Го имам на фри он и ок е. https://www.babycenter.mk/freeon-cador-za-sonce-44527-1047395.html Обичната мала првото и ова ја обожаваат.
На чико од аптека има и со течност што се лади, ја имаме и софи обичната, таа со вкус на ванила многу ефтино ми делуваше
Од глодалка Софи. Жирафата ја сака многу, коцките не е воодушевен ама ги игра. Се нервира не може да ги фати убаво.
Јас давам Инфакол + Биогаја, до сега добро тераме еве 7ма недела сме, има грчеви, стенка се грчи ама битно не плаче. Редовно кака ама дур прдне многу стенка, пикот ни е насабајле, од 5 до кај 8, се грчи и грофта како прасе ама не плаче. Пробај ги и инфакол, многу има задоволни мајки…
Мачкам масло, и почнав со чешлето, малку језиво ми е да не закачам некое лушпе шо уште не е зрело за излегување па да му напрам проблем… ама излегуваат суви, се чисти, се надевам за брзо ќе се исчисти… фала на советот
Јас го капам со пенатс од Мустела за теменица, и од симоќа почнав да го мачкам со масло за теменица на Фризидерм. Денес гледам се сушат и набабруваат за излегување, полеча со чешле ги фаќам, малку језиво ама морам да го исчистам главчето, што не им диши кожичето такс како што кажа @AngelOfArh Како си ти? Ти дадоја ли соодветен антибиотик? Со помин да ти е и брзо опоравување и без грижи се ќе биде во ред
Сака да спие на стомаче Али проблемов е додека заспие.. незнам што е проблемов и темна е собата и ладничка е мислам пријатна за спиење и бели звуци и све тоа и пресечена Али џабе едвај заспива девојкава моја и таман ке заспие за 20мин ќе стане па пак се успиваме па пак станала едино спие кога и јас лежам со неја.. се буди ќе види дека сум тука до неја залепена и ќе продолжи да спие така тепа 2-3часа.. Али не го гледам тоа како решение сами сме дома а имам уште еден батко тодлерче што и тоа душа ми вади и си има свои потреби и барања
И кај мене се будеше штом се тргнам ама почнав до него да ја оставам таа лепенката што ја носам за млеко кога ми тече и да ти кажам помага му мириса на мене.
Момичките се козички да знаеш го поминав тоа со ќерка ми само плачеше и во раце и цело време ја викав Ќерка -лута пиперка еве ја тодлер повеќе сум по нејзе ако не и обрнам веднаш внимание плачее ќе помине се слатки маки се овие ќе оздржиме уште 3 години потпа ќе биде полесно
Здраво мами. Бебе за разлика од други денови се разбуди порано еден час, во 6:00. До сега 3 пати се успиваме, додека цица заспива мислиш топ не го буди. Штом искочам од соба еве го плаче или гуга. За кратко време се корне од плачење пак од што му се спие. И така се вртиме во круг. Не дека ни се регулирани денските спиења, нема ред, некогаш спие по 5 часа, некогаш има кратки дремки но не е вака нерасположен. Денот сега почнува а јас сум веќе изморена. Се прашувам дали грешам негде?? 3 ипол месеци сме скоро, не ли треба да има бар 2 пати на ден малку подолги дремки? Да не е почнат и 4 скок се мислам но апликацијата ми покажува дека има уште 3 дена. Знам дека е нормално сето ова но имам потреба очигледно да слушнам дека е нормално, или не е нормално волку да е кенкав еве не знам
Јас го бањав со пената мустела и го мачкав со кремата uriage за теменици. После неколку миења се намалија значително, а за брзо ги снема скроз и не се повторија. Ама морам да спомнам дека син ми имаше значително помалку од ова на сликата Спојлер