Не и нема да почне во блиска иднина, освен ако не се одлучам за тренинг за спиење. 5++ месеци, најмногу сврзува 5часа и тоа е тоа. После или не презаспива 2ч или заспива па се буди секој саат и секако 5ипол 5 и45 будење. Не знам што е тоа после 6ч да станеш. Научна фантастика ми се бебиња што спијат цела ноќ. Не знам дали ќе го доживеам тоа
Примена прва боцка и мајка плачеше повеќе од бебе. Како што е мирен и не пушта глас срце ме заболе кога викна да плаче. Сеа како да мерам температура, колку често и каде, под пазуви, анално? Пред малце измерив 36.2, нема ама и сигурно е рано да покаже било што. На ноџињата ставив лепенчиња што ладат. Он е вака добар, јадеше, се смешкаше и заспа. Колку денови треба да мерам температура? Ако имам потреба за сируп купив парацетамол, докторката рече 3-4мл на неговата килажа (5300гр), на 4 саати можело да се дава. И чепчиња ми спомна ама јас не земав тоа зошто веќе имав сируп, ако недај Боже има потреба ќе земеме.
Бебка има шлајм заглавен негде во грло. Носето и е чисто, ставав физиолошки и влечев со аспиратор ништо не излегува и нормално дише. Ама ја мачи тоа во грло што и е. А ја легнам хоризонтално плаче, се нервира. Не знам како да и помогнам. Ми поврати малку вчера и прозирен беше шлајмот измешан со млекце. Вака на плуќа не ми личи да има нешто. Секако пишав на педијатар ама ме интересира дали имате некој совет како да и помогнам
И јас плачев, душа ме заболе кога плачеше. Ама што се мора, мора се. Јас дадов одма сируп превентивно и лепенки менував на 3 сати на ноџињата. Температура мерев под пазува. Денес, вечер, и утре следи го. Ќе биде се во ред, јас така се потресував со првите дози, ама се си помина во најдобар ред.
За комарци јас ги зедов алките, не знам како се викаа од зегин се, нека каже некој ако знае. Задоволна сум, вака околу гледам комарци има многу ама блиско до нас нема. Ставив една на количка и една на креветчето
Јас пак ич не плачев, некогаш си мислам многу сум ладнокрвна со бебево, маж ми повеќе се потресува. Инаку јас му дадов одма сируп ама така ми рекоа тука ради вакцината за менингитис, за другиве препорачуваат по потреба, така да мери на 2-3 саата и ако стане над 37 дај му,ама и да не мериш ќе осетиш ако е топло верувај, моево вриеше. Мери под пазува, два дена е доволно.
Со првото до 2 години станував жива ненаспана, ова гледам од старт шо 4 саати сврзуваше а сега од 9 до 4 и пол спиеше, стана на кратко и пак заспа. Ми викаат да не ја будам оти напредува ама ај викам да прашам. @1209
Моето од пред да направи 2 месеци врзуваше 6-7 саати. Па стануваше да цица и продолжуваше да спие. Мислам до 4 месеци така спиеше. Супер напредуваше и педијатарот рече да не го будам.
Тт ќе мериш под пазуви, ама не се опседнувај. Ако ти е сомнително, измери. Ќерка ми од ниедна вакцина освен мрп нема качено тт. Може да биде повеќе поспано, немој да паничиш Денес, ноќеска и утре следи го повеќе. После тоа не би требало да качува. За плачењето, јас веќе не одам со маж на вакцини. Плаче ко тебе. И двајцата треба да ги тешам после
Од раѓање можеше комотно да си ја преспие ноќта ама морав да го будам за млеко. Од 2 месеци го оставам да спие зашто супер напредува. Поголемиот почна да преспива некаде после вториот роденден со неколку будења да си поплаче, а скроз целосно да ја преспие ноќта без ниедно будење од завчера морам да се пофалам 3 години е
Мојот заспива касно накај 12, и се буди накај 6 јаде и пак презаспива докај 9-10, ама затоа после цел ден нема спиење, макс пола саат му траат дремките, денски едвај успевам да завршам по нешто, јадам дури маж ми кога се враќа од работа оти он сака константно внимание.
Фала девојки на советите. Мерев два пати до сега тт, 36.7 е. Он си е добар вака, сме отспале двајцата три саати, стана цицаше еднаш, па за кратко пак си побара и сега пак заспа. Вака свеж е, се смешка. Малку кенкаше кога му ја сменив лепенката ама незначително. Инаку јас сум си плачка со тапија. Да ме видиш од страна изгледам ладнокрвно, ама емотивец голем сум. Маж ми вика кога ќе почне да трча и ќе паѓа и плаче изгледа ќе треба двајцата да ве смирувам.
Леле супер штом добро реагира, моево хорор беше цел ден, ама и многу беше жешко тука, а он качи 39тт па мака му беше, ајде да поминете и утре добро. А јас бев многу плачка, до пред да останам бремена, сега се чудам од каде ми е ладнокрвноста и во бременоста бев многу чил, хормоните чуда прават.
И тука е прежешко, ама внатре ни е 23-4 степени и нема како да го фати склет. Јас со оглед на историјата што ја имам на тема деца, добро се држам. Ама прееска не можев да се воздржам и рикнав. Сестрата ми објаснува јас како мало дете. Викам ве молам објаснете ма маж ми, мајката да се исплаче.
Дали ви се случило да кашла бебе во сон како да се дави со плунка? Така прави веќе два дена, кога е буден нема ништо, кога спие само кашла, затоа претпоставувам дека е плунка.
Да се случува некои денови, баш мислев да прашам педијатар следен пат, не знам дали е нешто сериозно, ама не би требало.
Бебо мој фати цуцла, алелуја, оти ќе беше крв веќе од брадавиците. Случајно во Еурофарм ја земав на Томи типи една, ко шишето што им е, таква форма, чудна е, ама ја цуца. Оно ко е за млеко ни цуцла ни свети цуцла помага, ама бар да не вика на пола саат, бар да додржиме на саатипол да цица. Брадавиците ми се како капини долги, само боја на презреана малина, крв да капне. Ми помага да се истуширам па да дадам да цица, ама не можам на саатипол да се туширам. Нека помине скоков ќе ја мавнам и цуцлава, нема да ја форсирам секако, само ептен ако не се трпи. Сега на роденден некако ја фати и заспа, чудо невидено, да заспие а да нема цицка во уста. Е сеа прашање, од бебе што ползи, што се врти, што се исправа да седи, сега е млитаво, не сака да ползи, не сака да седи, само ако го држам, на под да седи на меше, 5мин, освен ако ептен не му е интересно нешто, одма се превртува и си наоѓа играчка или лази назачки на грб, ко жаба скока. До скоков и учењето нови работи е или да паничам? За 1 недела ќе полни 6м, вежбаме каде каде повеќе сега, ама некако ми е шубе што не напредува туку стагнира и малку ко да оди назад. На име се врти, на звук, на закачки, одговара на провокации од брат му, ама ова лазењево и седењето ми матат ум.