслиново, шеќер и арома на лимета е. Како ја средив ми се врати стариот сјај. Мислам дека таа сува мртва кожа мора да се отстрани. Косата прекина да паѓа ама ја шишнав добро. И не е скроз прекината, пак си паѓа, ама помалку. Почна да паѓа некаде кога имаше 3ипол-4 месеци мислам.
Што да се прави со овие грчеви? Она уствари цело време плаче од нив... Што ви помогна и дали воопшто нешто помага или едноставно да се молам да поминат овие 3 месеци? Нозете целосно ги грчи и неможам никако да и ги виткам и да и правам вежби, целосно е згрчена. Кака, прди ама кога тоа го прави многу напор дава и плаче. 6 недели сме..
Мора да чекате да поминат, давај капки, топла пелена, дувај со фен на мешето и чучеви гушнати силно подобро на голо. Кај моево траеа кратко, 3-4 дена, ама ова малце помагаше.
Исто и јас одвај чекам да поминат, мојата е 2 месеца, нема колку на почетокот ама пак има, исто е и она се грчи,прдка, на два-три дена кака, и само на цицка е,збесната сум, батковците одвај ги гледам од неа,дома ми е бомба и така забавно
Според ново, кравјо до 2г не се воведува, мојава не пие млеко ама пример мусли или овесни кога правев беше над година дена. Вас ви е прееерано, бар 8-9 месеци нека има. Види прави со козјо од тетрапак, воопшто нема јак вкус.
Porodena sum pred 10 dena prirodno imam proliv dva dena dali nekoj se soocil so istoto i ako da sto mu pomognalo
Мајки имате пробано Бејби Спа? Гледам во последно време на многу места низ Скопје отворија, ми изгледа интересно. Ако имате искуства споделете