Има ли шанси скокот да дојде порано па да се спојат 4ти и 5ти?! Од бебе бубалче стај го заборај го стана невозможен.. не може ни 5 мин да седи сам, се успиваме по 20мин а дремката му трае 10мин, нејке ни да седи ни да лежи ни во раце ни цице.. цица по 2-3мин па нервозно се фрла наназад, нервозно ги џвака рацете а и да го доближиш до лице мислам цело лице ќе ми го изеде заплакува на сред спиење значи буквално ќе полудам Не знам дали е скок, дали заби , дали се заедно ама не се издржува ова.. волку не беше плачко грчеви кога имаше
I am not alone! Ау, страшно е ова. Јас понервозно бебе немам видено. За спиење не ми се пишува од што благо трагична е ситуацијата. Ноќно спиеше од 7 до 1, јадеше и НЕ ПРЕЗАСПА до 3ч. Кенкаше, плачеше, ќе го срушеше креветчето. Вака на допир непцата се ок, не знам дали да почнам да мачкам или е скок. Што и да е, побудалување е.
Тука е поактивно и тука ќе прашам Доволен напредок ли е 600г за 20 дена за 11 неделно бебе? Докторката баш беше покер фејс не можев да дешифрирам во граница на нормала ли сме.
Испазарено во ДМ, Кам и Тинекс, да ме видевте со количката натоварена ќе ми речевте оваа не е нормална. Иииии бебе рикна, вика колку го држи глас, урла, да го земам количката се превртете стркала по земја се... ајде собрав работите, на бебе дадов Софка (која бајдвеј ни е втора по ред јер бебо една изгуби а без Софка дома не е едноставно), на бато пелените да ги носи ( Пафис 2 пакувања) и фатив бусот. Се одра! Му се спиеше ама и му се цицаше, цицна дома и заспа, стана кукурек. Не сака да доцица да се успие, да турам јас ручек, да распоредам работите и да се спремам за на родителска, сака да се тркала по спална. Е сака ама нежно е и одма цел се црвенее од чаршафот, а не седи мирен на едно место да постелам, си шета чоекот, на 2 дена да мењам постела треба. Му направив во креветче ко гнездо од ќебе во навлака од јорганче, така поголемко, да му е демек удобно, пффф... Се изгриза, а од цуцла се откажавме дека ќе цуца. Шишето вода крвнички го гризе. 5 скок маме ми расплака.
Мајкии имам бебе скоро 2 м цица полни пелени и спие ноќе, но и преку ден многу спие, скоро цел ден тоа што е будна цица и плаче, вака да седи будна да гледа воопшто скоро. Дали имам причина за грижи ?
Не, тоа и прават на месец дена. Треба да се сеќираш ако не спие, вака уживај. Баткото ми беше вака мене, бебе имаше на 2м будни прозорци по 45мин некогаш.
Бебето ми е 4 +++ на почетокот сакаше цуцла, лажливка веќе подолг период одбива, но сега почна и шише да одбива и не може да пие ни чајче, почнавме со вкусови и водичка давам едвај со лажиче. Имате искуство како да не се одвикне од шише? Сепак ќе треба да пие сокче, вода. Иначе на доење сме
Моето еве има 14 месеци па никогаш не проба ни шише ни цуцла. Вода шие од цевка или од обична чаша, така да немаш потреба да се грижиш.
Супер ако се одвикне од шише. Засега со лажичка, понатака од обична чаша. Со шишиња, а особено со сок во шише само проблеми ќе имате понатака.
Бебево мое има 5 и пол месеци и од пред некој ден навечер сака да спие на стомак само си се мести така многу ми е страв дан се задуши некоја со слично искуство валда големо е си знај како треба.
Следи го една вечер дали главата му е настрана кога спие на меше, иначе мислам дека нема проблем, и бебо мој почна на меше да спие ама главата му е настрана и ја врти кога ќе се разбуди. Веќе се свесни и баш подвижни така да не би требало да се задуши..
Моето почна на стомак да спие од пред да направи 4 месеци, тогаш почна само да се врти од грб на стомак. И јас од страв дежурав некоја вечер дури и го враќав на грб, ама се лутеше и си се враќаше на стомак. Педијатар и ортопед прашав, ми рекоа штом сам се врти да го оставам. Ако има сила да се сврти, има и да ја помести главата ако заринка во душек Од тогаш па навака строго само на стомак спие, 7 месеци има сега.
Здраво, дали сте се соочиле со течна столица (како пролив) и што сте користеле како сте го регулирале? Бебето ми е скоро 4 месеци и последниов период столицата му е течна, еднаш до два пати на ден кака меѓутоа течно како пролив.. моментално сме на аптамил