Мајки ај хелп. И правам пире на малава т.е варен компир и блендиран. Ама пошто така не го сакаше никогаш и ставов малку сол ( сите викаат не ,може грешам незнам еве кажете ми). Јадеше и после некое време почна да праи фаци онака како да се мршти од кисело. Не беше премногу солено беше таман . Сега заспа и во сон истата фаца ми ја напраи. Нешто мења ,или од солта можда е?
Јас не би ставила сол, и моето не го сакаше компирот чист со млекце ич ама во комбинација со морков, тиквичка, брокула пробај нешто.
Во неделата имаше висока температура и вечерта му излезе ваков осип низ цело тело. Почнав да го мачкам со една крема што ни ја даде педијатарот, ама уште повеќе почна да му се познава осипот.
Препорака за заштита од инсекти\комарци а да не е со мачкање или спреј? И препорака за после убод од инсект? Ние почнавме со храна ама ко баксуз земен е генот на тато и се мачиме со алергии. Прво морковче излезе алергија кај вратчето па очите и кивање, кашлање. Со сируп се среди бевме на итна на детска во државна, брокулче ист проблем изгледа ќе биде изби еден плик сега за сега. Не се домашни и не се прскани туку готови кашички. Да не и е уште рано па телото да и отфрла, не е можно да е на све алергична иако цела фамилија од едната страна е со алергии, секој на различно. А бебево ми ужива во храна, замижува од убавини. Друго бебе после вакцините (поминаа 2 недели) цело време ми е поспано и спие. И тоа го препишав прво на вакцините, па на алергија па на сирупчето. Ама ме секира, кога е будна е весела се смее и закача ама издржува пола саат после јадење и пак вришти за спиење. Имате такво искуство за бебе 4++? Скрос исто, ми беше и на мене страв ама се лути кога ја местам на страна и ја оставам.
Ист бренд кашички? Да не е до тоа. Смени производител. Не може баш на се да е алергичен. Сол до годинка никако! Извини на извичник, ама ако нешто е штетно до годинка, солта е. Додавај млеко, додај некој друг вкус, ама сол никако. Јас со големото кај што нејќеше додавав јаболче, пример јадеше карфиол, морков и јаболче, се давеше во тој вкус. Малово сака помалку слатки вкусови, повеќе е по "соленкото" односно зеленчукот, ама рано е да кажам.
Сол не. Мешај го компирот со нешто, ама не го блендирај затоа што како леплив станува. Ретко кое бебе сака само компир да јаде. Ни јас не би јадела.
Со првото дете знам компирот никогаш не го блендирав се правеше како гума а и општо совет ти дсвам пасирај подобро само а сол никако уште од сеа до година.
Мама ај натисни со чаша и види дали ќе исчезне осипит на местото каде што притискаш, вака со температура и осип ја не би да си играм, нејкам да те плашам, може не е ништо, ама кога излеговме од болница прво што ми напоменаа ако качи тт да внимавам на осип, пошто беше со ризик за менингитис. Знам дека звучи страшно и сигурно не е тоа ама за секој случај види. Ако не ме сфаќаш како со чашата, види на нет, глас тест менингитис.
Каде има од оние како ракавички со гума горе... цело време бебе е со палецот во уста па сакам да му ставам такви на педијатар ни посочија дрка нр е убаво да цуца палец
Колкаво е бебето? Да му кажете на педијатарот дека тоа се вика орална фаза. И дека е пожелно да се јави кај дете, не треба да ја спречуваме.
Педијатарот да земе дипломата у вц да си ја стави. Цицање палец не е здраво, ама развој на дете да сопираш па здраво е. Плус у тоа гумите да му седат раце на жешково, да се нервира, не смука раце тоа 5 минути, смука кога му доаѓа, може и цел ден, цел ден ли ќе седи со ракавица гумена на раце.
Убаво си знаеш, бебињата така спознаваат што имаат, рачиња, уста и сл и не треба да се спречува, мене татко ми ме замара цело време да не ми давам да ги става во уста, не разбира човекот дека тоа е застарено мислење кога им велеле да не дозволуваат ние да ги ставаме. Остај го детето нека ја помине фазата. И моево е со рака го уста цело време, го оставам. Него го мерев денес и за недела дена има качено само околу 100гр, беше само на доење, испадна дека изгледа стварно немам доволно млеко, сум си го изгладнувала детето, се нервирам сеа.
Не се нервирај. Битно напредувало. Во просек 14 грама од ден што не е идеално ама не е ни малку. Иста ситуација имав, на 2 пати. Еднаш ми напредуваше само по 8 грама на ден, втор пат по 18. Не се откажав, продолжив да ја дојам и да давам плус дохрана. Сега сме на доење и 2 пати во денот ад. Сега за сега супер ни оди. И ми одговара вака да функционираме, да имам опција шише, а и да си ја дојам што ми беше огромна желба од старт. Плус секое дете напредува со свое темпо, така да без нервози, терајте како ви одговара и на двајцата. Мене течности и чајот за доилки ми помогнаа доста.
Ако е гладно нема да помине незабележано тоа, ќе си покаже детето, не само килажата. Не се обвинувај, ќе се стабилизирате. You got this!
Мајки ставав Канестен една недела по препорака од доктор, но ова остана. Рече дека е габична инфекција дека постојано се лигави и е влажно местото. Што мислите, да не е дерматитис? Што да ставам?