Мајки вака, пред три дена бев итно пренесена на болница заедно со бебе, имав 40,1 темп цела изнемоштена, мислев дек од преуморна што бев пошо по цел ден сама со двете деца.. на резултатите излезе инфекција, не се разбирам ја од читање резултати реално, само ми беше кажамо испи го овај антибиотик пошо доиш, ќе ти е подобро и ме пуштија дома, после цела вечер со темп над 39 со никакво подобрување, ме примија на гинекологија кај што се породив, на ехо не се виде ништо дека е останато од плацентата, вагинален преглед видоја циста и кандида, ми зедоја крв и мокрача и ме пуштија пак дома со температури. Вечерта ми се јавија да ми кажат по телефон дека ја сум сериозно премногу болна.. да зеам еден антибиотик и толку. Праќам резултати во Мк по доктори шокирани како според резултативе јас седам дома и дека мора итна хоспитализација и ударна доза на антибиотици, без гледање дали дојам или не, по цена нормачно бебе да се одкаже од цицање. Се осеќам немоќно, бебе не фаќа шише, неќе шприц, за време на прегледите врескаше во ходник 1 саат, понудено му било се, џабе. Не знам како ќе биде, тука се понашаат ноншалантно. Од Мк ми спомнуваат да се види дали е сепса, е тука веќе мајка ми добива осип по цело тело, маж не знае кај тера.. иако прашањето е во случај да морам да ја одкажам од доење ако не деловет овие антибиотици оти јас три дена сум со високи температури и вртоглавици, кој е начинот бебе да почне било како да се храни.. јас напипав цел реферат за да си ја олеснам и душава.. имам грижа ма совест сега што упорно бев убедена дека сакам да дои и зарад тоа нема шише давање ама видете шо ме снајде.. колку гладно ќе седи, што ли ќе прифати.. ми се плачи ми се кубе коса.
Сега кога ќе си бегаме малце дома, ќе бидеме таму 3-4м може, количката има 3 дела, ќе патуваме со транспортер и се мислам кој дел да го пратам по камион, дали корпата или она седиште што е?Гледам велите го седнувате под 45 степени, значи после август кога ќе е скоро 5 ќе можам да го шетам во таа количка или? И друго нешто, може ли да пијам лоратадин додека дојам? Умрев деновиве одвај дишам, ми се врти дури од алергијава, скренав.
И од 4 месеци веќе можеш да го возиш во спортскиот дел, од 3+ збеснуваат легнати. Сакаат исправени да седат и да разгледуваат.
Бубуш жалам, мора да има некој проблем не може туку така да имаш 40тт, јас имав сепса на пораѓај со толку тт и ме задржаа во болница. Јас разбирам ноншалантни ама со жена скоро породена да бидат. лабави? Не разбирам! Да ги напињаш да те задржат таму ако не. А за бебчево не се секирај ќе прегладне ќе фати шише, да пробаш финта демек стави го во позиција доење и бутни го шишето, јас кога не сака да пие вака правам и го фаќа и после го исправам. @Skyler да веќе не сака да оди во корпата ама си викам ај ќе ја земам за сваки случај, сега во седиштето го шетаме, ама мислев на оној дел што е баш за седење, се става и под 45, на тоа мислиш спортско? Малце сум тупа со поимиве
Мене ми кажаа на 4ипол месеци да го седнувам под 45°. Малку пред 5ти месец е, почнав пред некој ден вака
И јас не знаев како се вика, тука научив Тој е да, не ми текнува колкаво ти беше бебето ама ако е веќе 3 месеци ич не ти треба корпата, вози го во транспортерот и после од 4 месеци тој третиот дел, спортскиот Претпоставувам и тој се спушта во лежечка положба, мојот е таков. Го возам на 45 степени и кога ќе заспие се спушта. @Bubish26 Поддршка и гушка мајка Инсистирај да лежиш таму, сигурно мора венски да примаш антибиотик, барај друга болница, доктор. За бебето многу ќе биде тешко ама прати некој од твоите во аптека нека земат различни типови на цуцли и од некоја ќе повлече. Не знам што да кажам стварно, многу ми е жал, крај краева фаќај авионот назад, блиски едни така направија кога во Германија не сакаа антибиотик да препишат за сериозна здравствена компликација. И пишувај ни како си
А не чешлате после мачкање? Оти џабе мачкате ако тоа не го чешлате. Големото имаше, малово не покажува засега, мачкав кокосово пред бањање и чешлав со чешел ама, не со четка, и после бањање со четка за да се поттикне циркулација. Со лесно мила! Жал ми е што проаѓам низ ова, се надевам брзо ќе се најде причината. Ако си сериозно болна мора сериозен пристап, односно лежење во болница. За бебе земи различни шишиња, од некое ќе прифати, Томи Типи види јас сега земав за бебе цуцла и ја прифати, фин облик има а и шишињата им се исти. Гушкам!
Фала ви женски на сите можеби таму претеруваат со антибиотици за све и свашта и кога не треба, но тука претеруваат со ноншалантност. чешламе ние со тоа чешлето од природно влакно, не паѓа ништо само се проширува, ете со Нина немав вакви.
Не бе какви природни влакна, чешлај со чешел со запчиња. Има едни малечки, со тупи запчиња, само така искача.
@Bubish26 поддршка мајка, што побрзо да се опоравиш. За малата не се секирај ќе изгладне и ќе мора да прифати шише. Знам дека срце те боли, но во моментот ништо не е поважно од тоа да оздравиш, на бебето му треба здрава мама.
Јас недела дена после пораѓај качив 39.4, четири дена ми викаа дека ништо не е од млекото ми било, на мое барање направив крвна слика, црпто ми беше 153, и одма правец Чаир, таму видоа дека ми е заостаната крв во матката, добив Панцеф и едни капки незнам како се викаа, од нареден ден почна да ми се спушта тт, за три дена на крвната слика црпто беше намалено на 20, течноста се намалуваше, ама секој втор ден бев на гинеколог,за 10 дена се исчистив, ако не се исчистев ќе требаше на киретажа, ти пишувам дека можеби е ист случај, може не е толку лошо штом те праќаат дома, како и да е со лесно нека ти е
Што правите кога ќе кренат температура бебињата после вакцина? Денес примаше, направи 6 месеци денес, претходните два пати немаше ништо реакција, сега ми качи 38.5 температура и поврати многу после тоа пиеше малку водичка и цицаше пак и заспа, па му мерев и покажува 36.5 со безконтактниот.. изгледа ќе си дежураме вечерва.. а колку ми го пофалија денес дека било прекрасно и паметно дете
Дадов ефералган ама најверојатно го поврати, ептен ме исплаши, он постојано си бљуцка ама ова беше баш млаз цел.. сега стана и цицаше, нема температура се надевам нема да качува
Матичната ми има кажано доколку поврати после пола саат од примање сируп за температура (а и општо за се важело ова правило) значи е влезено веќе во системот и ќе делува, доколку поврати веднаш да дадеме чепче.
Ако дознаеш ова за бабава, кажи ми плс. Јас прееска кога засвежи ги извадив само по боди надвор, утоп беа направени и она само трча да им ги пипка ноџињата да не им биле ладни. А бебиња склетџии ко мене, и боси се потат.
Женски ај совет... мали три дена нозете и рацете му се многу топли, телото не толку, главата ич. Мерев температура 36, значи нема. Од што може да му биде? Цело време е во боди на кимони и нема шанси да го покријам ни со тетра, се отскрива
Од што е жешко, нормално е. Они регулираат топлина преку раце и нозе, во зима им се ладни, во лето топли. Ништо не треба.