Незнам веќе што да дадам на бебе за грчеви ова е неиздржливо толку многу плаче незнам што да правам веќе.. Послем секој оброк почна да плачи Кај едвај заспива и грчевите ја дотепуват Некои капки да ми кажете а да не сме ги пробале некоја идеја за намалување стварно незнам што ќе правиме
Нам ни помогнаа Рекол и Бекутан комбинација, овде многу се жалеа од Бекутан, ама на нас ни помогнаа. И да не се прејадува, да не даваш многу млеко, и тоа знае да смета.
Доење плус дохрана Али АР пошто има рефлукс.. многу густа содржина има млекото што не дава да го поврати
А да пробаш да не даваш дохрана, нормално дека има грчеви, едното е мајчино, совршено за нивното желудниче, другото е густо, тие 2 не можат да се варат на исто место. Или пробај дохраната да ја даваш бар 1ч после цицање и следните 3ч да не даваш града.
Моето млекце веднаш го повраќа се случува и кога е на града додека цица да поврати и пак е гладна и пак и све во круг.. доаѓа работава како дојам а не внесува од него или мал дел внесува и затоа морав АР.. ќе пробам со овие капки Бекутан дадов во комбинација со колиев Али немаше фајде Сега давам колиеф во секое шишенце плус еспомисан 5пати на ден и биогаја еднаш по препорака од педијатар ми е и пак нема подобрување
Грчеви може да има од ад, нас кога ни го сменија преку ноќ престанаа. Може да е од нешто што ти јадеш кај мене од многу благо и млеко му правеше. За тоа што повраќа храни го подисправен и обавезно да лежи на 45 степени. Колиефот ги даваат превентивно за лактоза според мене мода кај нас правеше он гасови и зелена столица.
Да бидам искрена јас сум од оние генерации каде што си шетавме наоблечени со хулахопки/ѕиври, 2-3 блузи една на друга, на зима обавезно плетен елек и чорапи итн... Имунитет крш, бар за мене. До ден денес повеќе од времето јас сум со кашлање, кивање, настинки... Е сега за бебево гледам да не го облекувам премногу баш од таа причина што јас си имам маки. Да, се сомневам многу пати дека и е ладно и покрај тоа што нема причина. На зима е цела куќа топла, сега веќе дури и прежешко. Еве вечерва пробав да и облечам пижами на куси горе и долги долу, се изнаплачи се додека не ја слековме само по боди. Така веднаш заспа. Е сега јас сеуште сум со мисла дека ќе и е ладно ама оставам тие мисли да ми поминат. За бабите нема лек
Мајки, се спремаме да почнеме со вкусови, со мајка ми де објаснуваме прееска, ми вика ќе изблендираш компирче со вилушка и ќе ставиш малце млекце. Јас не планирам да му давам млекце купечко и не сакам, на ексклузивно доење сме, имам замрзнато млекце кога се молзев планирано за кашички, ама ко за беља пакувани ми се по 100мл, за оброк… сум требала да пакувам по 30мл/40мл…како да го искористам млекцето сега?
На почеток ќе мешаш со вода и кога ќе воведеш повеќе оброци тогаш ќе го искористиш. Млечни каши се даваат како вечера, ќе го мешаш со житарки, беби бисквити, има едни кутии на Хип, Холе тие се мешаат со млеко. Ќе го искористиш секако само не на почеток. @Miss_S Моево почна да спие на боди по кратки и надоле пижами, го покривам со чаршафче накај 1 саат. Ужива вака, исто и големиот еве го на гаќи, мене нозете мраз дека станувам по цела ноќ не можам да се стоплам.
си ги пробала колипрев во комбинација со Биогаја или рекол Бимбо? незнам до што е ќерка ми се изнаплака одгрчеви 5 ипол месеци,дома бебето ми е 3 недели како да немам бебе сега за сега ,дури и заборавам колипрев да му дадам пред подој
Одмолзи малку да ставиш во компирчето, со рака, не треба којзнае колку, неколку лажички. Ама можеш слободно и со водечката што се варело. Какво млеко кравјо на бебе, никако тоа.
Да пробав џабе.. оваа бебе плаче за све тешко заспива плаче се буди на 20мин пак за да презаспие неможе и пак плаче све во круг..
Бебе си цица раче денес цел ден, обично после цицање.. Скоро 7 недели сме.. Дали е гладно или е нормална фаза?
@Bubish26 со помин нека е, пиши ни како си да не те мислиме. За доењето не се секирај, како што кажаа кога ќе огладне, ќе види невиди ќе земе шише. Пробајте повеќе видови некое ќе и се погоди. Знам тешко е да гледаш како плаче, ама тежок период е за двете и ќе помине. Одмолзувај се ако можеш да одржуваш лактација, ако не никому ништо, не си ставај дополнителен притисок. За жал некогаш не ни излегува според замислите, дали е за пораѓај, дали после тоа се што следи, најбитно е дека има решенија. Да се биде мајка носи милион предизвици, ама на крајот на денот на децата им требаме и ние да сме здрави и живи.
Мислам дека за брзо ќе почне орална фаза, и кај мојот е исто, го гледам оваа недела почна да ги држи рацете во тупаници и да ги става накај устата. Исто е 7 недели.
со колипрев си пробалаа? кас давам тоа во комбинација со биогаја или рекол бимбоо и сега за сега е многу мирен
Мене инфакол ми сврши работа, ама деновите кога го давава ме му давав пробиотик, 3-4 дена имаше само и мирен е од тогаш.